Луге да бидеме искрени денеска копациве во срдината ја спасија утакмицата со кинењето на нападите и нивно пресекување дури на нивна половина,пак ке го јадевме ако игравме со три шпица, одлична реакција на алегри со Боа кој игра позади напагачите и добро влече и навлекува двајца противнички играчи.
Значи опции се или Боатенг во средина во 4-3-3 со поофанзивна или позади напагачите во 4-3-1-2 во подефанзивна.
Интересно Дијамантот 3-4-2-1 доживеа фијаско на средината.
Факт е дека кога играме со Боатенг зад напаѓачите изгледаме најсилни !
Се гледа Алегри како замислува да ги игра играчите
Во напад : Ибра, Пато, Касано (и Инзаги)
Треквартерсти (зад напаѓачите): Робињо, Боатенг, Сидорф
Средина: ...(многу се да пишувам сеа)
Вака на клупа ќе остануваат и Касано и Робињо, при здрави Боатенг и Пато. Незнам зашто не го игра Касано на таа позиција треквартериста мислам дека знае да ја игра ама Алегри уште кога го зеде рече дека го зема за напад. Вака губиме на креативност многу со Гатузо и Фламини во прв состав (не смее да играат заедно овие двајца само еден е доволен) незнам малце е деликатно вака на клупа да седат и Робињо и Касано, треба Боатенг да игра на местото од еден од двајцава за да може Робињо/Касано да игра погоре.
п.с. Како би ти изгледала таа 4-3-3 формација ? - ме интересира