Министерот Димовски се сретна со тутунарите, остануваат најавите за протести.

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Па нели тоа беше болката на почеток ? Поголем доход за производителите на моркови така?
Производителите на моркови од европа :vozbud:

Или србија која ни го преплави пазарот со ефтини продукти додека нашиве делеа социјална помош на безрбетните партиски војници
Ѕирни африка да видиш што следува откако дозволија властите пазарот да им биде преплавен со ефтини продукти и го уништија производството па потоа како им ги креваа цените и народот почна да им гладува :)

И сето тоа во името на слободниот пазар :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Добро малку оф топик на сопствена тема....

Ова луѓево овде се запнале слободен пазар слободен пазар како ништо друго на факултет да немаат научено. Храната е прво основно единствено примарно нешто, храната што ја јадеме и водата што ја пиеме мора да биде чиста незагадена затоа што тоа е билошко гориво за нашиот биолошки мотор односно физичко тело. Сите студии покажуваат дека ја имаме една од најздравите и најприродно произведена храна во Европа а овде упорно некој ни објаснува слобосден пазар, нека јаде тој слободно генетски модифицирано срање од слободниот пазар, јас ќе си јадам од нашата македонска храна произведена на наша македонска почва. Пари не се јадат еве кој сака нека проба да изеде некоја книжна или метална пара да го виде вкусот каков е.


Друго покажете разбирање за политичарите многу им е тешко ваква криза немало последните 80 годинио, според мене немало во последните 8000 ама ај, дајте да не дозволиме да си работиме против себе голем дел од профитот на тутунот да остане на тутунарите тоа е најпатриотско нешто што може оваа власт да го направи повеќе ќе се цени отколку споменикот на Александар Македонски, да не дозволиме некои мешетари да се богатат на туѓ труд туѓа мака, паразити како крлежи кои ја пијаат крвтта на овај народ нив освен лично богатење ништо не ги интересира ни слободен ниту затворен пазар, туку пазар што им одговара на нив и нивните лични интереси.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Фер цена е само пазарната, резултат на понуда и побарувачка на отворен пазар. Или шиткај по таа цена или фак офф пуши си го сам тутуно.
Нема тука слободен пазар па да биде фер цена пазарната, нема отворен пазар. Тоа е проблемот. Затоа имаат право да се бунат луѓето. Во Македонија само неколку компании имаат можност и дозвола од државата да вршат откуп на тутун и да тргуваат со тутун. Не може денес кој било да си регистрира фирма за откуп на тутун и да го извезува во сирова форма. Мора да бил отпорано регистриран секој откупувач и мора да исполнува строги услови пропишани со законот за тутун.
http://www.economy.gov.mk/WBStorage/Files/Zakon_tutun_i_tutunski_proizvodi.pdf
Државата исто така е учесник во пазарот. Главниот и најмоќниот откупувач ТКП Прилеп е во нејзини раце. Ако државата не учествува во меѓусебниот договор на малкуте откупувачи, годинава нормално сите согласни да даваат ниски цени на производителот, тогаш тешко ќе им оди остварувањето на тој план на тие трговски субјекти. Но додека државата тоа го направи минатата година нудејќи високи цени, а сите панично ја следеа панично наддавајќи и борејќи се да купат што повеќе тутун, оваа година очигедно е дека државата (т.е. власта), како пазарен учесник преку своја компанија, го прави токму спротивното, се удружува со малкуте откупувачи, и ја прифаќа монополизацијата на пазарот, на штета на производителите. А тврдењето е: светските цени на тутунот се исти со ланските (значи онаму каде навистина влијае слободната понуда и побарувачка, каде има слободен пазар), а квалитетот на годинашниот тутун е поголем од ланскиот. Власта не го негира ни првото ни второто, ни пак откупувачите го негираат тоа. А сепак цените се сериозно многу пониски од ланските. Тоа е доказ дека ќе се врши грабеж, дека е тоа договорено.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Стотина професори, пензионери, бербери, вработени во РЕК „Битола“, партиски раководители и други активисти на ВМРО-ДПМНЕ и ПОДЕМ, а и по некој земјоделец, денеска на пладне протестираа пред просториите на СДСМ во Битола.

Со транспарентите, сакаа да покажат дека незадоволството на тутунарите не било оправдано и дека биле изманипулирани од најголемата опозициска партија и од Бранко Црвенковски.

„Ние сме задоволни од откупната цена и сакаме да се отворат пунктовите и даваме потполна поддршка на Владата“, рече Васко Шеровски од с. Црнобуки.

„Во раните години, сега не произведуваме повеќе тутун. Даваме поддршка, зошто да не“, рече друг од насобраната група.

Од СДСМ велат дека ова е масло на ВМРО-ДПМНЕ работено според исто сценарио како со протестите на млекопроизводителите, кога активисти на оваа партија вработени во РЕК „Битола“, со трактори дојдоа пред опозициската зграда.

„Груевски наместо да се крие зад членовите на ВМРО-ДПМНЕ, зад министрите, зад пратениците, конечно треба да излези пред тутунарите и да каже зошто не сака да ги исполни нивните барања“, рече битолскиот пратеник Менде Диневски.

Активистите на власта со навреди и закани ја дочекаа репортерската екипа на А1, обидувајќи се да ја бојкотираат најгледаната телевизија.

„Најди друг да прашаш“.

„Ќе го фрлам микрофонот онаму“.

„За А1 не даваме изјава“, такви беа денешните реакции.

Меѓутоа, без ниту еден изустен збор против СДСМ, откако си ги собраа транспарентите, протестот го завршија по половина час.

А1 дојде до партиската наредба од штабот на ВМРО ДПМНЕ, со која вчера на Фејсбук се повикаа активистите за присуство на денешниот
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=132643

Тутунарите се изманипулирани од опозицијата, тврди премиерот Никола Груевски и ги предупредува дека ако продолжат со протестите можат да останат без субвенции.

„Во целата оваа ситуација, во сите наши напори да помогнеме и во целата мака на тутунопроизводителите, за жал, опозицијата бара начин политички да поентира со вклучување на нивни партиски активисти.

- Дел од нив тутунопроизводители, но поголем дел луѓе кои што не се занимаваат со тутун, вклучувајќи ги меѓу тутунопроизводителите за да можат што повеќе да дејствуваат, да блокираат улици, гранични премини, да се прават инциденти, доведувајќи го во ризик и она што го заслужуваат тутунопроизводителите можеби да го пропуштат, а тоа е субвенцијата.

- Тие ги убедуваат да не го достават тутунот за откуп, а знаат дека согласно законот, ако не се достави тутунот за откуп потоа не може да се исплати субвенција“, вели премиерот Груевски.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=132647

Расте револтот и гневот на тутунарите во Прилепско, блокадите се прошируваат. Денеска блокиран е и патниот правец Прилеп - Македонски Брод кај селото Дебреште, а протести на тутунарите имаше и кај селото Тополчани на патот за Битола.

Револтирани се на власта која не сакала да ги заштити од самоволието на откупувачите, велат дека нема повеќе да имаат бесцелни средби со Министерот за земјоделство на кои ништо не се решава.

„И повеќе не сакаме да разговараме со Министерството за земјоделство затоа што и покрај две средби ништо немаме постигнато, го повикуваме сега лично Премиерот да дојде и да им кажи на овие луѓе што ќе се случи со тутунот“, изјави Кире Неделкоски, Претседател на иницијативен одбор за штрајк.

„Дај тој Премиерот еднаш нека се соземи себеси и нека види дека овој народ кој го изгласал воопшто не е партиски инструиран. Нека ги праша овие луѓе дали трпезите сега за Божиќ ќе им бидат празни и ако е тој толку храбар нека ги покани сите овие луѓе со семејствата па нека ги почести барем еден ручек“, вели Пецо Божиновски, тутунар од с. Ивањевци.

