Дарување крв (форумџии хуманитарци)

Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Локација
Скопје
Вака сега, сакам да донирам крв но несакам тоа да го сторам во градот каде живеам сакам во Скопје но несакам самиот да одам, затоа барам член на форумов кој ќе ми прави друштво додека трае дарувањето пожелно би било истомисленик кој би се прикличил во дарувањето.

Знам дека има добри луѓе на форумов кои сакаат да помагаат, зошто да не биде и на ваков начин?

Ја отварам за сите да можат да се договораат.
Секој што сака нека пише тука :

- Каде сака да донира крв ( во кој град )
- Кога сака да донира ( датум )


Така секој заинтересиран може да му одговори и заедно да одат.
Ем ќе се дружиме ем заедно ќе пуштиме крв :)


Јас сакам за во Скопје некаде после 1ви Фебруари сега сум зафатен со испитите. Има некој заинтересиран?

Ајде да покажеме дека сме хумани, освен што може да спасиме нечиј живот туку и нашето тело се прочистува т.е нашата крв ќе се обнови.

Очекувам дека ќе има баеѓи заинтересирани :smir:

Темава е само за договарање за заедничко донирање крв, се друго ќе биде сметано како офтопик.
 
Еве јас се пријавувам, за во Скопје, 10.02.2010 :)
 
Јас во Велес, а не би било лошо и во Скопје. Одамна се токмам да отидам, али се нешто ми испаѓа и немам време.
Година ипол помина како последен пат дадов, сакам малце да си ја обновам крвта. :)
 
Јас во Велес, а не би било лошо и во Скопје. Одамна се токмам да отидам, али се нешто ми испаѓа и немам време.
Година ипол помина како последен пат дадов, сакам малце да си ја обновам крвта. :)

Можеш тоа да го направиш колешке заедно со нас!
 
Не би било лошо... :)
Подоцна следи договор :)
 
Е од коа кенкам да даруваме пак како тогашната акција... Јас радо би ти правела друштво ако даруваш во Скопје секако.
 
И ја би да дарувам крв..нема врска каде..Велес(по можност) Скопје....само пошо иам 16ипол со потврда од родители ќе може ли да го сторам тоа?
 
И ја би да дарувам крв..нема врска каде..Велес(по можност) Скопје....само пошо иам 16ипол со потврда од родители ќе може ли да го сторам тоа?

Не е препорачливо, минимум 17 треба да имаш, можно е да те вратат и со дозвола од родители, зависи. Ако си мало, слабичко - нема да те пуштат лекарите таму.
 
Не е препорачливо, минимум 17 треба да имаш, можно е да те вратат и со дозвола од родители, зависи. Ако си мало, слабичко - нема да те пуштат лекарите таму.

Не сум ни слабо ни мало...1.78 висина и 74 килца сум тешко..сакам да дарувам крв од проста причина шо ми е ногу јака....да се прочистам малце
 
Ех коа идевме јас, Magde., Toneh, Зајче и Вештица - кај бевте вие? :)

Важи, јас сум секогаш ИН за дарување крв.
 
јас до сега имам дарувано 8 пати.Сега ја видов темава и многу сум радосен поради тоа.Се приклучувам и јас.Деновиве сум на одмор и баш планирав да дарувам крв.Сакам да им порачам на оние кои што сакаат но имаат страв дека ништо не е страшно доколку дадат.Планирав да одам во четврток но доколку има доаѓа некој утре можам и утре да дојдам.Инаку за оние кои сакаат да даруваат крв препорачливо е да ја знат својата крвна група.Доколку не ја знаат многу време се губи,а и јасно е дека истиот ден не ќе можете да дарувате.За крај пак ќе кажам.Ако оди некој до петок јас сум за одење.Инаку сум група А позитивна
 
Ако треба на некого АБ+ тука сум, во секое време би дарувал крв инаку сум редовен дарител веке 2 години .
 
јас до сега имам дарувано 8 пати.Сега ја видов темава и многу сум радосен поради тоа.Се приклучувам и јас.Деновиве сум на одмор и баш планирав да дарувам крв.Сакам да им порачам на оние кои што сакаат но имаат страв дека ништо не е страшно доколку дадат.Планирав да одам во четврток но доколку има доаѓа некој утре можам и утре да дојдам.Инаку за оние кои сакаат да даруваат крв препорачливо е да ја знат својата крвна група.Доколку не ја знаат многу време се губи,а и јасно е дека истиот ден не ќе можете да дарувате.За крај пак ќе кажам.Ако оди некој до петок јас сум за одење.Инаку сум група А позитивна

Јас мислев сум B+ и кога давав првиот пат крв ми проверија и излезе дека сум била А+.
Што значи не мора да знае која крвна група е, тоа може и во истиот момент да се провери, само треба да се биде јаден и да ти биде нормален притисокот оти нема да ти дозволат да даваш иначе. Зашто може да им паднеш у несвест таму :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom