С
сашенко
Гостин
ЈУВЕНТУС vs ИНТЕР
[FONT="]
Derby d' Italia
[/FONT]
ТОРИНО, 13 ФЕВРУАРИ 2010 ГОДИНА, STADIO OLIMPICO DI TORINO(капацитет 27.500)
И еве по втор пат сезонава големото Derby d' Italia.Натпревар помеѓу два гиганта во светот на фудбалот.Овој пат домаќин на дербито ке биде тимот на Јувентус.Натпреварот ке се одигра во Недела на 13-февруари 2010 година со почеток од 20-45 часот на олимпискиот стадион во Торино кој има капацитет од 27.500 гледачи.
Како и секој меч помеѓу овие два гиганта на италијанскиот фудбал и овој меч се очекува да биде доста интересен и неизвесен.Првиот дуел оваа година помеѓу Интер и Јувентус заврши нерешено но оттогаш многу работи се сменија.Интер го отпушти Бенитез и работите почнаа да се одвиваат одлично за нив откако Леонардо го превзеде тренерското столче тие веднаш се вратија на победничките патеки и влегоа во борба за скудетото.Јувентус по одлично одиграниот прв дел од сезоната разочараа на стартот со неколку порази по ред и со тоа се оддалечија од водечките екипи во лигата и паднаа на 8мата позиција.Но ова е големо дерби, голем меч позицијата на тимовите на лигата овде не значи толку многу бидејки мотивите за победа се големи и кај двата тима.Јувентус ке се обиде да ја искористи предноста што игра пред своја публика но сепак ова е дерби натревар, ке биде доста тешко и публиката нема да биде пресуден фактор сигурно.
Посебно внимание на ова дерби ке привлечат новите засилување на интер и јувентус за кои ова ке биде прв настап во големото дерби на италија.Јувентус зимниот трансфер период се засили со Барзаљи кој дојде од редовите на Волфсбург и Алесандро Матри кој дојде од тимот на Каљари.Интер овој трансфер период го засили нападот со Пацини кој дојде од Сампдорија, Раноча од тимот на Џенова и јапонецот Нагатомо.
Последни 5 меѓусебни дуели
04/10/2010 интер 0-0 јувентус
17/04/2010 интер 2-0 јувентус
29/01/2010 интер 2-1 јувентус
06/12/2009 јувентус 2-1 интер
19/04/2009 јувентус 1-1 интер
Најдобри стрелци
Интер:
Ето-15 погодоци во серија а
Пацини -9 погодоци во серија А (6 во дресот на сампдорија)
Јувентус
Матри-13 погодоци во серија А (11 во дресот на Каљари)
Кваљарела-9 погодоци во серија А (повреден до крајот на сезоната)


