C# Книга/CD на македонски јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата Hackeristika
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 јануари 2010
Мислења
346
Поени од реакции
146
Како што гледам повеќето луѓе изразуваат желба за учење на програмскиот јазик C# па затоа решив (ако има заинтересирани) да ја објавам мојата книга/CD која e ЗБИР на сите мои познавања за јазикот. Книгата несомнено ја "работам" во моето слободно време.
Во план ми е книгата да ја претставам во 4 units (до сега ги имам завршено само 2) во кои на прост начин, но многу детално ќе бидат објаснети ОСНОВНИТЕ делови на програмирањето во C#. Па подоцна ако ја имам вашата подршка ќе продолжам со издавање и на други книги со ПОКОМПЛИЦИРАНИТЕ делови на C# јазикот (За издавање на други книги ќе ми биде потребно повеќе време земајќи го фактот дека имам само 16 години...)


Ви благодарам за подршката и очекувам ваши мислења.

Поздрав,
Виктор
 
Скокни па речи „Оооооп“ ;) Заврши ја книгата па сподели ја со нас, па ако е добра ќе се спружиме и некој денар да ја имаме :)
 
Првата книга ќе биде набрзо завршена....
Во неа ќе бидат објаснети ОСНОВНИТЕ делови од C# јазикот:
Прва лекција: Пишување во конзола
Лекција два: Употреба на променливи и читање од конзолата[FONT=&quot]
[/FONT]Лекција три: INT и Двојни променливи

и така натаму и така натаму...


@|Volkswagen| Се разбира дека прво ќе скокнам па ќе кажам "Oooп" :) . Само сакам да видам дали ќе имам подршка од ваша страна...


--- надополнето ---

@hebocig Да...
 
Издади ја книгава, мене ми звучи како одлична идеја, и плус тоа и ја би сакала да научам нешто од програмирање ама тешко да почнам :vozbud:
 
А што на пример ќе имаш во книгата? Делегати, интерфејси, класи, објекти, конструктори, методи, својства, настани, оператори, циклуси, наследување, полиморфизам, низи, апстрактни класи?
 
Убав потег, само напред. Сигурен сум на многу ќе им се најде потребна таква книга.
 
Како што веќе реков еве еден мал дел од 1 unit
Download

P.S. Во план ми е насловната на 1 издание да биде во овој стил:
Прегледај го приврзокот 39747

немам време да ја симнам пошо одам на полагање.. али ке ја расчепкам штом ке можам

П.С ако толку сакате на македонски книги од факултет можам да земам одредени предавања како и примери решени задачи вежби и слично - се на македонски... материјалот е опширен т.е можам да најдам за c++ java интернет програмирање бази во SQL 2000 и 2005 оперативни системи мрежи архитектура на мрежи архитектура и дизајн на системски софтвери делфи и друго.
 
Како што веќе реков еве еден мал дел од 1 unit
Download

P.S. Во план ми е насловната на 1 издание да биде во овој стил:
12.JPG
 
Да не знае некој од каде да ја најдам оваа книга да ја купам C# Моќ на објектното програмирање & Web програмирање од Славко Горчески.
Како што веќе реков еве еден мал дел од 1 unit
Download

P.S. Во план ми е насловната на 1 издание да биде во овој стил:
Прегледај го приврзокот 39748
Ајде чекаме и второ издание 2
 
Втората лекција од книгата можете да ја симнете тука:
Download
Очекувам ваши мислења...
 
Супер се и двете лекции, Хакеристика. Ќе почнам да ги учам сеа. Фала.
 
Како што веќе реков еве еден мал дел од 1 unit
Download

P.S. Во план ми е насловната на 1 издание да биде во овој стил:
Прегледај го приврзокот 39748

Втората лекција од книгата можете да ја симнете тука:
Download
Очекувам ваши мислења...

OK, супер обид, знам дека имаш ептееееен голема желба ова да го направиш и ти посакувам истрајност и да го завршиш проектов до крај.

Сепак ќе ти кажам дека не си тргнал по најсоодветниот пат. Јас еве го читав текстот од првиот дел и се трудев да го прочитам како почетник. Тоа што го видов беше обичен збир од текстуални наредби итн. Ќе речеш „понатаму детално е објаснето“. Сепак ако тебе ти е цел почетници да го учат ова сигурно дека ќе треба да дадеш соодветен вовед во твојата книга.

Еве некој малку подобар туторијал! од твојот http://www.csharp-station.com/Tutorials/Lesson01.aspx

Ти правиш ТУТОРИЈАЛ...не е ова книга ;) ОК?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom