Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
Традиционално, ден пред Бадник во повеќето скопски маала се пали Бадников оган, се служи посна храна, грејана ракија и убаво македонско вино. Палењето на бадниковиот оган има за цел да ја навести радосната вест за раѓањето на Исус Христос. Бадникувањето, всушност знаачи бдеење, или исчекување на радосната вест.
Колку вие практикувате да одите на Бадников оган?
Ќе присуствувате ли на некој оган вечерва и во кое маало?
Се надевам оние кои ќе одат некаде ќе стават слика од огнот и трпезата/грејаната ракија
Сте оделе ли вие на Коледе? Како ги пречекувате коледарчињата?
Колку вие практикувате да одите на Бадников оган?
Ќе присуствувате ли на некој оган вечерва и во кое маало?
Се надевам оние кои ќе одат некаде ќе стават слика од огнот и трпезата/грејаната ракија
Коледе леде
паднало греде
утепало деде
деде се мачи
баба го квачи
со четири јајца
гускини, шаткини.
Денес е Коледе,
утре е Божиќ
ќе колеме теле
теле вика леле
не колете мене
ќе ви купам зеље
да месите пита
да јадете сите.
Коледееееееееее
Со оваа песна малите дечиња-коледарчиња од рано изутрина на Бадник по стариот добар обичај одат од врата до врата на христијанските домови, чин кој според црковните верувања го навестува скорешното Христово раѓање. Вредните дечиња за својот труд и испеана песна добиваат костени, бонбони, јаболка, портокали и некој денар.паднало греде
утепало деде
деде се мачи
баба го квачи
со четири јајца
гускини, шаткини.
Денес е Коледе,
утре е Божиќ
ќе колеме теле
теле вика леле
не колете мене
ќе ви купам зеље
да месите пита
да јадете сите.
Коледееееееееее
Сте оделе ли вие на Коледе? Како ги пречекувате коледарчињата?