Прв Торбешки форум

  • Креатор на темата Креатор на темата Јапер
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас сум егејчиште и ако бев фрустриран а некои веќе има такви, на пописот ќе се декларирале како беломорски македонци.
Овие појави се штетни по самите себе.
Ако македонството не опстане во оваа форма, тогаш нема да име ниту торбеши, егејчишта, поречани, мариовци и други, туку ќе бидете или срби, бугари, грци, алабанци или турци.
Бирајте си.

Интересно ми е ова ОБСЕ и другата европска багра, дали присуствува на собири каде се бараат правата на Македонците во земјите кои се членки на европската унија, Грција и Бугарија ?
 
Баграта од ОБСЕ си прави содржини онака како што може за да ги “оправда’’ тешките милиони кои ги заработува. Малку да има отпор, веднаш попуштаат.

„Сметаме дека со внесувањето на Торбешите во преамбулата на Уставот на Република Македонија ќе се исправи една голема неправда кон оваа популација и ќе се создадат основни претпоставки за наша интеграција во Република Македонија.

Мене ми изгледа како криминалецот Велија Рамковски да игра преку другиот крииналец, Фијат Цаноски, на етничка карта. Што никако не е добро.

Патем, Македонците се споменати во преамбулата на Уставот, без разлика на вероисповест.
 
Ти другар бидиси што сакаш, но и јас ќе си бидам што сакам ... Ти знаеш ли дека основата на Македонската нација е поставена врз темелите на црквата, знаеш ли дека МПЦ е стожер на Македонската нација... Зборот Торбеш е навредлив истко колку што е навредлив зборот Македонец за Грците. Ако за тебе е навредлив никогаш не го користи за мене е синоним за истрајност, годрдост, етничка посебност, засебност, синоним за угнетеност, политичка манипулација со тоа население, искористуваше за туѓи интереси ... Нормално е дека сега ќе се појават непријатели и пријатели кои ќе ни помогнат и кои ќе се трудат да ни одмогнат во нашиов процес на интеграција... Уште пострашно е дека најголемите непријатели ќе произлезат од наши редови, ама ова е борба која што е почната и назад враќање нема, некои ќе погинат други ќе се просслават , едни ќе бидат херои во Торбешката историја други предавници, јас само се надевам за доброто на сите ќе победи здравиот разум и ќе се докажат уште еднаш демократските вредности .. Ги имаме сите права да се бориме за нашите права и против нашата асимилација ако сме опстоиле кроз вековите ќе опстоиме и понатака

Ми зборуваш за борба тука, да се бориш и да излезеш херој. За каква борба ми збориш ? Да не треба утре задутре да се тепаме со Македонците за нација ? Знаеш ли дека Мухаммед а.с ги проколнал тие што ќе умрат за нација ? Ти човече си роден во Македонија, јас сум роден во Македонија, ова е моја земја. Моите претци наназад зборувале само Македонски јазик. Нашите претци никогаш не спомнлае дека сме друг некој непознат народ дојден од не знам каде. Оваа земја е моја и како таква кога некој утре ќе ја нападне јас имам право да застанам и да ја бранам. Мене Исламот тоа ми го дозволува. Да го бранам она што е мое. Моја територија, место каде живеам. Во времето на војните на Мухаммед а.с, Муслиманите и Евреите заедно се бореле против многубошците за својата територија, додека после не се разединиле. Мене Исламот не ми брани на да се борам за мојата територија заедно со други припадници на оваа територија без разлика дали се Христијани или Будисти. Тоа нема врска. Мене Исламот ми брани да се убивам за нација нешто што ти сакаш да го правиш. Исламот како прво забранува крадење туѓа територија и тепање за истата. Нема да се борам и да умрам за нација. Но ќе се борам и ќе умрам за мојата територија, што не ми е забрането.
Ич не ме боли дали Македонците Христијани ме сметале за немакедонец. Јас знам што сум и што моите претци биле.
Многу е глупаво да барате да бидете признаени како посебна нација кога немате никаков доказ за тоа, немате поткрепа. Ако сме биле народ кој дошол од не знам каде, зошто сето тоа е сокриено ? Имало ли потреба ? Ако сме Турци зошто не зборуваме Турски? Ќе речат ни го забранија јазикот. Како бре у пичку матер да забранат јазик, кога пола Охрид зборува Турски? Зошто не е забранет Албанскиот ? Зошто баш нашиот ? Ако сме некаков друг народ зошто ете ни го забраниле нашиот мајчин јазик ? Зошто баш нас се ни забраниле ? Шо народ важен ќе бевме до толку ? хахаххахаха
Ова се само чисти бруку што произлегуваат од Струшкото село Октиси. Бруки невидени. Ни се смее цела Македонија. Што ќе постигнете со ова ? Ништо. Срамота.
Утре ако појдеш во некоја Европска земја шо ќе кажеш ? Ја сум Торбеш ? ухухухуху
Смешки невидени. Не знам дали да плачам или да се смеам.
 
Ти попрво би отишол со неверниците отколку со христијаните. От такви како тебе го нема братството меѓу Христијаните и се распаѓаме.
учи од единството на Албанците многу це научиш кај нив државата е пред се и над се запамти ги ови зборови нема врска верата државата е над се !!!!
 
Сакам да прашам дали торбешите се сметаат и чувствуваат како македонци и гаат симпатии кон македонците,се сметаат за ист народ со нас без разлика тоа што се муслимани?
Незнам,претците на торбешите биле христијани,сега се муслимани,но сепак се македонци и се иста крв со македонците христијани.Но сепак,отсекогаш сум имал некое чувство некако како да се далечни македонците христијани и муслимани.Дали е тоа поради религијата?,што не гледам тука причина да се делиме поради тоа.Како што кажа еден погоре и во Албанија има три религии,но сите се албанци...

--- надополнето ---

А да,и имам некое чувство како македонците да ги сметаат торбешите за граѓани од втор ред и не ги сметаат за браќа од друга религија.Можеби грешам,поправете ме.

Види човек нема Македонец Муслиман кој е на печалба а кој ќе рече јас сум Торбеш. Сите се кажуваат Македонци. Ова Торбеши постои само во главите на овие од Струшките села. Сигурно некој ги плаќа. Ова е се местена работа. Македонците христијани тие ги нарекуваа Муслиманите Торбеши, поради оваа причина овие не сакаат да бидат Македонци. Но време е да застанеме еднаш и да си го бараме нашето. Што ми е гајле кој не ме смета за Македонец, јас знам дека сум. За некого можи не сум ни Муслиман ама јас знам дека сум.
Си ги барам моите права во оваа земја, да се нарекувам Македонец, без додатокот Муслиман.
Верата се менува секој ден, има Македонци будисти но сепак се нарекуваат само Македонци. Не смее нас да ни додаваат Муслимани до името. Ај вие бидете Македонци Христијани.
Ова торбешиштава наместо да бараат вакви права, тие ми го тупат тука со барање нешто што не постои. Да биле признаени за посебна нација, да во низвните глави само.
Нека одат по умот на Фијат ги дупи како сака. Се е тоа политика.

--- надополнето ---

Ти другар бидиси што сакаш, но и јас ќе си бидам што сакам ... Ти знаеш ли дека основата на Македонската нација е поставена врз темелите на црквата, знаеш ли дека МПЦ е стожер на Македонската нација... Зборот Торбеш е навредлив истко колку што е навредлив зборот Македонец за Грците. Ако за тебе е навредлив никогаш не го користи за мене е синоним за истрајност, годрдост, етничка посебност, засебност, синоним за угнетеност, политичка манипулација со тоа население, искористуваше за туѓи интереси ... Нормално е дека сега ќе се појават непријатели и пријатели кои ќе ни помогнат и кои ќе се трудат да ни одмогнат во нашиов процес на интеграција... Уште пострашно е дека најголемите непријатели ќе произлезат од наши редови, ама ова е борба која што е почната и назад враќање нема, некои ќе погинат други ќе се просслават , едни ќе бидат херои во Торбешката историја други предавници, јас само се надевам за доброто на сите ќе победи здравиот разум и ќе се докажат уште еднаш демократските вредности .. Ги имаме сите права да се бориме за нашите права и против нашата асимилација ако сме опстоиле кроз вековите ќе опстоиме и понатака

Немој да ме нарекуваш предавник јас не сум предавник ти си предавник. Сакаш да војуваш без проблем на својата територија ? Испаѓаш од Ислам.
И не ми кажувај за МПЦ, милион пати сме кажале вера и нација не се мешаат. И Саудиска Арабија е центар на Исламот но таму си живеат луѓе кои си се декларираат Арапи без рзалика која вера се.
 
Верата се менува секој ден, има Македонци будисти но сепак се нарекуваат само Македонци. Не смее нас да ни додаваат Муслимани до името. Ај вие бидете Македонци Христијани.
[/B]

Ти си првиот кој ја потенцира бесмисленоста на додавката за верска припадност. Или треба да стои кај сите (што е комплетна глупост) или кај никој.

И вториот болд ти е точен ама на некои вжештени глави не им е јасно.
 
Извини не те разбрав убаво, ако може да се дообјасниш.
Торбешите се Македонци муслимани. Голем дел од нив го прифаќаат исламот пред Турците да завладеат со Балканов, односно кога одат на гурбет во Турција и во останатиот муслимански свет. Потребна е ваква реакција од нивна страна, бидејќи државата престана да се грижи за нив. Во немоќта и борбата за егсистенција тие си се свртеа кон Албанците, кои финансиски ги помагаа. Македонците муслимани еден период беа навистина на маргините на општеството. Сметам дека ова е направено со цел да се обединат внатре, а не да се разединат со Македонците Христијани. Мораше да се стори нешто вакво.
Јас сметам дека ова е крик за обединување на Македонците, сеедно која вера ја практицираме.

Не, спиеш душо. Ова не е крик за обединување со Македонците, туку разделување :vozbud:
 
Види човек нема Македонец Муслиман кој е на печалба а кој ќе рече јас сум Торбеш. Сите се кажуваат Македонци. Ова Торбеши постои само во главите на овие од Струшките села. Сигурно некој ги плаќа. Ова е се местена работа. Македонците христијани тие ги нарекуваа Муслиманите Торбеши, поради оваа причина овие не сакаат да бидат Македонци. Но време е да застанеме еднаш и да си го бараме нашето. Што ми е гајле кој не ме смета за Македонец, јас знам дека сум. За некого можи не сум ни Муслиман ама јас знам дека сум.
Си ги барам моите права во оваа земја, да се нарекувам Македонец, без додатокот Муслиман.
Верата се менува секој ден, има Македонци будисти но сепак се нарекуваат само Македонци. Не смее нас да ни додаваат Муслимани до името. Ај вие бидете Македонци Христијани.
Ова торбешиштава наместо да бараат вакви права, тие ми го тупат тука со барање нешто што не постои. Да биле признаени за посебна нација, да во низвните глави само.
Нека одат по умот на Фијат ги дупи како сака. Се е тоа политика.

Во право си друже. Нација со името Торбеш не постои. Терминот Торбеш може да се стави во исти кош со Мариовец,Поречанец,Овчеполец итн. но сите тие се исти - Македонци.

Дали на пример јас како Македонец христијанин утре преминам во Ислам аутоматски треба да се нарекувам Торбеш или Македонски Муслиман.Или пак во Будизам - Македонски Будист и сл.? Не! Националноста ми е Македонец, религијата може секоја година да ја менувам како што ќе ми текне.
 
Извини не те разбрав убаво, ако може да се дообјасниш.
Торбешите се Македонци муслимани. Голем дел од нив го прифаќаат исламот пред Турците да завладеат со Балканов, односно кога одат на гурбет во Турција и во останатиот муслимански свет. Потребна е ваква реакција од нивна страна, бидејќи државата престана да се грижи за нив. Во немоќта и борбата за егсистенција тие си се свртеа кон Албанците, кои финансиски ги помагаа. Македонците муслимани еден период беа навистина на маргините на општеството. Сметам дека ова е направено со цел да се обединат внатре, а не да се разединат со Македонците Христијани. Мораше да се стори нешто вакво.
Јас сметам дека ова е крик за обединување на Македонците, сеедно која вера ја практицираме.

