Ѓорѓе Балашевиќ во арената Борис Трајковски - 12.02.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата simoncence
  • Време на започнување Време на започнување
Sign me up...првиот пат го пропуштив, кога бев прва година во Ск, во универзална мислам имаше концерт, ама овај концерт не го пропуштам па мајка јана нека е :)
 
Освен коцерт човеков праи шоу, едвај чекам
 
Билетите за Балашевиќ во продажба

Билетите за дводневниото дружење со Ѓорѓе Балашевиќ на 12 и на 13 февруари во салата Борис Трајковски во Скопје, од денеска се во продажба, најавија од "Авалон" продукција. Балашевиќ на 12 февруари ќе одржи четиричасовен концерт со салата, а следниот ден е скопската премиера на филмот "Како ран мраз", кој Новосадскиот кантавтор го режираше.
Балашевиќ на концерт во Скопје доаѓа по пауза од осум години, во придружба на неговиот бенд "Панонаска морнарица". На проекцијата на филмот ќе бидат присутни дел од главните актери. Меѓу нив се Никола Ѓуричко, Раде Шербеџија, сопругата на Ѓорѓе Оливера Балашевиќ, неговата ќерка Јована, Мустафа Надаревиќ, Воин Ќетковиќ...
Билетите се продаваат во пакет, 800 денари за концертот и 300 денари за филмот. Постои можност да се купат билети само за концертот, а билетите за филмот се продаваат само во пакет. Поради должината на концертот, салата ќе биде адптирана со места за седење, а билетите нумерирани. Се продаваат во "Југотон", во цвеќарницата"Розе" во "Веро 2", "Камарад" во "Рамстор" и на многу места низ Македонија.
 
ај некој поопширно кај да се набават карти во охрид/струга негде? зз топ охрид можда?
 
Sign me up...првиот пат го пропуштив, кога бев прва година во Ск, во универзална мислам имаше концерт, ама овај концерт не го пропуштам па мајка јана нека е :)

Ќе идеме заедно? :))
 
Дефинитивно нешто што нема да го пропуштам!
 
Нема шанси да пропуштам вакво нешто.. Одам појќе од сигурно... Биче срцепарајучи концерт.. Can't waittttttttttttttt!:vozbud::vozbud:
 
Не сериозно, можно е никој да не ми иди од прилепов, ако си за, да одиме...

Мене со гаранција никој не ми оди на Балашевиќ,така да јави ми да се договориме.
 
!!!
денојве ко шо најдов цела дискографија... се искинав од слушање
 
За оние поискусните со концерти во Борис, подобро е блок или партер долу? Кога веќе е овде да биде совршено.

Ќе нема за стоење,така да верувам дека од доле подобро ќе се гледа Балашевиќ.
 
Ако најдам друштво и пари одам....:icon_lol:

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom