Избор на нов Гувернер

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
А шо работе всушност ‘гувернерот‘ ???

-По облигација и титула , рандомски ваљда нишо не праве...:kesa:

Прави финанскиски,монетарни,фискални акробации и жонглира како циркуски играч за да може да се одложи феноменот наречен PEAK BULLSHIT кој е последна станица на современиот економски систем.
Посебно на оваа територија наша...
Власта,спротивно на популарните заблуди (партија оваа или онаа,левица или десница...шакич и слично) го обожава Гошев (најдобриот акробат во РМ) бидејќи успева да одржи илузија на каква таква кохезија во економијата на оваа територија што е екстремно тешка задача имајќи предвид кои морони седат и седеле на власт и ги диктирале економските услови.
Е сега не е будала типот да се кандидира пак за мандат пошто добро знае дека колку и да е добар акробат не може вечно да ги покрива срањата на власта и ќе си ја подигне наградата за сервис кон власта (дипломатски пасош хехе)...
Знае дека PEAK-от е одамна достигнат и елегантно ќе си се тргне на страна од бродот кој тоне.
 
Само да биде пофлексибилен денарот има да се направи извоз да не можеме да навасаме ко со странските инвестиции секаде на прво место сме од позади :icon_lol:.








Јас не знам ова за извозов дека ќе се зголеми да е виц ќе го разберам, ама човек сериозна да тврди тоа не ми е јасно, сепак е добро да има луѓе кое сеуште веруваат во бајки, и тоа е нивно мислење и ќе го почитувам ама дека е нереално нереално е тоа е мое мислење.


Така е.

Која е гаранцијата дека ќе се зголеми извозот а не намали ? 50% од суровините се увозни.. Девалвација само го крева ценовното ниво.. Јас сум за комплетно укинивање на денарот со откажување на сите гаранции на банкарски депозити како и регулацијата на банките.. Слобдна употреба на било која валута за размена...
 
Пред да почнат перењата на мозок од двете телевизии Сител и А1 (кој треба под хитно да се укинат) би било добро да видиме кој би бил новиот Гувернер на Р.М.
Гошев нема да продолжи,човекот кој е столб на стабилната макроекономија во земјава и човекот кој имаше најголем удел во тегнењето уши на министрите за финансии.
Се шушка дека Ставрески се мести за Гувернер,а во конкуренција е и некој Албанец за кој досега немам слушнато,ниту прочитано било каков труд.
Ставрески е способен,но колениците му се излижани,така да јас не би ни помислила на него.Албанецот кој го познава нека го претстави,да видиме што алтернатива се нуди.
Најважната функција во стабилноста на земјата,најголемиот ѕид против лешперските влади кој досега не водеа,е повторно отворена.Искрено се надевам дека ќе дојде човек кој ќе го замени Гошев во сите аспекти.
Па што мислите кој трие раце за оваа фотеља?
Koга зборуваме за Албанец како гувернер...сосема случајно на некои вести како да го зачув името на Фатмир Бесими, актуелен министер...како иден гувернер...т.е. кандидат за гувернер?
Или грешка сум?
 
Koга зборуваме за Албанец како гувернер...сосема случајно на некои вести како да го зачув името на Фатмир Бесими, актуелен министер...како иден гувернер...т.е. кандидат за гувернер?
Или грешка сум?

Јавно ништо немам слушнато.Бесими е одличен аналитичар на монетарни текови,но како министер е некаде под некоја маса успан во зимски сон.
Беџети некако ми фаќа око да се фрли во оган,ако веќе се шушка неговото име.Само да не ни ги направи валутите на албански па да фрлиме милиони за препечатување :)))
 
