Финансискиот фер плеј на УЕФА

  • Креатор на темата Креатор на темата fantomX
  • Време на започнување Време на започнување
F

fantomX

Гостин
По оваа тема се изначитав триста работи, што глупости, што не. Но ништо конкретно. На сајтот на UEFA можи да се најди документот во pdf формат со наслов:
UEFA Club Licensing and Fair Play Regulatoins
Edition 2010.

Ова е, ко шо кажува и името, правилник на УЕФА за лиценцирање на клубовите за нејзините натпреварувања. Делот кој што е нов и најконтраверзен, за финансискиот фер плеј почнува од:

Chapter 2: Monitoring requirements
I. BREAK-EVEN REQUIREMENTS
Article 59 - Notion of monitoring period
Сега ќе продолжам со преведено, не сите разбираат:
- Monitoring period е периодот во кој барателот на лиценцата е оценуван за (не)правењето загуби во работењето (ова буквално е break-even requirement, во моментов не ми текнува посоодветен превод од (не)правење загуби).
- Правилото покрива три периоди за кој што клубот треба да даде извештај:
а) периодот кој завршува во календарската година во која што почнува натпреварувањето (понатаму: период Т)
б) периодот кој завршува во календарската година пред да почне натпреварувањето (понатаму: период Т1)
в) претходниот период кој се проверувал (понатаму: период Т2)
- На пример, за сезоната 2015/16, периоди кои што ќе бидат на увид се 2015 година (период Т), 2014 година (период Т1) и 2013 година (период Т2).
- Како исклучок на правилото е почетокот, односно сезоната 2013/14, за која ќе се бара извештај за 2013 година (како период Т) и 2012 година (како период Т1).
period T-1) and 2013 (reporting period T-2).

--- надополнето ---

Article 60 - Notion of break-even result
Ова е за тоа дека разликата од приходот и трошоците е билансот кој се бара за секој период (односно година) посебно, и вкупната состојба е збир од сите три посебно пресметани.
Ако вкупната состојба е позитивна (и нулата е позитивна состојба), тогаш има break-even surplus, или ко шо пишав, позитивна состојба.
Ако е негативна , има break-even deficit, или негативна состојба.
Доколку вкупната состојба е негативна, тогаш клубот може да покажи дека вкупниот дефицит е намален во однос на резултатите од претходните два периода, односно двата периода пред периодите Т1 и Т2 (односно периодите Т3 и Т4).
 
чекај малце ме збуни.... значи ако е негативен што? и ова правило веќе почнато е да се применува?
 
Article 61 - Notion of acceptable deviation

1. Дозволеното отстапување е максималниот дефицит кој ќе биде прифатен за еден клуб да добие лиценца за настап во натпреварувањата на УЕФА.
2. Дозволеното отстапување е 5 милиони евра. Сепак тоа може да ја надмине оваа сума само ако тоа е покриено со учество на сопственици (буквално е „учесници со капитал“) и/или сродни субјекти до:
а) 45 милиони евра за периодите кои се на увид потребни за сезоните 2013/14 и 2014/15
б) 30 милиони евра за периодите кои се на увид потребни за сезоните 2015/16, 2016/17 и 2017/18
в) помала сума утврдена во соодветно време од Комитетот на УЕФА за перодите под мониторинг.
3. Учеството од сопствениците и/или сродни субјекти се зема во предвид кога се утврдува дозволеното отстапување ако е воочено:
а) во финансиските извештаи за еден од периодите Т,Т1 и Т2; или
б) во пресметките до 31 декември во годината на периодот Т.
Обврска на корисникот на лиценцата е да ја покаже суштината на трансакцијата која море да биде комплетирана по сите прописи.
Намера или обврска од сопствениците да има учество не е доволна за таквото нешто да биде земено во предвид.
4. Ако учеството од сопствениците и/или сродни субјекти кое се воочува до 31 декември во годината во која почнува натпреварувањето за кое клубот бара лиценца се воочени и се земени во предвид при одлучувањето на дозволеното отстапување за сезоната која е аплицирано, тогаш за наредните периоди кои ќе бидат на увид тоа учество од сопствениците и/или сродни субјекти ќе се смета дека било воочено во периодот Т.
Или накратко и поедноставно ова ко шо го разбирам, ако газдата впумпа пари било кога во 2013, 2014 и 2015 при лиценцирањето за сезона 2015/16, при лиценцирањето за 2016/17 ќе се смета дека парите биле впумпани во 2015 година.