Ако државата не занемарила нека не погледне сега. Никој нема право да ми врши притисок. Ако Македонците не ме прифаќале за Македонец тоа е нивен проблем. Јас си ги сакам моите права, исти како нивните. Не сакам поради тоа да се одделам и да влетам во енкоја измислена нација. Ова е моја земја исто колку и твоја, истите права ги имаме. Има полно Македонци атеисти но сепак се Македонци. Да престане државата да не нарекува Македонци Муслимани. И да престанат Торбешите да бараат да се признаат како такви. А после тоа и република ќе барааат, се е можно кај нив.
 
Torbeska nacia ne postoi,tie se makedonci,ama po vera se muslimani,, ama cesto pati se pisat de albanci de turci de makedonci,,ama po pravilo treba da se pisat makedonci..
 
Колку што знам, Турците не гледаат баш благонаклоно на торбешите, нешто како фејк муслимани.........
 
Ако државата не занемарила нека не погледне сега. Никој нема право да ми врши притисок. Ако Македонците не ме прифаќале за Македонец тоа е нивен проблем. Јас си ги сакам моите права, исти како нивните. Не сакам поради тоа да се одделам и да влетам во енкоја измислена нација. Ова е моја земја исто колку и твоја, истите права ги имаме. Има полно Македонци атеисти но сепак се Македонци. Да престане државата да не нарекува Македонци Муслимани. И да престанат Торбешите да бараат да се признаат како такви. А после тоа и република ќе барааат, се е можно кај нив.
Апсолутно си во право.Нема што да се додаде на тоа што ти си го напишал освен да добиете една голема подршка од сите македонци без разлика на вера и еднаш за секогаш таа работа да се расчисти.
 
Хмм може погрешно разбрав ...али овој гејов со Бентлито бара застапеност на торбешите во администрацијата на МК и повеќе права за торбешите препишани со устав ?

Тоа се дешаа коа ке даеш вештачка бројка и ке штампаш државјанства за избори ....сега сите нешто бараат .....

Сериозно у скапанава ни држава сите имаат повеќе права од нас МАКЕДОНЦИТЕ ..... Срамота ...

И btw , се согласувам со DavidGueta ... торбешите нит се посебен народ нит се посебна религија ....... Може се декларираат ко торбеши но сепак се МАКЕДОНЦИ (во овој случај) ...биле муслимани или христијани ....
 
Ако државата не занемарила нека не погледне сега. Никој нема право да ми врши притисок. Ако Македонците не ме прифаќале за Македонец тоа е нивен проблем. Јас си ги сакам моите права, исти како нивните. Не сакам поради тоа да се одделам и да влетам во енкоја измислена нација. Ова е моја земја исто колку и твоја, истите права ги имаме. Има полно Македонци атеисти но сепак се Македонци. Да престане државата да не нарекува Македонци Муслимани. И да престанат Торбешите да бараат да се признаат како такви. А после тоа и република ќе барааат, се е можно кај нив.

А, сега ја сфатив опомената!
Јас се извинувам за несоодветно употребана терминологија. Не сакав никого да навредам, туку сакав да направам едно разграничување. Лошо се изразив, моја грешка! Немав лоши намери. Целта ми беше да кажам дека државата не само што не води доволно сметка за Македонците, сеедно дали се христијани или се муслимани, туку воопшто не се грижи за мнозинството!

СЕ ИЗВИНУВАМ УШТЕ ЕДНАШ! :smir:
 
Ајде да им честитам на Македонците - конечно успеавте да ги дотерате македонските муслимани да се отцепат од националното ткиво и да се гледаат како посебна етничка група, како ви успеа бе до толку да заплескате?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom