Ја отварам темава бидејќи имам забележано дека мн. посетители на подфорумот имаат проблеми поради шкарт напојувања, и за да се спречат сите тролања на подфорумов за напојувања во несоодвенти теми.
Ај да почнеме.
Напајањето е најважната компонента во системот, влече струја од штек и му дава струја на ПЦто да работи. Ќе го сретнете и како PSU (Power Supply Unit), така да не немојте да се збуните кога ќе чачкате по некој странски форум, бидејќи најчесто така ги викаат скратено. Е сега, зошто е најважна компонента во системот??
Бидејќи главно од него зависи стабилноста на компјутерот. Пошто нашава мрежа е бајаги нестабилна, а поготово во лето, ако имате јак ПЦ со клокнат/силен процесор и јака графичка мн. е важно да имате квалитетно напојување да ги издржи сите тие бранувања и оптоварувања во мрежата.
Напојувањата главно се делат според излезната моќ. Таа варира, па според тоа се подлени на повеќе групи:
-За лоу енд машини од 300 до 500вати
-За гејмерски машини, од 550 до 850-900 вати
-За ентузијасти, од 900 па до 1500 вати
-И за сервери и за екстремни конфигурации, 2kW
Е сега, секое напојување има процент на ефикастност. На пр. на едно ПЦ му требаат 200 вати, напајањето ќе даде 280W (значи 80W фрлени у ветер), додека некое поквалитено ќе му даде приближно исто, 210/220 вати (20 вати изгубени). Значи 2рото напојување ќе биде 50-60% повеќе ефикасно, а и со самото тоа се штеди повеќе. Ете тоа покажуваат оние ознаки "80 plus efficiency rating" кај некои напојувања, што значи дека се губи само 10-15% струја кај нив, додека некои се само 65% ефикасни.
Кога гледате цени на напајања, не се залажувајте со ефтини од 15-20 евра. Овие кинески напајања во себе имаат ефтини и шкарт кондензатори и други делови, коишто нема да можат да издржат голем терет.
Пример:
Спомнав јак ПЦ. Кога купувате мн. е важно да внимавате на напојувањето. Ако купувате некоја хај енд машина со и7 процесор и GTX 570 (пример) и се залажете кога ќе видите убаво на изглед Делукс напојување од 800W со примамлива цена од 20 евра, одма ќе се попалите и ќе го земете, нели пошто е 800ватно, за 20 евра, а Кулер Мастер Сајлент Про од 650вати е 110 евра. (Хм, зошто да давам 90 евра појше за послабо напојување, нели??) Епа кога се фино лепо дома ќе си приклучите и ќе го пуштите компјутерот, ќе ви рикне у фаца или ќе ви прај првин пали гаси и ќе се чудите што му е.
И вие тотално ќе се разочарате. Недај боже, може и да ви ја земе скапоцената GTX570 со се себе, па ќе почнете да викате и да се мавате у ѕид заради Делуксот. Затоа, внимателно!!!!
Кај нас, најквалитени напојувања - Spire, Chieftech i CM* (има и мн. други како Corsair, Antec XFX итн. али не ги носат кај нас
)
*
Кога купувате CM напојување, никогаш не земајте некое од Екстрим Пауер серијата или од GX серијата. Овие модели се слични на Хантол, Игло, и остали ефтини напојувања. Под 80 евра, само Спајр и Чифтек.
Еве некои совети:
-За конфигурации од 200 до 500 евра, слободно земете Спајр или Чифтек напојување, од моделите од 420W до 550W (цена некаде од 40 до 80 евра)
-За конфигурации од 600 евра па нагоре, само CM Silent Pro/Silent-M или CM Real Power напојувања. (цена од 90 евра па нагоре, докај 200 евра за најскапите од 1000W
)
Значи подобро е да земете послаба графичка отколку да штедите на напојување. Никогаш не штедете на него!!!! Ќе се чудите после зошто во се рестартира или се гаси ПЦто на секои 15-20 минути. Затоа
внимателно!!!!
(И во иднина овдека водете дискусија за напојувања, бидејќи можеби 10 пати во месецот се случува во "Графички Карти" да се објаснува за напојување и да се дискутира за нив, а темата секако не е соодветна.)