Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Не, на компаниите ќе им се покрива разликата од цената на производот, а ако не им се покрива ќе има некој друг кој ќе го пласира тој производ.
Е па тој друг некој е некој кој произведува во земја каде има подобра инфраструктра или поефтини горива и суровини за производство и за овозможување ефикасна организација. Оттука неконкурентна економија и ненормално голем трговски дефицит.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.310
Поени од реакции
8.296
Кој профитира, а кој губи од скапата нафта



Граѓаните прашуваат - дали се' додека ОКТА бара нови и нови цени, Регулаторна мора да и' го дозволува тоа

Маја Томиќ


Како што тргнаа од почетокот на годинава, така продолжуваат да растат цените на бензините. Вчера цената на најпродаваниот „Еуросупер БС-98“ се искачи до драматични 77,5 денари или 1,26 евра за литар.

Пред две недели цените скокнаа за 1,5 денар по литар, а дизелот за денар. Веќе од денеска пак има нови, повисоки цени. Регулаторната комисија за енергетика вчера одлучи да ги зголеми рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17, односно за 1,47 отсто. Така, од денеска, па во наредните 14 дена граѓаните ќе плаќаат за литар „Еуросупер“ БС-95 76 денари, за „Еуросупер“ БС-98 - 77,50 денари за еден литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 53 денари за литар. Дизелот „Еуродизел“ (Д-4) скокна за 0,50 денари за литар, што значи дека ќе се продава за 64 денари. И мазутот поскапи. Неговата малопродажна цена М-1 НС се зголемува за 0,882 денара за килограм и ќе изнесува 35,939 денари.

Причините за поскапувањето на бензините како и секогаш се дека просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесувала 95,623 долари за барел и била за 2,78 отсто повисока од просечната цена на нафтата, по која беа формирани претходните цени на дериватите. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели изнесувал 46,37 денари и бил за 0,59 отсто понизок од претходниот курс на доларот по кој беа формирани тогашните цени. На светскиот пазар референтните цени на нафтените деривати во изминатите две недели забележаа зголемување кај бензинот во просек за околу 3,05 отсто, кај дизелот за околу 1,75 отсто, а кај мазутот за околу 3,06 отсто.

Ако се земе предвид состојбата од крајот на минатата недела, за тоа како изгледале цените на бензините во земјите од цела Европа, Македонците, со тогашната цена од 1,22 евра евра за литар, плаќале поскап бензин од неколку земји во регионот. Така, најевтин е бензинот во Русија, и тоа 0,66 евра, па следува Босна и Херцеговина, со цена од 1,10 евра за еден литар. Пониска од кај нас е и цената во Албанија, со 1,20 евра.

Приближно идентична цена, пак, имаме со Бугарија, со 1,25 евра. Во Грција цената на бензинот е 1,79 евра, во Хрватска 1,32 евра, во Германија 1,54 евра, во Романија 1,29 и во Словенија 1,29 евра за литар. Освен во Грција, овој вид бензини е поскап и во Турција, 1,89, Шведска 1,55, Швајцарија 1,40, Данска 1,61, Италија 1,50, Белгија 1,55 евра по литар.

Како што е познато, цените на бензините ги одредува Регулаторна на барање на единствениот преработувач на деривати во земјава, ОКТА. Таа, зависно од берзанските состојби, доставува нови пресметки до РКЕ на секои две недели, што е во согласност со купопродажниот договор.

„Треба државата да мисли и на граѓаните. Ако Комисијата е државна, тогаш при одредувањето на новите цени, треба да ги зема предвид и параметрите на животниот стандард. Ние не можеме да се мериме со европските цени на бензините, кога имаме најниски плати во регионот. Возењето кола не е луксуз, но набрзо изгледа ќе стане. Ако вака продолжат да растат цените, изгледа дека ќе си ги паркираме автомобилите пред зграда и ќе одиме пешки. Друго прашање е што со растот на цената на бензините ќе скокнат и сите други цени, што од почетокот на годинава и се случува. Мислам дека државата не смее да остане слепа и глува на оваа ситуација и треба малку да се замисли за нас, граѓаните. Регулаторна не може да работи само во интерес на производителот и секогаш кога тој ќе побара да им одобрува пораст на цените“, вели Мартина Јовановска од Скопје.

Фактот дека домашните цени на дериватите мора секогаш да ги следат светските ценовни трендови, е главното оправдание на надлежните кои носат одлуки за нови цени. Со други зборови, државата никогаш не преземала мерки за амортизирање на ценовниот удар од горивата кој секогаш носи бран на други поскапувања, што влијае врз работењето на фирмите и врз стандардот на граѓаните.

Тоа, според познавачите на состојбите, би значело дека државата е спремна да се откаже од слаткиот колач од наплатата на на акцизите за дериватите и на ДДВ-то, кое изнесува 18 отсто. А, токму таму и единствено може да се интервенира за ублажување на ценовниот шок. Според некои проценки, ако се намали ДДВ-то, цената на бензините може да биде пониска и за 11 денари од литар.

Секоја интервенција на државата би можела да доведе до нарушување на проектираната буџетска маса, бидејќи приходот од акцизите и од ДДВ -то од дериватите се планира на годишно ниво и тие средства имаат конкретна намена, коментираат од Регулаторна. При тоа, акцизата на дериватите е фиксна категорија и доколку таа се намали, тоа симболично би влијаело врз крајната, продажна цена на дериватите. Акциза се плаќа само за бензините, дизелот и за екстра лесното гориво, додека за мазутот нема акциза. Во крајната цена на безините се вклучени и транспортните трошоци од ОКТА до пумпните станици, кои за секој литар дериват изнесуваат 0,50 денари, а се наплатува и трговска маржа за бензините и за мазутот.

Државата, затоа што нема сопствено производство на деривати, целосно е зависна од нивниот увоз. Годишно во просек се увезуваат по 800.000 тони сурова нафта која се преработува во рафинеријата ОКТА. Сите давачки, вклучувајќи го ДДВ и акзиците, како што објаснуваат надлежните, ја зголемуваат крајната, продажна цена на дериватите за повеќе од 100 отсто. На пример, ако рафинериската цена на „Еуросупер“ БС-95 изнесува 30 денари за литар, заедно со трошоците за превоз, за маржа, за акциза и за ДДВ, се добива крајна малопродажна цена од околу 70 денари за литар.






#
Статијата е прочитана 2712 пати.

Испрати коментар

Од: Jovan
Датум: 18.01.2011 12:45:41
ЈАС СУМ СКАРАН СО МАТЕМАТИКАТА НО ОВА МОЖАМ ДА ГО ИЗРАЧУНАМ: ПРЕД 3-4 ГОДИНИ НАФТАТА НА СВЕТСКАТА БЕРЗА ДОСТИГНА ЦЕНА ОД 137 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ НАФТА, И ДОЛАР ОД 41,50. ТОГАШ ЦЕНАТА ИЗНЕСУВАШЕ 75 ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР. СЕГА ЦЕНАТА БАРЕЛ НАФТА Е 95,623, ДОЛАРОТ E 46,7 A ГОРИВОТО ЗА ФАНТАСТИЧНИ 77,50 ДЕМНАРИ. СО ЕДЕН ЗБОР АЈДУЦИ НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД Е ОВАА ВЛАДА И ШТО ПОСКОТО ДА СИ ЗАМИНЕ ТОА ПОДОБРО
Од: mkd
Датум: 18.01.2011 12:52:27
Ima i nesto drugo sto go nema vo tekstot OKTA bara korekcija na dve nedeli po naftata BRENT koja sega e 98$ a ne po crude oil ili ruska nafta koja e 90$ i najverojatno ja nabavuva. Ima mnogu suptilni raboti od koi nekoj ekstra profitira a ja stava cela ekonomija vo zatocenistvo. Cenata treba da se kreira i po kvalitetot na naftata i benzinot a ne samo od dopisi od svetskite berzi.
Од: jovan
Датум: 18.01.2011 13:23:00
Kolku sto znam vo regionov ne e Rusija. Bosna veke ima cena kolku kaj nas, a i vo Albanija ne e bogznae kolku poeftin. Znaci kako i da vrtis, imame se uste "eftin" benzin.(ne za dolgo). Kaj nas doprva se ke poskapuva(i toa enormno) bidejki vo momentov sme "vo klasata" na poeftinite drzavi. Nekoj sega ke gi spomne platite. Tie ke bidat "stabilni"/nema nikoj da gi pokaci. So sreka.
Од: Трпе
Датум: 18.01.2011 13:28:48
Разбира се,кој профитира.Колку повисоки цени,толку повеке пари во државната каса.А средствата од државната каса се трошат за глупоси и полнење на џебовите разбира се на кого.Откако се на власт пропагандната влада секоја година буџетот е поголем за 1 милијарда евра.Но Македонија е земја најголем производител на волна.
Од: GROM
Датум: 18.01.2011 15:37:16
Mene uvozot na avtomobili mi mirisase od daleku na nesto kvarno, samo cekav da vidam vo kakva forma ke izleze..Sega sekoj ima avtomobil, neka mu e so sreka, ama dali ke go vozi kaj saka, toa ke vidime.
Од: Realist
Датум: 18.01.2011 21:24:49
Koj veli deka cenata ne moze da bide poniska ,,laze" vo Amerika cenata e; 30MKD Denari za litar,vo Avstralia 62 Mkd denari za litar i kolku sto znam akcizata e 47 % plus Ddv 10%,toa e Drzavata mora da se ofajdi ima mnogu administracija,koga cenata padna na Singapur Oil market na40 USA dolari benzinot se namali 20 centi od 1.47 na 1.27 sega e 90 dolari benzinot e 1.40 onoj superot a naftata e 1.34 centi pa sega pravi smetka.

izvor
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Цитат од еден член на друг форум кој што се надевам ќе ми помогне ;)

По 100-ти пат.....

Цената на горивата не зависи само од цената на сурова нафта на берза. Гуглај малку.

Туку од односот на доларот према денарот (еврото, куната, дианрот, левот,итн) и од трошоците за преработка.
60-70 % од вкупната цена зависи од падот или качувањето на долорот во однос на денарот, а 30-40 % од падот или покачувањето на суровата нафта на берза и 10 % за транспорт и преработка.

Гледањето само на цената на суровата нафта на берза е многу лаичко гледање на работата.

Со едноставна споредба на цените на горивата во европа и кај нас кога беше највисока и сега, може да се заклучи дека сразмерно е покачена цената во сите држави во европа во однос на цената кај нас.

Но нели, најлесно е да ги исплукаш работите што не ги познаваш.

Јас незнам што толку се буните за цената кога сите знаеме во Европа горе-доле исти се цените, а не тука ми споредувате со Америка или Австралија...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ајде наздравје ќе се сликаме сега, како не регулира ова регулаторов тоа чудо нешто....

--- надополнето ---

Ајде нека гукни некое гулапче тука или се помиривте со судбината?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Country Currency 95 lead free 98 lead free Diesel Albania ALL 158.00 170.00 162.00 Andorra EUR 1.142 1.192 1.032 Austria EUR 1.299 1.457 1.288 Belarus EUR 0.783 - 0.624 Belgium EUR 1.559 1.583 1.386 Bosnia-Herzegovina BAM 2.15 2.20 2.20 Bulgaria BGN 2.39 2.57 2.50 Croatia HRK 9.45 9.86 9.02 Czech Republic CZK 33.50 35.30 32.80 Denmark DKK 12.09 12.43 10.99 Estonia EUR 1.217 1.257 1.287 Finland EUR 1.507 1.557 1.319 France EUR 1.483 1.514 1.323 Georgia GEL 2.05 2.10 2.10 Germany EUR 1.476 1.513 1.354 Greece EUR 1.593 1.785 1.391 Hungary HUF 365.00 - 355.00 Ireland EUR 1.449 - 1.399 Italy EUR 1.472 1.548 1.357 Kazakhstan KZT 105.00 115.00 74.00 Kosovo EUR 1.10 - 1.08 Latvia LVL 0.847 0.877 0.863 Lithuania LTL 4.44 4.58 4.16 Luxemburg EUR 1.253 1.279 1.148 Macedonia (FYROM) MKD 74.50 76.00 65.50 Moldova MDL 15.35 15.80 14.35 Montenegro EUR 1.260 1.300 1.210 Netherlands EUR 1.657 1.724 1.363 Norway NOK 13.74 14.07 13.38 Poland PLN 4.83 4.99 4.72 Portugal EUR 1.531 1.643 1.386 Romania RON 5.07 5.51 5.13 Russian Federation RUB 26.19 27.14 24.87 Serbia RSD 120.60 - 125.50 Slovakia EUR 1.399 - 1.286 Slovenia EUR 1.279 1.286 1.237 Spain EUR 1.280 1.400 1.250 Sweden SEK 13.58 13.98 13.79 Switzerland CHF 1.710 1.750 1.830 Turkey TRY 3.94 3.99 3.42 Ukraine UAH 8.80 9.90 8.20 United Kingdom GBP 1.292 1.365 1.346 United States of America USD - - 0.944 Impact of diesel fuel price increases on the overall costs of a transport operator
Last update: 2011-02-28
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јадете колачиња народе. Бран поскапувања таман пред избори. Ќе гукнеме или ќе свириме пак?
 
H

HITCH

Гостин
Јадете колачиња народе. Бран поскапувања таман пред избори. Ќе гукнеме или ќе свириме пак?
Абе ќе јадеме колачиња, ама од кал! :(

Инаку на темава, јас имам една забелешка! Бензинот е до месечината скап, а луѓево сите се возат со коли и сите идат со такси (барем во Аеродром!) и никој не се жали. Дали тоа значи дека поскапувањево на некои не им претставува проблем?
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Абе ќе јадеме колачиња, ама од кал! :(

Инаку на темава, јас имам една забелешка! Бензинот е до месечината скап, а луѓево сите се возат со коли и сите идат со такси (барем во Аеродром!) и никој не се жали. Дали тоа значи дека поскапувањево на некои не им претставува проблем?
Остави го тоа. Сега ќе поскапи се живо уште повеќе, леб, млеко, зејтин. Сериозно почнува да ме фаќа паника од состојбава. А тек социјалните случаи како ќе се справат со ова, не сакам ниту да помислам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Абе ќе јадеме колачиња, ама од кал! :(

Инаку на темава, јас имам една забелешка! Бензинот е до месечината скап, а луѓево сите се возат со коли и сите идат со такси (барем во Аеродром!) и никој не се жали. Дали тоа значи дека поскапувањево на некои не им претставува проблем?
Ги гледаме само оние што имаат,има многу што се „невидливи“ а се во поголем број.
Јас мислам дека е крива опозицијата, сега и цените ги крена колку да наштети пред избори.
 
H

HITCH

Гостин
Остави го тоа. Сега ќе поскапи се живо уште повеќе, леб, млеко, зејтин. Сериозно почнува да ме фаќа паника од состојбава. А тек социјалните случаи како ќе се справат со ова, не сакам ниту да помислам.
Немаш поим какви социјални случаи има!!! Доживеав да видам луѓе кои живеат во трошна колиба без струја и вода, во 21. век! Срцето ќе ми пукнеше од болка, ама затоа имаме нова катна гаража во општина Центар...
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
Нека ги намалат на даноците за бензинот кој се плаќа при полнење на резервоарот со цел да се намали цената.Не се трпи веќе 77 денари литар на овај стандард, нека интервенираат некако не самода изјавуваат бурно следиме ама ништо не прават. Даноците учествуваат можеби со 50 % од крајната цена
 
H

HITCH

Гостин
Ги гледаме само оние што имаат,има многу што се „невидливи“ а се во поголем број.
Јас мислам дека е крива опозицијата, сега и цените ги крена колку да наштети пред избори.
Ти спремај нерви за нови даноци! Кај и да е ќе закажат нови избори, требаат пари за партиски вработувања.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Немаш поим какви социјални случаи има!!! Доживеав да видам луѓе кои живеат во трошна колиба без струја и вода, во 21. век! Срцето ќе ми пукнеше од болка, ама затоа имаме нова катна гаража во општина Центар...
Мислам дека е време за граѓанска непослушност и бојкот на избори. Еве ни повод и причина.
Хич инаку, најголемата трагедија и тоа без претерување е дека на многу од нас малку ни фали да допреме дно.
 
H

HITCH

Гостин
Нека ги намалат на даноците за бензинот кој се плаќа при полнење на резервоарот со цел да се намали цената.Не се трпи веќе 77 денари литар на овај стандард, нека интервенираат некако не самода изјавуваат бурно следиме ама ништо не прават. Даноците учествуваат можеби со 50 % од крајната цена
Државата зема најмногу пари од даноци за безин, алкохол и цигари. Во секој држава е исто!

--- надополнето ---

Мислам дека е време за граѓанска непослушност и бојкот на избори. Еве ни повод и причина.
Хич инаку, најголемата трагедија и тоа без претерување е дека на многу од нас малку ни фали да допреме дно.
Не мила моја, ние сме на дното, ама не сакаме да го прифатиме тоа!
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Државата зема најмногу пари од даноци за безин, алкохол и цигари. Во секој држава е исто!

--- надополнето ---



Не мила моја, ние сме на дното, ама не сакаме да го прифатиме тоа!
Ти зборувам за дно дна од типот, цените растат, платите исти, а каснат. Ти сечат струја. Трагедијата е што сега сите сме блиску до тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom