- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.593
Режимот на Мубарак е многу јак, исто така и војската која што го има главниот збор во државата.
Моментално војската полека но сигурно сака да ги растера демонстрантите.
Војската и полицијата во Египет традиционално се мрзат и се конкуренција едни на други, сходно под маската на промени се води борба кој ќе има доминантна улога во општеството.
Самото обезбедување на Мубарак е “ремек дело’’, создадено по убиството на Анвар ел Садат. Имам искуство со нив, ќе погинев за малку бидејќи сакав да го сликам Мубарак, а не знаев дека забраниле употртеба на блиц од апарат и истиот го третираат како запис од огнено оружје.
Америка го поддржува Мубарак и тоа силно: со пари, оружје и пропаганда, но затоа пак Турција е против режимот на Мубарак.
Египет е британска креација, нешто како Бугарија од страна на Русите, за да го држи едно од најважните стратешки места на земјава.
Народот е неорганизиран и протестов многу лесно може да биде изманипулиран/превземен од Муслиманското Братство и сестринските рганизации. Не е шпекулација да се каже дека дека добар дел од народните маси има екстремни исламистички погледи.
Останатите, кои не се дел од елитата, се оставени на милост и немилост -- впрочем како што нормалните се оставени само на себе насекаде.
Самиот Мубарак вели ќе си замине во септември, демонстрантите бараат да замине сега. Може да има спорадично тепање во наредниве денови ако има манипулација со масите или ако навистина му пукне на народот. Не очекувам да падне Мубарак односно неговиот режим.
Па да видиме...