Фан клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Бокица
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
задоволен сум и со полуфинале во ЛШ ехее каде каде сме подобри од лани. Па и финале на куп.
 
g0704.jpg
 
Adebayor (07.04.11 - As): Многу сум задоволен од се што се случи против Tottenham. Среќен поради тоа што го направи екипата и среќен поради тоа што јас го направив. Она против Sporting во саботата беше тежок удар, и во вторникот си рековме “Тука сме и мораме да се бориме.“ Покажавме кои сме на терен и тоа беше клучот на натпреварот. Mourinho ни објасни пред натпреварот дека ние сме тие кои мораме да победиме и кои мораме да покажеме поголема мотивираност. И тоа и се случи, со овие 4-0 направивме голем чекор за до полу финалето.
Се уште ништо не е решено. Кога сакаш да убиеш змија, мораш да и ја пресечеш главата. Со ова сакам да кажам дека мораме да го зададеме последниот удар во Лондон следната недела. Не смееме да се опуштиме ни една минута. Остануваат уште 90 минути кои треба да се изиграат сериозно.
Фудбалот е посебен, да не кажам чуден во некои ситуации, така да не можеме да се чувствуваме како полуфиналисти. Треба да отидеме во Лондон со една цел, да го добиеме и тој натпревар.
Знаев дека ова ќе биде посебен натпревар за мене, особено после оној во саботата. Сакав да си ја повратам самодовербата брзо, да се пронајдам во играта, да ја контролирам топката во напад, да соработувам со останатите соиграчи, да ја надминам противничката одбрана. Кога имаш среќа и постигнуваш гол толку брзо во четврт финале во ЛШ, самодовербата се враќа веднаш и потоа се ти оди.
Кога се игра првиот натпревар на домашен терен во ЛШ важно е да ја добиеш предноста за следниот натпревар. Во тие моменти поддршката од фановите знае да биде одлучувачка. И тоа се случи против Tottenham. Имаше европски амбиент на Bernabéu и се радувам што нашите фанови се вратија во своите домови со насмевка на лице.
Не ги читам шпанските весници, бидејќи се уште не знам добро шпански. И искрено, не ме интересира што пишуваат за мене, затоа што фудбалот е постојани подеми и падови. Според медиумите, сигурно минатиот викенд бев најлошиот играч во екипата и сега сум господ. Ако следната сабота не дадам гол против Bilbao повторно ќе бидам лошиот. Не сакам да се замарам со такви работи, навистина. Единственото нешто важно за мене е да работам добро на тренинзите и на натпрварите.
Се адаптирам постепено на животот во Шпанија и се чувствувам се подобро. Подготвен сум да помогнам и да ја вратам довербата која ми ја дадоа.
Јас сакам да останам во овој клуб, но луѓето од клубот тоа треба да го оценат на лето и ќе видиме....
 
Имат шанси Kарим да заиграт против Билбао? :)
 
Pellegrini: 'Florentino Perez couldn't stand that I put Raul on the bench. That was the reason I had to leave'

Иначе за младите мислев за после натпреварот со Барселона да им се даваат повеќе шанси, а не би било лошо и со Тотнем на едно 15 минути до крај да се пушти некој младинец
 
задоволен сум и со полуфинале во ЛШ ехее каде каде сме подобри од лани. Па и финале на куп.

Ич не ве разбирам со овие изјави. И шо ако сме подобри од лани ?? Шо освојуваме со то ? Титула кај има ?

Не сме ние некој просек тим па стасавме до полуфинале и ајде доста е радувајте се.. Тотенхем и Шахтјор можи да се задоволни со постигнатото, ние во НИКОЈ случај не смееме.
 
Ич не ве разбирам со овие изјави. И шо ако сме подобри од лани ?? Шо освојуваме со то ? Титука кај има ?

Не сме ние некој просек тим па стасавме до полуфинале и ајде доста е радувајте се.. Тотенхем и Шахјор можи да се задоволни со постигнатото, ние во НИКОЈ случај не смееме.

--- надополнето ---

Епа кога ќе престанеме да ги мењаме тренерите секоја година, може и ќе освоиме нешто. Мурињо дефинитивно треба и мора да остане, а не верувам дека сам би си отишол, тој не остава незавршена работа :) Се што треба е да му се даде целосна доверба на тренерот, како во натпреварите, така и во трансфер политиката.
 
задоволен сум и со полуфинале во ЛШ ехее каде каде сме подобри од лани. Па и финале на куп.

Најдобро би било Барса да тепа во Ла Лига и Копа, а ние да ги плеснеме во 1/2 финале и да освоиме.:)

Најдобро би било Барса да тепа во Ла Лига и Копа, а ние да ги плеснеме во 1/2 финале и да освоиме.:)

Ла Лига не тепуваат,во Копа ги плескаме,во ЛШ ги плескаме и потоа во драматично финале со Шалке 90 минута Роналдо од слободен за 2-1 за нас. :)
 
Ла Лига не тепуваат,во Копа ги плескаме,во ЛШ ги плескаме и потоа во драматично финале со Шалке 90 минута Роналдо од слободен за 2-1 за нас. :)
во последно време роналдо од слободен рамката од голот не ја погодува,реал ќе тепа со првиот гол на кедира или со гол на кака по некоја "неочекувана" повреда пред финалето.:)
 
во последно време роналдо од слободен рамката од голот не ја погодува,реал ќе тепа со првиот гол на кедира или со гол на кака по некоја "неочекувана" повреда пред финалето.:)

Ова е моментот... :pos: :smir:

Иначе видете кој им е најголемиот фан на каталонцине. :)

215520_194118180625709_104811186223076_445459_8203188_n.jpg
 
Се поддржуваат меѓусебно предерланава, што те чуди тука?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom