Има ли некој слушано организациско однесување да каже нешто за предметот
Организациско однесување заедно со Финансиски пазари и институции и Основи на економијата досега ми биле најинтересните предмети кои ги имам учено/присуствувано на предавања.
Предметот го предава Љубомир Дракулевски, асистент е Стојан Дебарлиев. Предавањата се интересни, опуштени, професорот охрабрува и поттикнува комуникација со студенти, одвреме-навреме прикажува некои клипови/презентации, раскажува негови лични случки/видувања и размислувања на одредени ситуации и сл. Ептен кул човек.
Материјалот не е обемен, воглавно се состои од набројуванки, но не се ни приближно многу како кај менаџмент. Се полагаше и минатата година на 2 колоквиуми, додека беше стариот систем со 3 колоквиуми, на прв колоквиум кога дојде професорот на полагање самиот рече дека во тестовите нема замки, игри на зборови и запирки, синонимите се земат за точни и се признават. На заокружување се тестовите, лани беа 20 прашања по 5 поени носеше секое, и оние со точно/неточно и оние со повеќекратен избор. Границата беше 51 поен, т.е. 11 точни прашања беа потребни за положување, иако пред колоквиум велеше дека границата ќе биде 65/100.
Предавањата не се задолжителни, но стварно е грешно да не присуствувате на истите. Одвреме навреме пушта список, плус дава шанса за додатни бодови на студенти да презентираат некоја од наредните лекции.
Става високи оценки, јас минатата година на двата колоквиуми имав 65 и 85 бодови од можни 100, со редовно присуство, без презентации и додатни бодови од активности/дискусии и ми пиша 9ка.
Green light од мене за овој предмет, го препорачувам!