Затворање на трансакциона сметка и што се случува со личните податоци после тоа?

  • Креатор на темата Креатор на темата nikola2004mkd
  • Време на започнување Време на започнување
N

nikola2004mkd

Гостин
Дали некој има искуство со затворање на трансакциона сметка во банка, и дали се плаќаат некакви надоместоци за затворањето на сметката и дебитните картички. Исто така, што се случува со личните податоци откога ќе се затвори сметката?
 
после неколку време, кога нема никакви трансакции на таа сметка, тие ја деактивирааат..
а податоците за личноста остануваат.. одат во архива...
 
Добро, не мислев на ситуација кога сметката стои но нема трансакции на неа. Повеќе мислев на ситуација кога одиш во банка и им велиш "Сакам да ја затворам/ги затворам, сите сметки што ги имам во банкава и не сакам да имам ништо повеќе со банкава"
Значи во ваков случај, како оди процедурата? Дали треба да се поднесе некое посебно барање па да се чека одговор, дали веднаш се затвора сметката или има определен период на неактивност, па доколку во тој период има определен прилив на пари сметката повторно станува активна и сл. И што се случува со личните податоци, кога поднесуваш барање, односно сакаш да ја затвориш сметката?
 
Едно прашање: дали си прочитал шо потпишуваш со самото отварање на трансакционата сметка? Не? Епа нареден пат читај, бидејќи се согласуваш да ги оставиш твоите податоци во архивата (датабазата) на банката. Нема опција да немаш ништо со банката...
 
Ги имам прочитано договорите односно примероците што ги имам јас, и во нив ама баш ништо не пишува за затворање на сметка. Баш затоа и прашувам на форумов.
 
Процедурата е релативно брзо, додека да се доведе се во баланс.
Се разбира препорачливо е да се има има веќе обезбедено алтернатива на таа што ја затворате.
 
Пред некој ден отворив трансакциска сметка. Во документите што ги пополнував постоеше " Име на работно место" и истото го пополнив, но не сум сеуште осигуран (во тек е постапката). Ме интересира дали може да настане проблем за фирмата за која работам (тие податоци да стасаат во фондови и сл институции) или тоа е формалност само да се отвори сметката.
Во меѓувреме го прашав вработениот во банката за ова, ми одговори дека нема никаков проблем, тие податоци се само за во банката.

Сепак да си прашам јас :)
 
Нема никаква врска, ти си можел да отвориш трансакциска и да пишеш у формуларот дека си невработен. Чиста формалност е тоа, нема потреба од паника :)
 
Нема никаква врска, ти си можел да отвориш трансакциска и да пишеш у формуларот дека си невработен. Чиста формалност е тоа, нема потреба од паника :)

E otposle mi tekna deka ne trebase da go pisam toa....:)

Ali ko nema vrska dobro e, fala drugar mnogu :smir:
 
Ги имам прочитано договорите односно примероците што ги имам јас, и во нив ама баш ништо не пишува за затворање на сметка. Баш затоа и прашувам на форумов.

ама сигурно има некоја ставка во договорот во кој пишува дека сите промени во политиката на работењето на банката автоматски се применуваат и за тебе... или е баш вака напишано или нешто слично ама начелно во тој правец...
 
А можеш да отвориш повеќе трансакциони сметки во една банка???
 
Koga ednas,prvpat otvoras smetka,podatocite ti odat od bankata vo КИБС(Клириншки интербанкарски системи),soglasno so zakonot za platen promet i otkako ke ja `zatvoris`,podatocite pak si stojat tamu-welcome to the machine.
Da ,mozes vo site banki da imas smetki.
 
А можеш да отвориш повеќе трансакциони сметки во една банка???

Не сум сигурен амма мислам дека не можеш. Знам дека можеш да бидеш полномошник на повеќе трансакциски.
 
Денарски трансакциони сметки можеш да имаш повеќе и во една банка, додека во други валути можеш да имаш само по една од секоја валута. Инаку податоците кога веќе еднаш се дадени остануваат засекогаш. Секоја банка е должна да ги пријавува денарските трансакциски сметки во ЕРТС (единствениот регистар на трансакциски сметки)... Доколку 6 месеци не вршиш никакви трансакции со сметката, сметката станува неактивна и за неа не ја плаќаш провизијата за одржување (10-15 денари), а доколку сметката не е активна +18 месеци се блокира. Инаку не плаќаш ништо за затварање на трансакциска сметка, само за да ја затвориш не смееш да имаш поврзани продукти со таа сметка, како картички, депозити, кредити... Во овој случај процесот на затварање веројатно би одел вака...
Прво ќе ти ја поништат дебитната картичка, после ги повлекуваш сите пари што ги имаш на трансакциската сметка (не смееш да имаш никакви средства на сметка која сакаш да ја затвориш) и дури потоа можеш да ја затвориш сметката. Се што ти треба е важечка лична карта или пасош.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom