Фан клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Бокица
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
реал не умее да се брани,најдобра одбрана е да даваме многу голови,така ги неутрализираме противниците!!
 
Што ви е луѓе добар резултат,сеа на Бернабе ги имате 100 % треба да поработи Мурињо уште малце на одбраната,стварно ви е крш посебно примениот гол,оној Крис меѓу двајца рипа и со глава му ја дава на Гомис ...
 
полош и попроклет клуб од лион неможе да ни се падне мислам дека ова беше најлоша можна ждрепка што постои кој и да беше друг клуб мислам дека полесно ке поминевме него со овој проклет клуб проклетство ни тера со годинииииииииии.......
 
Одличен резултат за нас. Им покажавме заби на Лион, примивме малку наивен гол, можевме да дадеме уште 2, но што е тука е. 6 години наназад освен со Баерн, секогаш сме губеле во првиот натпревар, сега имаме одличен резултат, го имаме Бернабе, и уверен сум дека конечно поминуваме.

Во првото полувреме Лион беше подобар тим, ние тешко ја сврзувавме играта, не создадавме шанси, а имаше и неколку грешки во одбраната кои не смеат да се повторат.

Со почетокот на второто полувреме ја превземавме иницијативата, статива, па пречка, па недосуден пенал, па конечно Бензема. Сјаен продор, и не толку сјаен удар. Потоа измените на Мурињо со цел да се умртви натпреварот, донекаде и успеавме но наивно го примивме голот од прекин кога и офсајд стапицата не беше добро поставена.

Ништо, сеуште сме без победа против Лион, но имаме одличен резултат, дадовме гол во гости, а во реваншот имаме одлична прилика пред нашите навивачи да им покажеме што знаеме и конечно таа бариера наречена осминафинале во ЛШ да ја поминеме. Знаеме и како Реал игра на домашен терен...

Покрај Бензема, Алонсо и Ди Мариа одиграа без грешка, Роналдо во второто полувреме добар, во прво лош, дефанзивната линија беше нестабилна и реагираше конфузно во некои ситуации како на пример кај голот, така да за мене тие одиграа лошо.

Тоа е тоа, подобра шанса од оваа здравје, се глеаме за две недели на Бернабе, дотогаш, Хала Мадрид !
 
можеби треба мур да проба со рамос како стопер на местото на пепе а арбелоа и марсело по страните искрено од пепе не сум импресиониран,но сепак имаше тешка повреда најразочаран сум од адебајор
 
Ајде тоа е тоа....ако сме толку порпавени во однос на лани,треба да го покажиме во реваншот,од прва до последна минута.....и време навивачите да организирет една РЕМУНТАДА :tv:...па да се заѓинат Лиончаниве на сред стадион!
 
Мурињо: Нервозен сум поради пеналот, четирите очи на судиите не можеа да го видат она што го видоа сите.
 
Го барав резултатов пред некој ден за да можам на следната утакмица да земам да пијам и или ќе бидам хепи или ќе пцујам све живо и диво:) ма шта буде нека буде
 
не можам да се помирам дека неможеме да го победиме скапаниот лион никако ако недај боже не го тепаме ни дома тогаш најдобро ке ни биде следната сезона да аплицираме за лига европа нема друго чаре:jaj:
 
Традицијата вели дека по гостински 1-1 никогаш немаме испаднато. И верувавме на традицијата така ? :D
 
Добри сте,дадовте гол во гости,сега дома ќе е друго.Се надевам на пласман понатаму,но да не го заборавиме Пјанич и клетвата која ве следи 8 години... :)
 
Добри сте,дадовте гол во гости,сега дома ќе е друго.Се надевам на пласман понатаму,но да не го заборавиме Пјанич и клетвата која ве следи 8 години... :)

6


И ај нека не ви се пра болни филмој.. поминуваме 100%.

Ако да кладилнициве коеф поголем од 1.6 че мавам на големо! :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom