Добар текст, вреди да се прочита.
Лекција за повторувачи
Ел Класико во купот личи на августовски поправен испит, кој внимателно го прочитал материјалот ќе се извлече на крајот на годината, кој не останува во заблуда. Мурињо се врати на своите омилени патеки, а наградата му ја скрши можеби неговото омилено дете, Серхио Рамос. Да почнеме со повторувањето ?
Да се вратиме во ноември месец за неколкуте работи кои ги научивме тогаш, а една од клучните би била "само тоталната незналица ќе помисли дека тука завршува се" судејќи се според една, не резултатска слична бламажа на Интер после која Жозе се врати и победи.
Затоа што скоро на секој му беше јасно дека таа ноемвриска ноќ ќе остане запаметена во историјата. Едноставно, тоа нема да се повтори никогаш. Зошто ?
Па тоа е многу лесно, затоа што Мурињо сфати дека не треба да се предаде и дека фудбалот не може да се игра подобро од Барселона. Значи, тој беше решен да ја спречи Барслеона да игра. Тоа што ги нема Де Роси или Џерард кој ги посакуваше од Перез, а остана со двајцата Диара и Гаго, не е проблем. Едноставно, го пронајде Пепе и го докажа она што секој кој малку се разбира во фудбал одамна го сфати,
Мурињо е човек кој ги решава проблемите.
Купот не е важен трофеј ?
Не е кога играат Валенсија и Билбао, но кога во тоа финале играат Реал и Барселона, купот е многу повеќе од важен трофеј. Затоа е ова важен трофеј за човекот кој е огромен непријател на многу луѓе, а тоа него го прави само уште поголем
Глупостите на некои ѕвезди од минатото дека никогаш не играл фудбал се завист, фудбал не играше ни Сер Алекс Фергусон, ни Ариго Саки, ни Ван Гал, ни големиот Марчело Липи не беше кој знае каков играч. Затоа, на Роналдо не треба да му покажете практично никакви фудбалски вештини, сите тие тој ги знае, и од него треба да се извлече само она што тој не е свесен дека го поседува.
Сите што се прашувавте на почетокот на сезоната, зошто Мурињо потпиша за Реал, сега го добивте одговорот.
Затоа што е способен да го промени правецот на историјата.
Сеуште не ми е јасно како еден историски несреќен клуб го донесе до апсолутен триумф за две сезони.
Дали ова значи дека Реал стана подобар тим од Барселона ?
Никако.
Дали има подобар тренер од Мурињо ?
Тоа прашање повеќе не се поставува..
Извор