Почина Атина Бојаџи

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Зад себе остави доволно, за да остане во алеата на македонските великани. Бог да ја прости. Нека почива во мир.
 
Последната реченица од уводниот текст „ Ретка легенда на некогашна Југославија, а по малку оставена од своите во Македонија.„ многу ме допре.
Најмногу затоа што е болна вистина. Зошто на вакви великани се сеќаваме само во вакви тагични моменти. Зарем овие луѓе не заслужиле повеќе простор во нашето секојдневие.
Проблемот е во тоа што нашето гнило општество едноставно незаслужува вакви големини . Нека почива во мир Атина за жал многу малку бев информиран за нејзиниот лик , веројатно и јас како и вие освен најниско ниво на политика не добиваме ништо друго од нашите медиуми и оние кои треба да се грижат и да ги негуват оние кои во секој поглед многу повеќе придонеле за Македонија отколку последните 3 генерацији на политичари заедно.
 
Навикната беше Атина уште од детството на тежок живот, татко и бил инвалид, мајка и била болна, починала рано мислам. Другото што и се случувало во животот исто било темно освен успесите. Сакам да кажам дека таа никогаш не се жалеше што добиваше таков третман од државата, секогаш доаѓаше на државни првенства и правеше муабет со нас децата, ни викаше никогаш да не се откажуваме затоа што не само што во пливањето, ќе ни се најде тоа и во животот. Маратонот на кој победила таа и завршила уште една, со бурата, нејзе и помогнал да биде таква личност. Паметам еднаш на нас 3-4 деца пред 6 години ни правеа проблем да не одиме на балканско првенство за да може да оди син му на претседателот на федерацијата кој патем плива ко секирче и само Атина ни помогна од таму и успешно се спротистави.
Вакви луѓе како неа фалат во државава и треба да бидат искористени максимално за убави работи.

Вечно ќе ја паметам по тоа нејзиното: „Ако ме прашате мене колку пати сум го препливала Охридско Езеро, тоа е исто како да ги прашате вашите родители колку пати во животот отишле и се вратиле од на работа.“

Мој идол, херој, секаков суперлатив е малку.
 
Тоа е друже. Е сега такви „секирчиња„ како „синот на директорот„ има на секој чекор и на сите важни позицији. Не е ни чудно што оние што навистина вредат се потиснувани и фрлени во заборав. Ете за жал како што реков за Атина многу малку знам , така само нафрлено, но како што успеав да разберам таа и немала можност нејзината големина да ја префрли на младите генерации.Или пак да и се дозволи да има поголемо влијание во пливањето , ти верувам дека била голем човек и дека сигурно со вакви луѓе и младите би имале поинакви гледишта и мотивација и тоа не важи само за пливањето.
 
Многу му даде на пливањето а не доби скоро ништо, уште една тажна судбина на македонски великан...

Нека не биде заборавена...
 
Нека и е лесна земјата. Како и секој голем човек, вечно ќе остане запаметена како еден од хероите на македонскиот спорт.
 
Атина Бојаџи е почината поради лекарска грешка.

Реков, живееше мизерно со само 5000 денари пензија од државата. И во ниеден момент не се пожалила иако имала потполно право на тоа. Општината Карпош (општината во која живееше) донела одлука од 01.01.2011 да и дава месечно 20.000 денари.

За несреќа, тоа зрно радост не успеа да го дочека.

Најверојатно во нејзино име ке биде направен споменик.
 
Поведена иницијатива улица во Охрид да го носи името на Атина Бојаџи
08.01.2011 - 12:15 | Македонија
Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Охрид поведе јавна иницијатива за именување улица во Охрид по неодамна починатата врвна спортиска и репрезент на Охрид и Македонија, Атина Бојаџи.

- Атина Бојаџи е симбол на Охрид, симбол на Охридското Езеро, симбол на моќта на човекот. Сметаме дека Охрид како нејзин град треба да се оддолжи со именување на една улица со нејзиното име. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Општина Охрид, ќе поднесе и официјален предлог за именување. Верувам дека локалната власт и локалната заедница воопшто ќе имаат разбирање за оваа иницијатива и дека истата ќе ја реализираме, изјави советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Пановски.

Легендата на македонското маратонско пливање Атина Бојаџи, почина минатата седмица по кусо боледување. Врв на нејзината спортска кариера се смета препливувањето на каналот Ла Манш во 1969 година. Атина беше светски шампион во маратонско пливање и повеќекратен победник на Охридскиот маратон. По успешната пливачка кариера, продолжува како тренер во белградскиот клуб „Црвена ѕвезда“, а потоа и во спортскиот центар во Лос Анџелес, САД.

Во 1998 година Македонскиот олимписки комитет и го додели признанието великан на македонскиот спорт, а беше прогласена и за спортист на векот во Македонија.
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedon...ca-vo-ohrid-da-go-nosi-imeto-na-atina-bojadzi
 
Нека и е лесна земјата, мислам дека трба да се изгради споменик за неа. Нека почива во мир.:(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom