Храната како лек (извори на витамини и нивна употреба)

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
Авокадо



Информации за хранливоста

Одличен извор на витамините А,Ц и Е, калиум и добар извор на целулоза и железо.

Најдобра сезона

Есен, зима.

Како да го изберете

Изберете ги оние кои се меки на допир. Бојата треба да биде во една иста нијанса и без никакви недостатоци или пак испакнувања.

Најдобра употреба

Чувајте го на собна температура. Ќе созрее за неколку дена. Кога е готов за употреба, исечете го во должина околу големото задлабочување во средината. Нежно поделете го на две половини. Истријте ја расечената половина со лимон за да не се изгуби бојата. Употребете лажица за да ја извадите сочната содржина. Авокадото не се готви. Се служи како салата со маслиново масло, сок од лимон, сол и бибер. Можете и да го промешате со сос од домати и ќе добиете брзо подготвен домашен коктел.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
Марула



ИНФОРМАЦИИ ЗА ХРАНЛИВОСТА


Темно зелената марула е добар извор на витамините А и Ц.



Најдобра сезона


Есен, зима



Како да ја изберете


Одберете ја најсвежо зелената со цврсти листови, без кафеави точки на листовите или на стеблото.



Лесна за чување и подготовка


Доколку сакате да ја чувате, отстранете ги сите листови кои почнале да добиваат кафеава боја. Доколку ја чувате неизмиена ов фрижидер, ќе остане свежа 3 до 4 дена. Одделете ги листовите со рака и ставете ги во сад со ладна вода. Потоа истресете ги листовите и тргнете ги од водата, оставајќи ја нечистотијата во садот. Постапката повторете ја сé додека не ви остане чиста вода во садот. Почекајте да се исушат листовите.



Најдобра употреба


Разни видови на марула измешани со секакви салати, или пак салата само од марули. Листовите марула полијте ги со обичен оцет, кој ќе го задржи нивниот природен вкус.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
Домати



Информации за нивната хранливост


Одличен извор на витамините А и Ц. Добар извор на калиум.



Најдобра сезона


Лето.


Како да го изберете


Треба да биде сочен и тежок за неговата големина. Бојата треба да биде во една иста нијанса и без недостатоци. Бојата и големината можат да бидат најразлични.



Најдобра употреба


Доколку ги чувате на собна температура ќе останат свежи неколку дена. Избегнувајте да ги чувате во фрижидер, го спречува процесот на зреење. Измијте го и отстранете ги дршките. Зрелите домати најдобро е да ги конзумирате свежи. Римските домати се најдобри за сос. Можете д аги зачините со босилек, маслиново масло, сол и бибер.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]Колку се корисни бадемите?

[/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]
[/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][/FONT][/FONT]​
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]Бадемите се богати со маснотии (во 30 грама бадеми има 13 грама масти), но препорачливо е да се конзумираат во помали количини бидејќи се многу корисни за срцето. Едно испитување покажало дека луѓето кои конзумираат бадеми, ореви и кикирики најмалку 6 пати неделно просечно живеат седум години подолго од останатите, и кај нив се забележани помал број проблеми со срцето. Тие содржат изобилство од мононезаситени масни киселини кои го намалуваат холестеролот и на тој начин превентивно влијаат од кардиоваскуларните болести. Богати се и со витамин Е кој, исто така, е корисен за срцето.

Бадемите се одличен извор на калциум- 30 грама бадеми обезбедува околу 10 % од дневните потреби за овој минерал.



ЗА ШТО СЕ КОРИСНИ БАДЕМИТЕ?

- Мононезаситените масни киселини го одржуваат нивото на холестеролот под контрола.

- Витаминот Е, кој е моќен антиоксидант, помага во спречувањето на акумулирање наслаги во артериите, кои можат да се затнат и да предизвикаат срцев удар.

- Калциумот придонесува за цврстината на коските, а помага и во регулирање на работата на срцето и нормализирање на крвниот притисок.
[/FONT][/FONT]
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
Краставица



Информации за хранливоста


Големото количество на вода ја потпомага хидратацијата.



Најдобра сезона


Лето



Како да ја изберете


Тенките краставици се помлади и имаат потенка лушпа. Лушпата треба да биде темно зелена. Избегнувајте краставици кои се со непривлечен изглед и имаат жолта боја. Краставиците треба да бидат тврди.



Лесно чување и подготовка


Ќе остане свежа пет дена доколку ја чувате во фрижидер. Измијте и излупете ја.



Најдобра примена


Најдобро е да ја конзумирате свежа во салата, во сендвичи, чорби и макала. Може да ја комбинирате со ситен лук, копар, нане, црвен кромид, сол и оцет.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
Цвекло



Цвеклото се употребува против тумор и леукемија, низок притисок, грип, ја подобрува работата на нервите и мозокот, чисти и ствара крв, ја подобрува работата на жолчкат, џигерот, штити од радиоактивност и зрачење.

Се користи целото растение, се употребува преку целата година, богато е со витамини и минерали, лесно сварливо, може да се зема без ограничување и опасност од штетни последици. Покрај исклучителното богатвсто со белковини, масти и јагленхидрати цвеклото ги содржи скоро сите минерални состојки:
калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуир, манган, бакар, јод, бром...
Значајно е и присуството на витаминот
B1,B2,C како и витаминот B12.

Исклучително се здраствените ефекти на цвеклото во случај на деминерализација на коските и забите: присуството на јод го чини цвеклото драгоцено во борбара против артериосклероза и успорување на стареењето.

Цвеклото може да го конзумирате преку разни сокови, чорби и салати.



 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
Праска



Праската најчесто се користи против цревни заболувања, рак, треска, маларија, за смирување на живците, јакнење на белите дробови..
Цветот на праската се бере во март, април и мај а плодовите од почетокот на јуни до септември.
Во плодот на праската има шеќер, каротин, овошни киселини и витамините A, B, C како и железо.
Праската се користи во исхраната. индустријата и во медицината. Познати се лековитите состојки на соковите, сирупите и чаевите од праска.
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]




[/FONT]
[/FONT][/FONT]
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
СПАНАЌ



Информации за неговата хранливост
Одличен извор на витамин А. Добар снабдувач со витамин Ц и фолна киселина.

Како да го изберете
Листовите треба да бидат цврсти, свежи и во темно зелена боја. Не треба да има оштетени или овенати листови, или пак листови со инсекти.

Начин на подготовка
Спанаќот ќе остане свеж 1 до 2 дена доколку го чувате во фрижидер. Отстранете ги рачките, измијте го во неколку води за да се отстрани земјата. Употребувајте го свеж или приготвен.

Најдобра употреба
Ставете мали свежи листови од спанаќ во салата со печурки, црвен кромид и сварени и исецкани јајца.
Најдобро е да го конзумирате испржен без употреба на зејтин.
Во текот на неговата сезона може да го конзумирате како салата со младо кромитче, миризливо оревче, сол и пипер.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
Брокула

Информации
Одличен извор на витамин Ц и добар извор на фолни киселини и целулоза.



Најдобра сезона
Есен, зима.

Како да го изберете
Бирајте цврсти стебла со глава во модро-зелена боја. Цветовите треба да бидат затворени без никакви жолти обојувања.

Најдобра употреба
Користете ја свежа како салата или без никаков додаток. За приготвување, се вари во солена вода од 8 до 12 минути. Можете да ја комбинирате со сок од лимон, сирење, магданос или пак со миродија.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
БОСИЛЕК



Растителна билка со генерално сладок вкус и мирис. Постојат многу видови на босилек и сите имаат различен вкус вклучувајќи ги пурпурниот босилек, босилекот со извиткани листови и лимонскиот босилек. Исушениот босилек нема ист вкус како и свежиот, но сепак доминира вкусот на нане.


Како да го препознаете
Свежи листови, исушени или пак смелени.


Најдобра употреба
Им дава извонреден вкус на национлите медитерански јадења, како на пример доматните и сосовите за тестенини, потоа во супите и салатите, а исто така одличен е и со пилешко месо или риба.
Можете да го одгледувате и во домашни услови.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
КАРФИОЛ



Информации за хранливоста

Одличен извор на витамин Ц како и добар извор на фолни киселини и целулоза.

Како да го изберете


Изберете цврста бела или во крем боја глава со густи цветови, светло зелени листови и без кафеави дамки.


Најдобра сезона
Есен, зима


Лесно конзервирање и подготовка

Ќе остане свеж околу недела дена во фрижидер. Пред да го зготвите, отстранете ги листовите и срцевината, и одвојте ги цветовите на посебни делови.


Најдобра употреба
Сварете го во солена вода 6-10 минути. Се служи топол со сирење, трошки од леб, ким, пиперка или першун, можете да го конзумирате и свеж како салата.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
РОТКВИЦИ



Информации за хранливоста
Одличен извор на витамин Ц.


Најдобра сезона
Зима.


Како да ги одберете
Барајте цврсти, со мазна површина и без испакнатини. Ротквиците можат да бидат округли или издолжени. Зелените листови не треба да имаат никакви знаци на обезбојување.


Лесна конзерваицја и подготовка
Остануваат во добра состојба доколку се во фрижидер, иако горниот дел може да се користи само во првите два дена. Пред употреба добро исчистете ги и отстранете им ги краевите.


Најдобра употреба
Користете ги во салати или како гарнир. И зелените врвови исто така можете да ги употребите во приготвувањето на салатите.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
Грозје



За чистење и јакнење на крвта, за подмладување на организмот, против болка во простата, против кожните болест и паѓање на косата, за исфрлање на камен од жолчката..
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]За јадење во свежа состојба воглавно се користи трпезно грозје, се користи и во сушна состојба, а најмногу се користи во индустријата на вина и производството на различни напитоци.
Грозјето е познато и како лековито средство.
Грозјето делува освежувачки на организмот.
Дијабетичарите мораат да го конзумираат умрено поради присуството на шеќер.
[/FONT][/FONT]
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]Две јаболка на ден



Јаболкатa и останатите продукти богати со растворливи влакна, попознати како пектин, многу помагаат во намалувањето на холестеролот. Француските истражувачи набљудувале група средовечни здрави мажи и жени во чија вообичаена исхрана додавале две до три јаболки дневно во текот на еден месец. Резултатите биле дека ЛДЛ холестеролот се намалил кај 80 % на пациентите, а кај половина од нив повеќе од 10%. Исто така, дошло до зголемување на корисниот ХДЛ холестерол. Интересно е дека јаболките покажале подобар ефект кај жените, кај една од нив холестреолот се намалил дури за 30 отсто.

Научниците ја испитувале масата богата со растителни влакна која останува по правењето сок од јаболки. Од оваа маса направиле колачи кои им биле давани три пати дневно на мажи со зголемен холестерол. Кај 26 мажи со многу висок холестерол кои јаделе по три вакви колачи дневно, наместо обични колачи кои им ги давале на контролната група, холестеролот се намалил за просечно 7 отсто. Секој колач содржел 15 грама влакна, количина која ја содржат 4 до 5 јаболки. Повеќето стручњаци сметаат дека пектинот е многу важна супстанца во процесот на намалување на холестеролот, иако и останатите состојки на јаболките имаат удел во тоа.
[/FONT][/FONT]
 

Kajgana Shop

На врв Bottom