Ја сум за ова правило пошто тоа што се дешава во последните години во фудбалот не е поќе нормално.
Прво нема фер плеј пошто клубовите немаат исти правила со кој можат да работат. Не дека треба сите клубови да бидат исти но поред мене перверзно е што има клубови кој фрлаат со пари како Реал или Сити и со тоа цените за играч стигнаа дури до 100м Евра. Никој играч не вредит толку, и плус воопшто цените и платите на играчите со тоа се дигаат во небо и помалите тимови немаат никаква шанса да парираат. Пак викам, не дека треба да бидат сите исти но да има фер услови за сите. После тоа страшна е задолженоста на многу клубови посебно во Англија и Шпанија. Италија исто има проблеми но ги намали само Германија има солидни финансии, и тоа поради релативно строгиот систем за добивајне лиценци, ќе дообјаснам:
Англиската лига е најзадолжена што не е и проблем ако можат да се справат со долговите. Но мали тимој како Портсмут се добар пример дека клуб мојт да колабират и постој опасност за големи клубови како Ливерпул да пропадне комплет ако си заминат сопствениците и го остават клубот сам со својте долгови. Истото важи за Челзи, Сити и други големи тимови.
Во Шпанија не знам некој клубови како работат, реално пола лига е пред банкрот, добар пример е Маљорка мислам, на која и беше забрането да игра во ЛЕ поради лошите финансии. Проблемот во Шпанија е дека градовите моментално не ги бараат даноците од клубовите, чиј износ е околу 600м Евра вкупно. Ако се деси Шпанија да побара помош од ЕУ поради финансиската криза, тогаш реално е ЕУ да им даде услов да си ги наплатат останатите долгови од клубовите што значи дека најмалку 6 тима одма би биле банкрот. Лигата во Шпанија не е само Реал и Барса, и тие сами не ќе можат да играат без другите. Има и други тимови како Валенсија кој имаат над 500м Евра долгови. Постој опасност за цела лига.
Италија пред некоја година исто така имаше големи проблеми кој се намалија, но реално помалите тимови пак имаат проблеми. Тоа се гледа посебно во исплатата на платите кој доцнат често па и со месеци. Се виде пак годинава и едвај не дојде до штрајк на фудбалерите. И за Италија важи дека лигата не се само Милан, Интер, Јуве и Рома туку дека има и други помали клубови.
Во Германија ситуацијата е далеку подобра од Англија, Шпанија и Италија но има и тука проблеми. Има построги финансиски услови за тимојте да добиваат лисенца. Тоа се виде лани кај Херта, која имаше 30м Евра долгови и услов беше да освојат 7м Евра од трансфери за да добијат лиценца. Со тоа ги продадоа најдобрите играчи и поради тој факт одпаднаа. Значи лошото финансиско управувајне се казнува и спортски. Годинава Шалке, кој исто така има големи долгови, има услов да не дават поќе пари за играчи од колку ќе земет со трансфери. Поради тоа и се хендикепирани што исто така има последици за спортскиот успех. Но сепак за Германија може да се каже дека клубовите за разлика од другите големи лиги во Европа се најмалку задолжени, дека тимојте ги трошат тие пари што ги имаат, дека лигата е солидарна на пример телевизиските права се делат ферски а не поред успехот што значи поголема конкурентност за малите тимови но помалку пари за големите за разлика од другите лиги. И условите за добивајне лиценца се построги од другите лиги, и Германцита беа најголеми поддржувачи за ФФП и поради овие факти мислам дека Германците најдобро ќе се снајдат со ова правило.
Проблем ќе добијат тие тимови што ќе трошат повеќе од колку што заработуваат, на пример Сити. Затоа и големите трансфери ги прават сега пред да стапит ова правило во сила. Сепак мислам дека големите тимови пак ќе си останат на врвот пошто тие тимови реално поќе приходи имаат од помалите клубови но ќе се намали опасноста за банкрот на тимојте и цените за трансфери и плати немаат да растат поќе како што е до сега. И да не заборавиме, дека со ФФП и помалите тимови ќе имаат поголеми шанси за некој успех. Мене ЛШ ми е досадна пошто секоја година истите 5-6 тимови се борат за титулата а не ко порано, каде што секоја година имаше други кандидати за титулата. Затоа и новиот систем на ЛЕ емногу добар поред мене.
Ќе видиме што ќе се деси со ФФП на УЕФА, тешко е за предвидувајне но ќе има последици ако УЕФА строго ќе го применува тоа правило.