„Зајакот сега лежи кај Премиерот, нека има Премиерот доблест и нека има дебата со нас земјоделците“, рече Јонуз Садикоски, тутунар од с. Дебреште.

Тутунарите велат дека нема да отстапат со блокадите се додека не се постигне ланската откупна цена на тутунот од 190 денари.

„Го поздравувам Министерот за земјоделство кој кажува дека во Тутунски комбинат Прилеп тутунот одел 180 денари, е па кога е така ајде тие како Влада или како ВМРО-ДПМНЕ нека ни го откупат тутунот по 180 денари, не мора ние да го даваме кај другите откупувачи, а не вчера да не знае што да каже само тепкави, ако не знае што да каже нека си оди дома“, рече Исмија Фератоски, тутунар од с. Дебреште.

„Министерот излегува на телевизија не знае А да кажи, па камоли нешто за тутунот да изјави. Не знаеме што ќе биде вака, ние си ги бараме нашите пари, лани го платија по 200 денари сега даваат 80 денари и како да издржиме ние“, истакна Музафер Мустафоски, тутунар од с. Канатларци.

Ги демантираат обвинувањата на власта дека протестите се партиски, тутунарите рекоа дека нив не ги интересира партија, сакаат само реално да им се плати она што со тешки маки го сработиле.

„Ако судиме за добри или лошо, која било партија да е на власт, треба едно да знае дека овој народ знае да наградува, ама знае и да казнува. Судот народен е најголем“, потенцираше Есхан Шерифоски, тутунар од с. Дебреште.

Инаку пред штабот на СДСМ во Прилеп активисти на ВМРО-ДПМНЕ во обид да неутрализираат протестите ги упатуваа тутунарите на протести пред седиштата на откупните фирми, а не на патиштата и пред Владата. Тутунарите пак истакнаа дека иако утре е Божиќ тие нема да се повлечат од блокадите бидејќи се доведени до работ на сиромаштијата. Од понеделник пак се најавува блокирање на сите гранични премини во Македонија.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=132644
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
„Го поздравувам Министерот за земјоделство кој кажува дека во Тутунски комбинат Прилеп тутунот одел 180 денари, е па кога е така ајде тие како Влада или како ВМРО-ДПМНЕ нека ни го откупат тутунот по 180 денари, не мора ние да го даваме кај другите откупувачи“, рече Исмија Фератоски, тутунар од с. Дебреште.
Еве добар коментар. Штом цената во ТК Прилеп била 180, а овие другите даваат 120 или 100, нека речат Премиерот и министерот - кој не е задоволен од проценките во приватните, нека го донеси во државниот комбинат тутунот, и ние ќе му го платиме коректно неговиот труд. Е тогаш ќе почнат и приватните компании фер да ценат штом највисоки официјални владини претставници ќе дадат таква изјава и ќе упатат таков повик. Но не е тоа работата. Работата е што некои фаци, на некоја маса, оваа година уцениле и договориле власт, да се спушти нивото на ценење, за да се направат поголеми профити кои ќе ги делат. Ете тоа е. Власта прифатила, и затоа сезоната почна очајно. Но штетите по рејтингот на власта се неминовни, а стануваат и се поголеми. Затоа власта се труди од петни жили со контра-протести (што е врвна глупост), и со демек голема објективност и грижливост за тутунарите и демек реално плаќање преку својот комбинат, да ги неутрализира тие штети. Власта мислеше дека на мечот со две острици едната острица му е тупа, ама испадна дека таа е поостра.
Јасно е дека власта годинава не сакаше да го ослободи пазарот како што лани го направи тоа. А се разбира можеше, ако сакаше. Доказ за тоа е ланската сезона. Освен во случајот ако приватниците знаат дека државата и државниот комбинат е со преиспразнети џебови, и дека власта оттука е немоќна да биде ценовен диктатор, па самите тие непречено го загрозија слободниот пазар. Но и за тоа има решение, ако власта има волја.
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Е ама за откупот на тутун се склучува договор уште на почеток пред садење така да не можи кај че ти фати на к*** да го предаваш тутунот, то го нема никаде да се разбериме. А за ценава па не можи бе цел тутун во 2 класи ко лани шо беше, умре то време.Ти ко че појдиш чаршија имаш месо од 100 ден до 1000.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Е ама за откупот на тутун се склучува договор уште на почеток пред садење така да не можи кај че ти фати на к*** да го предаваш тутунот, то го нема никаде да се разбериме. А за ценава па не можи бе цел тутун во 2 класи ко лани шо беше, умре то време.Ти ко че појдиш чаршија имаш месо од 100 ден до 1000.
Две погрешни мислења даде. Прво, договорот со одреден откупувач не може да биде обврзувачки штом цената не е договорена во него. Ти ако си имаш договор, имаш обврска само да им го понудиш својот тутун на проценка, да им го однесеш на откуп. Ако тие не ти дадат цена, нормално дека не мораш да им го дадеш тутунот. Или мислиш дека и 50 денари да ти дадат за најквалитетен тутун, ти бидејќи имаш договор мораш да им го дадеш на нив? Тоа не е вистина.
Второ, за тоа дека "умре то време". Е па гледаме дека умре. Затоа се бунат луѓето, бидејќи умрело. Но не умрело дека лани откупувачите работеле со мал профит, туку дека сега сакаат да имаат огромен, и непречено си се договориле за тоа, на штета на тутунарот, се разбира, крадејќи од неговиот труд. Да се бунтуваат тутунарите против тоа им пречи само на:

1.Власта, заради нејзината инволвираност во пазарот на тутун, поради што трпи штети во симпатиите кај народот.
2.Профитерите од комбинатите, кои се лакоми за што поголем профит, и немаат никаков обзир за правата на чесниот работник.

Ти Грујов во кои спаѓаш? И кажи, што мислиш, зошто умрело тоа време кога тутунарите беа задоволни? Уште поважно прашање - зошто воопшто имаше такво време? Месо секогаш имаш од 100 до 1000 денари, ама тутун не секогаш варира така?
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Законот пропишува да се изора секоја нива на која има тутун за кој нема договорено откуп и да и се одземе дозвола на секоја фирма што откупува без договор.Тутунарите склучуваат повеќе договори за откуп и со тоа ги предизвикуваат сите проблеми во тутунското стопанство. Иако надлежните знаат дека секоја година на име на еден производител се јавуваат повеќе договори, никој не е санкциониран според Законот. Тутунарите, за да се заштитат и да добијат повеќе пари, склучуваат договори со повеќе откупувачи. Откупните претпријатија го толерираат ова зашто се бара килограм повеќе квалитетен тутун. Надлежните институции не реагираат иако во законот пишува дека се' што е произведено на диво треба да се уништи, а не за тоа да се делат субвенции - објаснуваат експертите.Се потпишуваа договори и во текот на откупот. Тој што немаше договор, тутунот го предаваше преку роднини. Законот е дециден и вели дека производството без договори треба да се уништи, а не да се откупи - објаснуваат во Здружението.Во откупните претпријатија не сакаат да коментираат дали се почитува.
Барабанџија разбери дека имаш тутун прва класа, 2, , 5 б и други нз точно.Е сега втора класа и таја 5б не можиш исто да ја платиш или пак 1 и 2 заедно.
Јас живеам во прилеп веднаш до тутунскиот комбинат.Главната капија ми е преку улица и тврдам дека откупот нема никаков проблем впрочем и татко ми е ценач на тутун.Протестине се жива превара и се организирани само од големите произведувачи што немаат кавалитетен тутун а имаат многу.
Некој производ колку појче го имаш на пазар толку му е цената пониска.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Aaaaaaaaaaaa татко ти е ценач на тутун знаачиии??? Па добро тогаш, фер од твоја страна што си кажа искрено,:) навистина. Значи ти си директно засегнат од протестите, бидејќи си најдиректно фамилијарно поврзан со: 1.Власта.2.Трговски субјект откупувач на тутун.
Значи ти спаѓаш во двете категории за кои што погоре кажав дека се единствени на кои им пречат протестите на тутунарите. Но се разбира дека тоа не му пречи на ниеден тутунар или работник или прилепски стопанственик од друга област кој разумно го сака Прилеп и неговата економска благосостојба, иако не сите одат да протестираат, кој од млитавост, кој од страв од етикетирање или репресирање од страна на власта.

А сега да ги видеме твоите аргументи против барањата на тутунарите за повисоки цени:
Законот пропишува да се изора секоја нива на која има тутун за кој нема договорено откуп и да и се одземе дозвола на секоја фирма што откупува без договор.
Добро. Никој од тутунарите не го бара спротивното!
Тутунарите склучуваат повеќе договори за откуп и со тоа ги предизвикуваат сите проблеми во тутунското стопанство.
Ова е глупост и манипулација! Ајде кажи со што тоа настануваат проблеми за тутунското стопанство ако еден производител се обврзе спрема повеќе трговци дека ќе ги снабди со тутун? Што е проблемот. И уште поважно, ако знаеш, кажи - со што го поткрепуваш тврдењето дека со тоа ги предизвикуваат баш сите проблеми? На пример, како докажуваш дека со тоа го предизвикуваат проблемот на ниска цена во однос на лани?
Иако надлежните знаат дека секоја година на име на еден производител се јавуваат повеќе договори, никој не е санкциониран според Законот. Тутунарите, за да се заштитат и да добијат повеќе пари, склучуваат договори со повеќе откупувачи. Откупните претпријатија го толерираат ова зашто се бара килограм повеќе квалитетен тутун. Надлежните институции не реагираат иако во законот пишува дека се' што е произведено на диво треба да се уништи, а не за тоа да се делат субвенции - објаснуваат експертите.Се потпишуваа договори и во текот на откупот. Тој што немаше договор, тутунот го предаваше преку роднини. Законот е дециден и вели дека производството без договори треба да се уништи, а не да се откупи - објаснуваат во Здружението.Во откупните претпријатија не сакаат да коментираат дали се почитува.
Уште еднаш, што врска има ова со проблемот на ниски цени? Јас велам тоа не е големиот проблем. Така беше и лани, ако не и понедоговорено и понезаконски.
Барабанџија разбери дека имаш тутун прва класа, 2, , 5 б и други нз точно.Е сега втора класа и таја 5б не можиш исто да ја платиш или пак 1 и 2 заедно.
Така е. Но проблемот е што критериумите за тоа што е прва, а што втора, а што трета итн. класа се измениле! Затоа се бунат луѓето, и си се во право!
Јас живеам во прилеп веднаш до тутунскиот комбинат.Главната капија ми е преку улица и тврдам дека откупот нема никаков проблем впрочем и татко ми е ценач на тутун.
Не знам како е во тутунски ама условите на пазарот се сериозно влошени. Доказ за тоа е доцнењето на почетокот на откупот, ниските цени, протестите итн. Ако не беше така, и лани ќе имаше протести. Ама лани сите си беа задоволни. И туунопроизводителите, и трговците, и власта. Годинава задоволни ќе бидат само македонските душмани и тутунската мафија.
Протестине се жива превара и се организирани само од големите произведувачи што немаат кавалитетен тутун а имаат многу.
Нема тука никаква превара. Протестите си се оправдани. Луѓето вложија многу сметајќи дека конечно пазарот на тутун во државава станал слободен и отворен, и дека оваа власт го штити интересот на тутунарот. Но се излажаа. Затоа го дигаат својот глас. Ја имаат мојата максимална поддршка.
Некој производ колку појче го имаш на пазар толку му е цената пониска.
Да. Ама само еден пазар признавам јас во нашиот случај. Светски пазар. На светскиот пазар производството на тутун е намалено. Годинава цените се исти ако не повисоки од лани. Квалитетот на тутунот во Македонија е повисок. По секоја логика просечните цени треба да бидат ако не повисоки, барем исти со ланските. Но тоа не е така, за жал.
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Ова е глупост и манипулација! Ајде кажи со што тоа настануваат проблеми за тутунското стопанство ако еден производител се обврзе спрема повеќе трговци дека ќе ги снабди со тутун? Што е проблемот. И уште поважно, ако знаеш, кажи - со што го поткрепуваш тврдењето дека со тоа ги предизвикуваат баш сите проблеми? На пример, како докажуваш дека со тоа го предизвикуваат проблемот на ниска цена во однос на лани?

Повеќе: http://forum.kajgana.com/showthread.php?55934-Министерот-Димовски-се-сретна-со-тутунарите-остануваат-најавите-за-протести.#ixzz1AMz10NbU
не не појќето производители не склучуваат договор со никоја фирма и го носат таму кај шо даваат најмногу и треба да се задоволни и со то ,а позакон не треба никој да му го откупи тој тутун
Не знам како е во тутунски ама условите на пазарот се сериозно влошени. Доказ за тоа е доцнењето на почетокот на откупот, ниските цени, протестите итн. Ако не беше така, и лани ќе имаше протести. Ама лани сите си беа задоволни. И туунопроизводителите, и трговците, и власта. Годинава задоволни ќе бидат само македонските душмани и тутунската мафија.

Повеќе: http://forum.kajgana.com/showthread.php?55934-Министерот-Димовски-се-сретна-со-тутунарите-остануваат-најавите-за-протести.#ixzz1AMzjbx8S
лани беа сите задоволни зато шо цел тутун појде или прва или втора класа, а ова година тутунарите го бараат истото ама годинава це се бара квалитет а не квантитет
пример во прилепските села дебреште, лажани и некои други има многу тутун но не е ни ваден ни сработен добро.Е сега не мози тој тутун да биди ист со некој шо сади 2 декари и има 800кг ама сработен перфектно рачно

критериумите за тоа што е прва, а што втора, а што трета итн. класа се измениле! Затоа се бунат луѓето, и си се во право!

Повеќе: http://forum.kajgana.com/showthread.php?55934-Министерот-Димовски-се-сретна-со-тутунарите-остануваат-најавите-за-протести.#ixzz1AN0kmEEE
критериумите се исти ама како шо ти кажав годинава че се бара квалитет
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
948
едно не ми е јасно....
земјоделците се приватни, сами работат тутун сами го продаваат.
тие што го откупуваат тутунот се приватни фирми.

што кур протестираат против владата, зошто не протестираат против фирмите?
Kој може да делува врз приватните фирми? Да им каже што и како да прават?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
не не појќето производители не склучуваат договор со никоја фирма и го носат таму кај шо даваат најмногу и треба да се задоволни и со то ,а позакон не треба никој да му го откупи тој тутун
лани беа сите задоволни зато шо цел тутун појде или прва или втора класа, а ова година тутунарите го бараат истото ама годинава це се бара квалитет а не квантитет
пример во прилепските села дебреште, лажани и некои други има многу тутун но не е ни ваден ни сработен добро.Е сега не мози тој тутун да биди ист со некој шо сади 2 декари и има 800кг ама сработен перфектно рачно
критериумите се исти ама како шо ти кажав годинава че се бара квалитет
Изгледа си младо дете некој ти рекол да зборуваш против тутунарите јасно е зошто сам си кажа АМА не е во ред кон твоите сограѓани и плус мораш да испраќаш нелогични постови кои не говорат во прилог ни твој ни на твоите а со тоа не ја исполнуваш ни целта ни пак сериозно некој ќе те земе за разумен пример. Пример за нелогичност и бламажа имаш овде:
критериумите се исти ама како шо ти кажав годинава че се бара квалитет
Е па како се критериумите исти кога сам велиш дека лани се барало(ценело) едно а годинава друго што значи не се исти критериумите а она што упорно одбегнуваш да го кажеш е зошто критериумите не останаа ланските па да бидат задоволни прилепските тутунари како лани да видат добар бериќет од својот тутун и овчарот да биде задоволен и сите овци на број???
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
си ги помешал брзините малку поише ама ај нек ти биде.
Ги спомнуваш стечајците сакале пари кој не ги заслужуваат ок нема проблем јас сум за тоа ич да не им се даваат туги пари едноставно,во фондот за пензико нека пресметаат колку уплатиле тие, и нека им ги исплатат тие пари ама до денар колку што уплатиле а ниту едно денарче повеќе одколку што имаат уплатено.
Ти држи муабетот. Веднаш откако Бубе, Бране, Игор д мен Шема, Радмила се вртам на шипка никој ништо не ми може Шеќеринска, Штерјо Наков, Ристо Гуштеров, Трифун изгледам на педофил Костовски, Владимир сам го зголемувам процентот на самоубиства во Р.М. со условите во кои работат моите работници ака Тинекс, и куп други луѓе ќе покажат колку уплатиле во фондовите, па потоа од каде им се парите . Дотогаш, ќути и биди среќен што во земја со 32 проценти невработеност нема револуција па да ти ја запалат колата и малце да те избоксираат стечајците. Срам да ти е ми се гади од луѓе како тебе, срам ми е што сум на иста планета со тебе.

--- надополнето ---

Ова сериозно ти ? Оти не ги организира таксистие во картел, медиумите или синдикатите или било која друга интересна група ??

Нашево општество е катастрофа оти вакви интересни групи за унапредување на нивните интереси прават блокади на патишта, вршат социјален притисок и бараат што не му следува пазарно. Се додека подлегнуваме на интересите на вакви интересни групи ќе страдаме како целина.

Или стечајците на пример.. 15 години протести... што сакаат? Поклон пари се разбира.. Сите тоа го сакаат.. Финтава е што релативно лесно се добива со доволен социјален притисок и политички пазарања и принуди...
Тоа е болката македонска.. Субвенции, интересни групи, социјален притисок ...

И во Македонија никој не треба да го обвинува слободниот пазар за ништо оти тој не посоти во САД а камоли во Македонија.
Тебе братче не само ќотек и да ти ја запалат колата, него може и нешто повеќе. Само за потсетување. Ова ја чека оваа влада и овој народ со такви изроди како тебе. Господ нека ни е на помош.
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
тутуно нееее,оризо нееее,грозјето нееее,млекото нееее
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
море дете барабанџија слушај сега
критериумите за определување на класи се исти само шо лани тутунот беше п р е ц е н е т и ги немаше сите класи.Ти изгледа не знајш тутун како изгледа а ми кажуваш за откуп , па цигарите не раста во саксии бе.мене **** ме боли и за тутун и за тутунари туку сакам да ти појаснам некој работи

Луѓето вложија многу сметајќи дека конечно пазарот на тутун во државава станал слободен и отворен, и дека оваа власт го штити интересот на тутунарот. Но се излажаа. Затоа го дигаат својот глас. Ја имаат мојата максимална поддршка.
па вложија тие шо се алчни и мисла дека така се земаат пари од тутун ,зедоја аргати и се праеа газди.Е сега че дрема по патишта
 

Kajgana Shop

На врв Bottom