Мамутите ќе се вратат

  • Креатор на темата Креатор на темата Liberation
  • Време на започнување Време на започнување
L

Liberation

Гостин
gajah+mamooth.jpg

За четири години на планетава може повторно да се роди мамут благодарение на технологијата за клонирање, а за таа цел улогата на сурогат мајка ќе ја има слон.

Претходните напори во 90-те за опоравување на јадрата на клетките од кожата и мускулното ткиво од мамути најдени на Сибир не успеале затоа што биле премногу оштетени од страна на екстремниот студ. Но усовршената техника од 2008-та се покажала како успешна во клонирање на глушец, од клетките на друг глодач кој бил замрзнат 16 години.

Mammoth2.jpg

Со надминување на пречката, професорот Акира Иритани од Универзитетот Кјото, повторно активира кампања за “воскреснување“ на видови кои што изумреле пред илјадници години.

“Сега кога техничките проблеми се минато, ce што ни треба е добар примерок од меко ткиво на замрзнат мамут,“ изјавил професорот.

Тој објаснил дека јадрата од примероците ќе бидат вметнати во јајце клетки на африкански слон и дека за оплодување ќе бидат потреби до две години, плус околу 600 дена за развој на плодот.

VancouverSun

MontrealGazette

OttawaCitizen

WindsorStar
 
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:


Ај да се надеваме дека ќе најдат добро сочувани клетки од диносаурус.
 
Не ми се допаѓа идејава, самата природа решила дека овој вид треба да изумре. Зошто би ни служеле мамути?
 
Искрено се надевам дека се вкусни, што ќе ни се инаку толкави животни. :)
 
не е препорачливо да се создаде кога Господ така решил да изумре и не е добро да се изигруваме како Господ тоа е исто како да играш со оган:nenene:
 
Полека авантурата Jurassic Park од фантазија ќе стане стварност :icon_lol:.
 
не е препорачливо да се создаде кога Господ така решил да изумре и не е добро да се изигруваме како Господ тоа е исто како да играш со оган:nenene:

Темата е за наука (може да вклучите и етика ако сакате). За религија има цел подфорум.
 
Религискиве коментари се сечење! : )
 
Не ми се допаѓа идејава, самата природа решила дека овој вид треба да изумре. Зошто би ни служеле мамути?


не е препорачливо да се создаде кога Господ така решил да изумре и не е добро да се изигруваме како Господ тоа е исто како да играш со оган:nenene:
Се чудам зошто ме отидете во манастир да живеете, посебно вториов.
онтопик:едвај чекам да ги видиме резулатите, и баш ми е мило што науката успева да ја усовршува природата. би сакал да видам и жив диносаурус.
 
не е препорачливо да се создаде кога Господ така решил да изумре и не е добро да се изигруваме како Господ тоа е исто како да играш со оган:nenene:
А викаш господ не создал за да ја уништиме планетата како што се прави сега ,и веруваш дека мамутите би биле поголема штета???
 
Не ми се допаѓа идејава, самата природа решила дека овој вид треба да изумре. Зошто би ни служеле мамути?

Се согласувам! Природата одлучува кој ќе го продолжи видот а кој ќе исчезне од лицето на Земјата. Затоа нема потреба од воскреснувања на минатото. Гентиката и клонирањето можат да се нaсочат кон усовршување на живите видови, а не на изумрените. Со ова се предизвикува природата нa борба, се поткопува еволутивниот тек на живиот свет, а воедно и самите си копаме гроб. Нештата во светот се во определен сооднос, па било какво нарушувње на балансот ќе биде штетен и за човекот. Пример потребата од храна. Знаеме дека ресурсите се ограничени... а враќањето на мртви видови само ќе ја загрози ситуацијата. Зборам за далечно идно време, не за утре или другат година!
 
у филмо јура парк 1 беше ного реално прикажано как да добиеш клониран диносаурус и тава со мамуто не ме чуде ни најмалко ,познавајки го процесо на клонирање .можно е и да го имат добиено у некоја лабараторија па сега ни прават вести -рублика -:tv:занимливости.
 
Хаха ова го гледав на емисија пред неколку години....
Сепак повеќе би сакал да видам диносаурзи......се надевам во брзо време..
 
Хаха ова го гледав на емисија пред неколку години....
Сепак повеќе би сакал да видам диносаурзи......се надевам во брзо време..
:oftopic: Аман бе ,Киро не си го видел ????
Он.... природољубци сакате да кажете дека стотици видови кои човекот ги уништи со загадувањето е многу природен процес ????
За разлика од тоа сега има шанса нешто да се врати ,може да се почне од таму и поради атрактивноста на животното сигурно дека се има повеке воља ,ама после тоа може да се примени и за други врсти кои така лесно ги испративме во вечните ловишта....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom