Кетеринг услуги

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
39
Како во светот, така и кај нас последниве години доста актуелни се кетеринг услугите кои ги нудат повеќето угостителски објекти. Најчесто достава на храна - кетеринг се бара при дочек на гости во домот (свадбена прослава, слава, роденден..) , прослави во фирми или за приеми, коктели, концерти.
Кетерингот е еден вид мобилен угостителски објект. Тој може да биде со достава на пијалок или без, во зависност од побарувачот на услугата.
Убаво декорирана храна која прво "окото ја јаде" , е знак за успешен и квалитетен кетеринг сервис.
orao-11.jpg


untitled46.jpg


restoran_kej_ketering_2.jpg

Цената на кетеринг услугите обично се формира по бројот на гости и побарувања (келнер, поставување на маси и столици, комплетен прибор за јадење и пиење).

Кое е вашето мислење за кетеринг услугите? Дали би/сте ангажирале кетеринг за некоја прослава?
 
Кога би организирала некоја прослава и би имала вишок пари - зошто да не, нека му мислат други, а во случај да ми е битно секое денарче ќе отворам на гугл неколку сликички и ќе се обидам самата, не е некоја којзнае колку голема мака а и плус убаво изгледа, ај лајк ит.
 
Ова е многу интересно, имам направено нешто и сама но за малку луѓе и со неколку видови намирници.
А кога би правела некоја забава и би имала можност да си дозволам зошто да не.
 
Јас малку оф топик, абе што се тоа триаголниците на последната слика? Лиснато некакво? :icon_eek:

Инаку Хич лајк дис! Јас сакам да готвам, ама не сакам да сервирам и не сакам да редам маси. (чистењето отпосле не сакам ниту да го спомнам!) Значи со еден збор кетерингов е вистинската работа за мене. Ќе си платиш и друг нека му ја мисли за храна и за чист прибор, јас само ќе си уживам. :)

SushiCatering%20(6).jpg
 
Вчера отворив тема за кетеринг но Acid ми ја префрли во канта затоа што сум мислела дека кетерингот е декорација.
Епа погледнете ги сликите и кажете дека не е декорација на храна.

Да се вратам на темата.
Немам досега користено кетеринг услуги.
Би користела во некоја наредна прилика можеби.
Инаку имам јас спремано кетеринг за по дома, за друштво. Им се допадна но се разбира не беше толку вешто спремено како од ресотран што би било =)
 
Кое е вашето мислење за кетеринг услугите? Дали би/сте ангажирале кетеринг за некоја прослава?

Сум бил на две свечености кои биле покриени со кетеринг услуги и можам да кажам дека и двете беа одлични. Едната беше по повод вселување во куќа, а другата беше по повод свадба, т.е. доведување на невестата во домот на младоженецот па тој дел (адет) беше покриен со кетеринг услуга. Првата кетеринг услуга беше од Континентал, додека другата незнам од каде беше. Од моето скромно искуство ми се виде многу професионално направено и подготвено и ниту во еден момент не се почуствува некаков недостаток од храна или пијалок, а аранжираноста и богатиот избор на специјалитети беше одличен и многу декоративно поставен. Во првиот случај беше вклучена и келнерска услуга која постојано шеташе меѓу гостите и ги послужуваше. Додека кај втората имаше услуга која само ги дополнуваше шведските маси со специјалитетите. Се на се доколку би ми дозволил џебот некогаш, би побарал таква услуга ако имам потреба за некаква прослава.
 
Уште еден тренд што не е во склад со нашето живеење( како појавата на игротеките), а го прибираме од курч. Ова по бели свет е нужност, пошто жените се зафатени и немаат време за праеење сарми и руски салати......овде кај нас само не знаат да готват.
 
Не сум толку по помодарството, а и сакам да готвам. Уживам кога подготвувам и декорирам храна, која изгледа примамливо за око и вкусно за јадење.
Така да кетерингот добро би ми дошол единствено кога би била зафатена 24/7 па стварно да не можам да одвојам 2-3 часа за подготовка на некоја салата/ролат и се тоа убаво да издекорирам.
 
Очајно барам и разгледувам по сите понуди низ Скопје бидејќи наскоро правам свадба па бидејќи знам дека и тука има доста народ, сакам да прашам за некој совет во врска со тоа кај да барам добар кетеринг и колку се движат цените? Фала многу Кајганџии, па да ми играте на свадба :)
 
Очајно барам и разгледувам по сите понуди низ Скопје бидејќи наскоро правам свадба па бидејќи знам дека и тука има доста народ, сакам да прашам за некој совет во врска со тоа кај да барам добар кетеринг и колку се движат цените? Фала многу Кајганџии, па да ми играте на свадба :)

Јас можам да го предложам ова
http://www.restorankej.com.mk/foto-terasa.htm
 
Фала ви на сите одлични понуди... Не сум знаела дека има волку избор по Скопјево добар, ах ќе биде тешко да се одлучи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom