Еве шанса за Ласана да фати прва постава,нормално доколку се покажи на следните натпревари.
--- надополнето ---
Mourinho (23.02.11 - SkySports): Во оваа генерација на Barcelona заедно се Puyol и Xavi и кога они ќе ја завршат својата кариера, ќе се обидат да произведат играчи лични на нив, но клонови во фудбалот се невозможни. Дури и да направиш клон, секогаш ќе биде полош од оригиналот. Ние мораме да го продолжиме нашиот пат и да ја бараме нашата стабилност. Затоа велам дека ако завршиме втори оваа сезона и ако тоа значи крај на свет и решиме да смениме сé за следната сезона, ќе значи да почнеме од нула. Ако дадеме континуитет, ќе одиме во правилна насока, мислам дека најприродно е со младите играчи кои ги имаме само да се подобруваме, успесите ќе дојдат. Но, тоа не значи дека ќе завршиме втори оваа сезона. Зошто да не можеме да ги освоиме ЛШ и Купот? Можеме да ги освоиме трите титули, да освоиме нешто или ништо.
Се сеќавам дека после натпреварот во Barcelona имавме многу комплициран натпревар дома против Valencia, и сите велеа дека ќе играме со страв на наш стадион. Луѓето не беа комотни, но екипата се поврати, продолжи да се натпреварува, моравме дда продолжиме да победуваме и да чекаме грешка на Barcelona. Добро го правиме тоа, во финале во Купот сме и тоа е важно за најмладата екипа во историјата на Real Madrid. Сега тоа мораме да го потврдиме со титули. Мораме да освоиме нешто.
Ни требаше време да ја најдеме најдобрата позиција за Crstiano, за да се чувствува комотен. Дебатата секогаш е дали е напаѓач или не. Јас мислам дека е подобро да игра поназад, со повеќе простор пред него за да се соочи со одбраната, иако може да игра и напред со грб кон гол. Дали е вистински екстрем? Не верувам, затоа што дава голови и колку голови може да даде таков играч за една сезона? Јас мислам дека Cristiano е микс од тие два типа на играч, има 26 години, во голема форма е, позрел. Има сé.
Karim е поразличен играч. Сите знаеме кој е неговиот потенцијал, но има аспекти од неговата игра кои мора да ги подобри. Он тоа го сфати, работи напорно и се подобрува. Мислам дека се движи по вистинскиот пат.
Guardiola си е дома, во својата “градина“, каде што порасна. Сите знаат сé, и е апсолутно заштитен од локалните медиуми. Таму играчите се раѓаат во клубот и ја имаат филозофијата на клубот. Не можеш да ја споредиш неговата ситуација со ситуацијата на ниеден друг тренер или клуб.
Среќен сум во мојата прва сезона овде. Иако секогаш велам дека втората сезона е подобра и за тренерот и за играчите. Оваа сезона моравме да работиме и да се покажеме и плус да вметнеме нов принципи во екипа која никогаш не смее да изгуби.