Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.626
- Поени од реакции
- 59.485
Секоја година кога се наближува доделувањето на оскарите започнуваат дискусиите околу тоа кои филмови и кои луѓе треба да бидат наградени, за подоцна да започнат дискусиите за тоа дали е праведно или неправедно доделен оскарот за тоа и тоа... Бидејќи ова е практика секоја година не само на форумов туку насекаде низ филмскиов свет, ја отворам оваа тема каде ќе можеме да започнеме (се надевам бурна) дискусија околу наградите од минатото како и оние кои ќе следат во иднина.
Се разбира, оваа тема е прашање на вкус и тоа треба да се има во предвид при дискусиите. Згора на тоа, има години во кои конкуренцијата била жестока, а има и години кога во некои категории никој не заслужил оскар. Не сум ги гледал оскарите од памтивек се разбира, но ќе издвојам некои одлуки кои мене воопшто не ми се допаднале:
Најмногу ми боде очи победата на American Beauty во 2000 година. Да се разбереме, го мразам филмов. Но дури и да е така добар како што многумина тврдат, овој филм успеа да ги победи The Green Mile, Cider House Rules и факинг Sixth Sense. Што е многу, многу е? Не е, има уште: The Matrix не беше ни номиниран! Разбирам дека беше година на жестока конкуренција, ама баш поради тоа, никогаш нема да го прифатам овој резултат.
Победата на Forrest Gump над Swashank Redemption и Pulp Fiction ако е неправда, тогаш е од понизок ранг, затоа што сите три се филмишта.
Во 1982, Chariots of Fire, еден исклучително здодевен филм кој единствено е добар поради музиката на Вангелис, го победи Индијана Џонс, The Riders of the Lost Ark. Следната година Ghandy го победи E.T. на Стивен Спилберг.
Во 1999 Shakespeare in Love ги победи Saving Private Ryan и La Vitta e Bella.
Ќе се вратам уште и во далечната 1961 кога едно фино филмче The Apartment победи, но Psycho не беше ни номиниран.
Тука ќе скратам, има време за нови „неправди“. Друг пат ќе пишам и за други категории освен онаа за најдобар филм.
Вашите топ нервози на Оскарите?
P.S. годините на победниците се тие кога е одржано доделувањето, филмовите се од година порано.