--- надополнето ---

чекај малце ме збуни.... значи ако е негативен што? и ова правило веќе почнато е да се применува?
Збунувачки е на англиски дури да го разбериш вака не е.
1. Тешко е да се кажи ако е негативно, пошто ко шо гледаш во третиов мој пост, има одредени допуштања од страна на УЕФА. Ако УЕФА утврди дека некој не ги иполнува сите овие глупости, тогаш клубот не исполнува критериум за насптап во еврокуп и нема да игра во таа сезона во евронатпреварување.
2. Правилото почнува да се применува за сезона 2014/15, при што УЕФА ќе бара финансиски извештаи за три години: 2012, 2013 и 2014.
 
од кога го видов последниот пост сватив :) многу заебано правило...браво за преводот
 
Има уште многу околу овие глупости, во друга прилика ако имам вака време за бадијалџење, ама овие се најбитните, за кои најмногу се шпекулира и лупа глупости. Јас лично сум прилично уверен дека и Манчестер Сити ќе добива лиценца за Лига на Шампиони ако се пласира по овие правила, за други не ни прам муабет.
 
ФФП бар според мене е еден од подебилните предлози кои се изгураа во фудбалов али ај, нека им е ...
Проблемот е што многу лесно може да се деси некој гигант да се поебе гадно само поради фактот што финансиската политика им е тиња, пример, маркетинг, заработка од стадиони и слично ( дел од клубовите и немаат сопствени стадиони ).

И не ми е јасно, дали пример еве, Морати ќе го дадам, може да ја стави неговата компанија, Сарас, како спонзор на тимот и така да инкасира пари во истата, значи не е некоја фантомски спонзор кој наеднаш се појавил него ете, ги исполнува сите услови да биде дел од Интер, а нели, парите од спонзори влегуваат во приходите, а од друга страна пак, забрането е сопствениците да даваат пари од свој џеб за покривање на финансиските дупки.

Да биде апсурдот поголем, Платини кажа дека Абрамович, Берлускони и Морати се едни од иницијаторите за ова правило, еве ја и изјавата
It's mainly the owners that asked us to do something - Roman Abramovich, Silvio Berlusconi and Massimo Moratti.They do not want to fork out from their pockets any more
Незнам за Абрамович и Берло и нивниот начин на функционирање во Челзи и Милан али за Морати знам дека до сега има издвоено над 700 милиони евра од свој џеб само за покривање на загубите на тимот а истото дебело почна да му се одразува и на сопствениот бизнис зашто по почетокот на економската криза Сарас имаше ужасна година на финансиски план ( 2009 ), башка даде 100м евра за нов стадион и него му одговара ваквиот начин на функционирање зашто нема да е обрзан да дава огромна сума на свои пари само за покривање на долгови, али затоа па еве гледам и они а и Челзи и Милан слабо стојат со инвестирање во нови играчи ( освен оваа година за Милан, ама претходните многу слабо инвестираа за разлика од Интер на пример ) и делуваат ептен цинцарски. Т.е. Интер инвестираше последниов период но во млади играчи бајаги и се припремаат ко да нема утре за ФФП, бар така делуваат, последново лето скоро ништо да не потрошија и упорно го потенцираа тоа дека не планираат да трошат пола година уназад ( Паолило, спортски директор, на една од конференциите во Лондон во Јануари ).
 
Забрането е сопствениците да даваат пари од свој џеб за покривање на финансиските дупки.

Да биде апсурдот поголем, Платини кажа дека Абрамович, Берлускони и Морати се едни од иницијаторите за ова правило, еве ја и изјавата Незнам за Абрамович и Берло и нивниот начин на функционирање во Челзи и Милан али за Морати знам дека до сега има издвоено над 700 милиони евра од свој џеб само за покривање на загубите на тимот а истото дебело почна да му се одразува и на сопствениот бизнис зашто по почетокот на економската криза Сарас имаше ужасна година на финансиски план ( 2009 ), башка даде 100м евра за нов стадион и него му одговара ваквиот начин на функционирање зашто нема да е обрзан да дава огромна сума на свои пари само за покривање на долгови, али затоа па еве гледам и они а и Челзи и Милан слабо стојат со инвестирање во нови играчи ( освен оваа година за Милан, ама претходните многу слабо инвестираа за разлика од Интер на пример ) и делуваат ептен цинцарски. Т.е. Интер инвестираше последниов период но во млади играчи бајаги и се припремаат ко да нема утре за ФФП, бар така делуваат, последново лето скоро ништо да не потрошија и упорно го потенцираа тоа дека не планираат да трошат пола година уназад ( Паолило, спортски директор, на една од конференциите во Лондон во Јануари ).
Не е целосно забрането, ако е до 45 милиони евра негативата првите две сезони (13/14 и 14/15), па следните три до 30 милиони евра, можи сопственикот да ги оправда тие пари. Ја бар така разбирам.
Дека има можност за секакви манипулации на ова, има. И то не е ништо ново.
Инаку Челзи е посебна ситуација, не оти ја така сакам, туку оти така е - и Абрамович има впумпано околу 700 милиони евра, а можи и фунти да се, во Челзи. Ама директно, преку Милхаус ли се викаше, или така нешто, фирма која го поседува Челзи, Бог знај како. Фирма од фирма преку фирма до фирма... А единствен побарувач во секој можен случај е Роман Абрамович. Други нешто е шо пред една година, преку 300 милиони фунти од тие пари беа претворени во сопственички капитал. Шо е то и како одат тие работи, појма немам, исто ко шо појма немам како го водат Челзи. Но со тој потег, клубот Челзи се изјасни како debt free. Како и шо, појма немам ко шо реков. Проблемот на Челзи е шо се уште прај некои загуби кои се на границата на ова правило, но моментално треба да го задоволува секој еден критериум од финансискиов фер плеј. Ама, ова мое лично мислење, проблемот на Челзи ќе му дој од друга неочекувана страна, а то е непласирање во Лигата на шампионите шо е голем, голем шок за секој клуб кој редовно игра таму. Прв Ливерпул ми иди на памет... :toe:
 
Џабе бе,ако сака сосптвеникот да си инвестира во тимот има 101 начин,ни фер плеј ми мер плеј.
 
Fantomx

Taка така, во право си, тоа увек го заборавам а го начекав случајно на еден рандом англиски форум, ќе можат да покриваат ама ќе бидат ограничени во тоа т.е. условени се со '' мала '' загуба, Интер во просек годишно има минус од над 100 милиони евра a со истиот Морати нема да може да покрива, лани кога освоија Се и кога го имаа најголемиот приход во својата историја од над 300 милиони евра во една сезона, пак имаа загуба но помала од 100м евра, 60 ( пак, доколку ФФП беше стапено во сила, немаше да може да покрива ), али сега па тоа се должи на достигнување кое е реткост па не можат да се ослонат само и на тоа. Како и да е од тоа што го имам читано и од изјавите на претседателот и од изјавите на Паолило е дека работат за да таквиот тренд на загуби продолжи да се намалува се додека не дојдат до стабилизација на финансиската состојба и до исполнување на ФФП условите.
Затоа и се инсистира да имаат нов стадион кој ќе биде готов во 2014 бидејќи со тоа ќе рипнат и драстично приходите на тимот, колку за споредба, Арсенал заработува годишно повеќе од Интер по изградбата на Емирати.

--- надополнето ---

Џабе бе,ако сака сосптвеникот да си инвестира во тимот има 101 начин,ни фер плеј ми мер плеј.
Ќе има посебна комисија која ќе го надгледува начинот на финансиското работење во клубовите баш ради можните малверзации и појавата на фантомски спонзори ( тоа беше дадено ко еден пример на можна дубара од тимовите ).
 
Фантом, да те замолам да ми одговориш на едно прашање со оглед на тоа што ти ги пишуваше правилата, па најверојатно ќе знаеш да одговориш.

Дали доколку една екипа потрошеше на почетокот од оваа сезона 100 милиони(од прилика) за трансфери со тоа ќе го нарушеше финансискиот фер плеј или пак ќе имало било какви лоши последици за тимот во наредните години баш поради тие 100 милиони потрошени за транфери. (исто така и за 20 милиони доколку има било какви импликации при 100 милиони потрошени пари).
 
Фантом, да те замолам да ми одговориш на едно прашање со оглед на тоа што ти ги пишуваше правилата, па најверојатно ќе знаеш да одговориш.

Дали доколку една екипа потрошеше на почетокот од оваа сезона 100 милиони(од прилика) за трансфери со тоа ќе го нарушеше финансискиот фер плеј или пак ќе имало било какви лоши последици за тимот во наредните години баш поради тие 100 милиони потрошени за транфери. (исто така и за 20 милиони доколку има било какви импликации при 100 милиони потрошени пари).
Па имаш одговор погоре, како може да биде нарушен ФФП кога истото сеуште не е стапено во сила, ФФП нема да биде нарушено али ќе има повторна дестабилизација на буџетот, бидејќи знам за кој тим алудираш, ако Интер просечно има минус од над 100 милиони евра во сезона, тогаш нивниот план за намалување на трендод на загуби годишно ќе биде дестаблизиран во случај да дадат ко што викаш ти, 100 милиони евра, или 50. Стриктно со нив, планот им е тие огромни загуби до 2012 да ги спуштат под 50 милиони евра, а во сезона кога освоија Се сеуште истите беа над 60м евра што е многу за една таква сезона која тешко дека ќе се повтори.

Го имам и цитирано погоре Платини кој вели дека Морати е еден од оние кои сакале да биде воведено ова правило бидејќи не планира да дава пари од свој џеб, поготово не кога истите мора да ги дава за нов стадион ( ако не се лажам до сега 100м евра има одвоено ). Коинциденција или не, и Челзи и Интер и Милан инвестираа многу слабо последниов период, Милан неколку години по ред многу слабо стоеа со инвестиции, дури ни продажбата на Кака истата сезона не ја искористија за некој бум трансфер, исто и Челзи, наеднаш прекинаа со трошењето на енормни суми во последните години.

За 20 милиони евра инаку никако нема да се наруши буџетот, тие пари можат да се покријат некако, и 50 можат да се покријат ... ако се донесе некоја ѕвезда по која ќе се палат фановите и ќе се лепат спонзори, т.е., и 100 можат да се покријат, ако се купи Меси ко што и Реал Роналдо веднаш го покрија.
 
Ќе има посебна комисија која ќе го надгледува начинот на финансиското работење во клубовите баш ради можните малверзации и појавата на фантомски спонзори ( тоа беше дадено ко еден пример на можна дубара од тимовите ).
Ќе има, точно, ама јас и понатаму не гледам како фирмата чија фирма е сродна со фримата која е во сопственост на фирмата на еден бизнис соработник или пријател на г-динот Газда на клубот можи да биди спречена во спонзорирање на истиот тој клуб. :toe:

Фантом, да те замолам да ми одговориш на едно прашање со оглед на тоа што ти ги пишуваше правилата, па најверојатно ќе знаеш да одговориш.

Дали доколку една екипа потрошеше на почетокот од оваа сезона 100 милиони(од прилика) за трансфери со тоа ќе го нарушеше финансискиот фер плеј или пак ќе имало било какви лоши последици за тимот во наредните години баш поради тие 100 милиони потрошени за транфери. (исто така и за 20 милиони доколку има било какви импликации при 100 милиони потрошени пари).
Кажа Син, јас директно ќе напишам само: НЕ. Од следнава причина:
- Како исклучок на правилото е почетокот, односно сезоната 2013/14, за која ќе се бара извештај за 2013 година (како период Т) и 2012 година (како период Т1).

Коинциденција или не, и Челзи и Интер и Милан инвестираа многу слабо последниов период, Милан неколку години по ред многу слабо стоеа со инвестиции, дури ни продажбата на Кака истата сезона не ја искористија за некој бум трансфер, исто и Челзи, наеднаш прекинаа со трошењето на енормни суми во последните години.
Трошењето на Челзи, односно не Челзи туку трошењето на Абрамович престанува по Шевченко. Не е баш наеднаш.
 
^ Да ама во споредба со претходните сезони, башка тоа беше 2006 ако не се лажам, па од истата година нагоре, трендот на енормно трошење веќе не егзистираше ( костурот на екипата е скоро истиот неколку години по ред со некои мали измени ), плус Шева е човек кој можеше многу пари да им донесе преку дресови и слично но сите знаеме он ко играч како помина таму. Слично беше и со Интер и Кварезма од кого сите очекуваа да биде новата ѕвезда во екипата и омилената фаца кај фановите, и на аеродром го пречекаа, голема еуфорија владееше за тој трансфер и играч али за жал ништо не покажа во тимот а тоа се одрази ептен лошо на финансиски план за екипата ( уз тактички и слично ), загубија многу со неговото доведување иако се очекуваше да имаат голема корист од него на сите полиња.
 
Интересен ми изгледа законов,ќе има смеење ко ќе стапи во сила...
 
За кого како Баварецот. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom