Мислам дека е добро време да почнеме со правење филмови и за тоа како би сакале да изгледа тимот за следната сезона.
Од играчите кои моментално ги имаме на располагање некои од нив според мене треба да го напуштат тимот, тоа се Дрогба, Анелка, Фереира, Жирков, Хиларио, Трнбал, Калу, Малуда.
За Дрогба ќе ми биде најкриво, ама човекот освои се што можеше со Челзи, даде максимум, лани беше најдобар стрелец, секоја чест али сезонава ја игра мизерно а и годините го прегазија, би требало да го фати авионот за Франција, и да лапнеме максимум од него колку можеме.
За Анелка не знам што да кажам, тоа е играчот кој највеќе го мразам во Челзи, играч по кој највеќе сум плукал и ќе продолжам да плукам, уште кога дојде се чудев зошто го донесоа, имаа многу подобри солуции, се гледа дека е голем солиста, премногу е себичен и самобендисан, штета што неговите квалитети ко играч не се такво ниво со неговата самобендисаност, едвај чекам да си замине.
За Фереира истотака ќе бидам презадоволен кога ќе си замине ама и благодарен, затоа што имаше неколку сезони(првите) кога одигра многу солидно и многу допринесе на тимот.
Жирков е талент за во Русија евентуално Италија, дефинитивно не е за во Англија, човекот не одигра ништо ама баш ништо и заслужено е да си замине.
Хиларио е веќе за во пензија, нема потреба да дреме и да прима плата ко може некој млад надежен голман да дреме на клупа и да учи од Чех.
Истото важи и за Трнбал само што овај не е за во пензија ама не е ни надежен така да никаква корист да седи и да учи од Чех кога не го бива.
Калу беше опишан ко голем талент, многу го фалеа од сето тоа испадна фејк и заслужено си го доби прекарот Просечко, 4-5 сезони е во Челзи(не знам точно не ме фаќајте за збор) и баш ништо не покажа, сезонава малку изненади ама сепак беше краткотрајно, очигледно е дека толку умее.
Дојдовме до последниот играч, Малуда, човеков ко дојде од Лион беше многу изгубен, и премногу очекувавме од него во првите сезони и малку ни пружи, но последните 2 сезони многу созреа и беше клучен играч по таа лева страна, сезонава ко и неговите колеги погоре, ем стар, ем очигледно освен на носење бурма на мечеви ништо друго не го интересира, упс извинете и неговата фризура.
Значи со заминување на овие играчи значително ќе се ослаби тимот, верувам на звучноста на имињата, квалитетот е веќе прашалник за нив, истите би требало да ги заменат млади, полетни играчи, желни за создавање историја и надигрување.
Мои желби за шопинг во лето се следниве:
Да се донесе еден добар млад голман, го земам во оглед тоа дека Делач од следната сезона е наш играч ама верувам дека ќе биде пратен пак на позајмица.
Од одбраната би требало да се купи еден десен бек, за тоа место најпосакуван ми е Ван Дер Вил, ги има сите потребни карактеристики за еден солиден бек, по тоа што гледав на СП има брзина, техника а и добар е во дефанзива, другите позиции се солидно покриени, сметам да се врати Анхолт и со тоа да има замена за Кол, тука го рачунам и Бертранд.
Од средината, би требало да се донесе лево и десно крило и еден плеј, лево што знам, немам пикирано баш некој, за десно би рекол Санчез, за плеј Џагоев или Хазард, Хамшик, сметам да се врати Какута во тимот.
Нападот со доаѓањето на Торес е значително засилен, но Торес е прилично изгубен до сега и му е потребно време за адаптација, би сакал да се врати Стариџ и да дојде Нејмар и оној Хулк од Порто.
На менаџерската позиција никако не би сакал да го видам Анчелоти, човекот не знам минатата сезона како освои Дабл, како и да е благодарен сум му за минатата сезона а за оваа да се гони у 300 пм, мое мислење е дека концепцијата на играта на Челзи ја држеше Реј Вилкинс.На местото на Анчелоти би сакал да видам некој млад менаџер, кој ќе работи со млади фудблаери, кој ќе им верува на младите и пред се да биде добар тактичар и голем голем мотиватор, можеби карактеристите што го ги барам за еден менаџер на Челзи се премногу али коа би дошол некој таков би било екстра, да речеме Емери од Валенсија, или немора да е млад, еве Гус Хидинк би сакал да дојде, човекот сам по себе е поим за успех.
Тоа би било, можеби моите желби се премногу наивни и изгледаат ко една солидно изиграна сезона на ФИФА МЕНАЏЕР ама коа би се остварило делумно од ова сметам дека Челзи ќе стане многу опасен, многу поквалитетен тим, гладен за успеси и докажување.
KTBFFH