Многу лоша комбинација една пртија во случајов ВМРО-ДПМНЕ да ја има извршната власт (Владата) + законодавна (Парламент) + Претседател на РМ (де факто) фали уште гувернерската фотеља а мај се ближи. Особено лоша околност е што полека сфаќаат дека ја губат довербата кај народот (мислам не ми смета што се на власт но да бидеме реални и да ги земеме во предвид странските искуства на западните земји, ние сме само 20 години демократија, секогаш по одредено време гласачите се заситуваат од едната опција и бара ``подобар живот`` кај другата опција-провининција (најчесто се две- ВМРО-СДСМ, Пасок- Нова демократија, Демократи- Републиканци и слично.)
Еве една класична ситуација, школки пример. Рејтингот на владеачката партија паѓа, избори се ближат а ја имате гувернерската фотеља. Епа супер. Знаете дека ќе губите ама гледате да е за што помалку пратеници. Барате пари од НБРМ, трошите многу, се задолжувате, се подгрева инфлација, се намалува невработеност,се зголемува буџетски дефицит, се зголемува трговски дефицит се трупа јавниот долг... итн. но кај обичниот граѓанин се создава лажна слика дека конечно тргнале напред работите, што секако не е така бидејќи ова е чист популизам. Ѓи губите изборите тесно, ок е. Сега овие новите нема да можат многу да трошат гувернерот е ``ваш`` ќе треба да ја запрат инфлацијата, се зголемува невработеност, да враќаат кредити од предходната власт и слично, им паѓа рејтингот и на овие новиве. Им се навршува мандатот и на новиве и они ко тие старите ќе бараат печатење пари за да прикажат дека еве конечно им тргнало. ИСТИ ТИ СЕ СИТЕ горе-долу, лево-десно.
Но за случајов со нашава земја мислам дека ќе има притисок од меѓународнава заедница за позицинорање на угледен и сериозен експерт за таа фотеља посебно притисок од ЕУ која и самата има доста проблеми деновиве со фискалната и монетарната сфера, и читам се почесто дека се шпекулира со проф од Економски факултет Михаил Петковски. А за гувернер албанец тоа би било обид на Вмро да склучу брак со ДУИ (ако е албанец сигурно од ДУИ ќе биде) за и во иднина доколку падне вмро и оваа власт дуи да биде верна и да остане со вмро макар и во опозиција. Интересен потег не незнам какво чаре ќе има ДУИ од тоа кога реално во НБРМ нема како да може да го засити своето членство кое сака врски во полиција, УЈП, партиски вработувања во администрација и слично но останува да видиме и да се надеваме дека ќе имаме гевернер сличен на претходниот.
 
Михаил е одличен логичар и експерт.Се мислам дека го видов на некои састанци со вмровциве :)
Дај боже да го наместат.
 
Јавно ништо немам слушнато.Бесими е одличен аналитичар на монетарни текови,но како министер е некаде под некоја маса успан во зимски сон.
Беџети некако ми фаќа око да се фрли во оган,ако веќе се шушка неговото име.Само да не ни ги направи валутите на албански па да фрлиме милиони за препечатување :)))
тоа ми беше поентата за Бесими ?!?!?!??.........

а за тоа препечатувањето ништо да не не чуди,бидејќи ќе биде во согласност со сРамкновниот(само Чак Норис знаае за оваа поточка од договор:):),или можеби ќе биде еден од многу економски/монетарни прашања кои треба да се затворат за да влеземе во ЕУ............ако се случи таква глупост,тогаш несомнено дека земјава ќе влезе во уште подлабока монетарна/економска и политичка криза

Мене секогаш ЕДНО НЕШТО МЕ ЧУДИ..................додека ние дебатираме и оправаме која личност е најкомпатабилна.....КАДЕ СЕ економистите,експертите и професорите од Државните и Приватните Универзитети да дадат некоја изјава,предлог,сугестија,критика???!??!?!?
додека во светски рамки секое назначување на таква работна позиција(или било која) се покренуваат МИЛИОН дебати,кај нас како и секогаш,во такви моменти најрелевантните луѓе БАШ ТОГАШ нема што да изјават!!!
 
Кој и да е, нека печати ама скришум, ќе го стимулира производството.
 
Мене секогаш ЕДНО НЕШТО МЕ ЧУДИ..................додека ние дебатираме и оправаме која личност е најкомпатабилна.....КАДЕ СЕ економистите,експертите и професорите од Државните и Приватните Универзитети да дадат некоја изјава,предлог,сугестија,критика???!??!?!?
додека во светски рамки секое назначување на таква работна позиција(или било која) се покренуваат МИЛИОН дебати,кај нас како и секогаш,во такви моменти најрелевантните луѓе БАШ ТОГАШ нема што да изјават!!!
За жал кај нас тие не се најрелевантните...но без разлика, пак треба да бидат етични во врска со ова и да креираат некаква девата.
Ќе видиме.
 
Покрај Михаил Петковски се спомнува и името на Ванчо Каргов.
 
Михаил е одличен логичар и експерт.Се мислам дека го видов на некои састанци со вмровциве :)
Дај боже да го наместат.

Не познавам човека, ама нека биде Мишко штом е таква работава.
 
Само ВМРОВЦИТЕ имаат капацитет да раководат со одговорни позиции.
Комуњарите како Гошев треба да завршат каде што им е местото, на буништето на историјата.

Кои се тие вмровци што имаат капацитет ? Можеш да наброиш некој соодветен за гувернер ? Или прво ќе се стави на позиција, па после ќе му се принта диплома како на премиеров...

Addendum: Ме интересира, ми западна во очи на првиот пост, беа спомнати А1 и Сител како нерелевантни телевизии. Па во тој контекст, бидејќи не беше споменат Канал 5, би сакал да знам дали станува збор за случајно отстапување или авторот го смета како порелевантен извор на информации од претходните две.
 
Што е Каргов во ВМРО,сештолог? Од Јавна Комунална Хигиена,царина до Гувернер?

Тоа јас не знам.
Само знам дека порано имал некоја функција во НБРМ и сега неговото име повторно се поврзува со НБРМ овојпат како гувернер.
Ќе дочекаме, ке видиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom