Сте чуле ли за Равна Река?

  • Креатор на темата Креатор на темата medlence
  • Време на започнување Време на започнување
Се убаво, ама малку се прецениле со цените.
Не е 350 ден. туку 600 ден. дневно од човек во соба (заедничко ВЦ и кујна).
Не дека немаме убави туристички места, туку нема луѓе кои знаат да те натераат да ги посетиш тие места.
 
350 денари е цена за ориентација, се зависи колку луѓе и во кој период за колку вечери, сега околу Новогодишните и Божиќните празници се разбира дека цената е повисока....
Досега никој од нашите гости не се пожалил за условите или пак цената...

Поздрав,
Чодосова Колиба
www.ravnareka.tk
 
А Новогодишните и Божиќните празници до кога траат кај вас? :uvo:
 
Па за сите Православни Христијани вчера беше Стара Нова Година незнам за Вас но цела Македонија сеуште ја празнува :uvo:, незнам од каде дојдовте до цената од 600 денари но сигурно не е наша цена

Поздрав,
Чодосова Колибa

И на 20 ти јануари да не е Нова година? :uvo:
А до цена од 600 денари дојдов кога се јавив на телефонскиот број на Чодосова колиба.
п.с.Ако гледаа Бугарите, Гејците, Србите....да се збогатат преку ноќ за Новогодишни и Божиќни празници сигурно туризмот би им колабирал.
п.п.с Научете како се придобиваат туристи, а не уште на телефон да се разочараат што воопшто се јавиле и се понадевале дека ќе не биде за туризам.
 
Еве ви еден предлог за викендица блиску до Пехчево во месноста Равна Река.
Чодосова колиба се наоѓа на 10км од Пехчево, во близина на изворот на река Брегалница. Опколена е со прекрасна борова и букова шума, во близина се наоѓаат спортски терени, пешачки патеки и познатите Пехчевски водопади, прекрасно место за спорт, одмор и рекреација.

Доколку Ве интересира повеќе погледнете на:
http://www.ravnareka.tk

Верувам дека е местото прекрасно и многу ме потсеќа на еден национален парк во Австрија за кого сум работел, значи огромен потенцијал за туристичка дејност и кај нас.

Сепак како дизајнер со искуство во туристички маркетинг би ви препорачал под итно да ја средите веб презентацијата затоа што се отвара бавно, навигацијата е лоша а и боите не се оптимални за ваков тип на сајт (црвената никако не одговара). Сфатете го ова како добронамерна критика.

Вложете малку повеќе во маркетинг и со поволни цени ќе имате посета, барем мене ме заинтересира местово да го посетам и да видам што нуди.
 
"Силен" Ви благодариме за советите, сегашната веб страна е привремена и веќе работиме на нова веб страна која ќе биде поставена на МК домеин.
Поздрав,
Чодосова Колиба
www.ravnareka.tk

Верувам дека е местото прекрасно и многу ме потсеќа на еден национален парк во Австрија за кого сум работел, значи огромен потенцијал за туристичка дејност и кај нас.

Сепак како дизајнер со искуство во туристички маркетинг би ви препорачал под итно да ја средите веб презентацијата затоа што се отвара бавно, навигацијата е лоша а и боите не се оптимални за ваков тип на сајт (црвената никако не одговара). Сфатете го ова како добронамерна критика.

Вложете малку повеќе во маркетинг и со поволни цени ќе имате посета, барем мене ме заинтересира местово да го посетам и да видам што нуди.
 
Јас освен природата, навистина не видов нешто посебно тука, бар не во сместувањето. Типична викендица со услови за нормален живот.
Не ми е јасно до кога сопствениците на сместувачките капацитети како „поволности“ ќе ги наведуваат креветот, бањата и кујната. И тоалетна хартија да не има гратис? Па ѕирнете што нудат нашите соседи во Банско или Грција за истата цена и направете споредба со вашата понуда.

Сериозно, работете малку повеќе на развој. Не се станува богат преку ноќ. И ова со цениве кои „варираат“ воопшто не ми се допаѓа. Пишувате дека е 350 денари, а всушност е дупло поскапо. Па нормално дека ќе има заинтересираност за празниците - вие во очи на Нова година ја отворивте темата и ја пишавте цената, а не во септември 2010... Фала, сепак одлучив следниот викенд да одам за Крушево. Бар се потрудиле секоја соба да има посебен тоалет и кујна. А како вистински поволности (за разлика од Равна река) таму има и кабловска, DVD, интернет, целосно опремена кујна, паркинг и тн. Сепак, цената е значително помала и не варира во зависност од „празниците“.

@medlence: Сфативме дека поентата е да се промовира Чодосова Колиба. Нема поента во секое мислење да ставаш линк до ravnareka.tk - напорно е.

Поздрав,
Кајгана Форум
www.kajgana.com
 
Да има да се упадне со шатор тамо, иначе викендица ми е скапа и многу раскошна за мене.
 
Еве ви еден предлог за викендица блиску до Пехчево во месноста Равна Река.
Чодосова колиба се наоѓа на 10км од Пехчево, во близина на изворот на река Брегалница. Опколена е со прекрасна борова и букова шума, во близина се наоѓаат спортски терени, пешачки патеки и познатите Пехчевски водопади, прекрасно место за спорт, одмор и рекреација.

Доколку Ве интересира повеќе погледнете на:
http://www.ravnareka.tk

46920048.jpg

Прекрасно место стварно е добро посебно зеленило и чист воздух :)
 
@Acid Равна Река навистина има прекрасна природа, сеуште не е пренаселено, и нуди интимност и можност за релаксација. Чодосова Колиба не е направена за да го замени удобството што би го имале дома, но ги нуди сите неопходни услови за да можете да се чувствувате удобно во едно сепак планинско рурално место, повеќето гости сакаат да избегаат од секојдневните оптоварувања и да се одморат, никој досега не се пожалил затоа што нема интернет и има само сателитска но не и кабловска. Исто така не мислам дека ако пишува дека "располага со'' значи дека нудиме поволности, затоа сме се потрудиле да направиме колку што е можно повеќе слики за луѓето да можат да ги видат условите пред да дојдат.
Цените варираат затоа што за разлика од Крушево, Равна Река е одалечена од најблиското населено место 10км, и ако некој сака да престојува за една вечер и плати 350 денари ние како сопственици тие пари треба да ги дадеме за гориво, бидејќи Ве пречекуваме и Ве испраќаме како гости. Не велам дека тоа е идеално, но цената варира и надолу и може да биде и пониска од 350 денари за поголеми групи или подолг престој. Како за пример 7 денови во Јули минатата година 4 гости ги чинеше 7000 денари, затоа цената ја формулираме откако ќе разговараме со Вас.
Не мислам дека со нашата понуда некој принудуваме да дојде и да ги доживее убавините на Равна Река, сепак секој има право на свој избор.

Поздрав,
Чодосова Колиба
без линк :)

Јас освен природата, навистина не видов нешто посебно тука, бар не во сместувањето. Типична викендица со услови за нормален живот.
Не ми е јасно до кога сопствениците на сместувачките капацитети како „поволности“ ќе ги наведуваат креветот, бањата и кујната. И тоалетна хартија да не има гратис? Па ѕирнете што нудат нашите соседи во Банско или Грција за истата цена и направете споредба со вашата понуда.

Сериозно, работете малку повеќе на развој. Не се станува богат преку ноќ. И ова со цениве кои „варираат“ воопшто не ми се допаѓа. Пишувате дека е 350 денари, а всушност е дупло поскапо. Па нормално дека ќе има заинтересираност за празниците - вие во очи на Нова година ја отворивте темата и ја пишавте цената, а не во септември 2010... Фала, сепак одлучив следниот викенд да одам за Крушево. Бар се потрудиле секоја соба да има посебен тоалет и кујна. А како вистински поволности (за разлика од Равна река) таму има и кабловска, DVD, интернет, целосно опремена кујна, паркинг и тн. Сепак, цената е значително помала и не варира во зависност од „празниците“.

@medlence: Сфативме дека поентата е да се промовира Чодосова Колиба. Нема поента во секое мислење да ставаш линк до ravnareka.tk - напорно е.

Поздрав,
Кајгана Форум
www.kajgana.com
 
Ако дојдам до најблиското населено место со автобус да речеме.
Немам кола како во тој случај да ги прејдам тие 10км? :)
 
@Скај Дог<no1>
Ние ќе ве пречекаме во Пехчево или Берово и ќе ве однесеме до Чодосова Колиба

Камо линк и она Чодосова колиба :pos:

Иначе јас одам во едно друго село Пуста Река (Крушевско) и не го давам за ништо поготово за Чодосова колиба :baeh:
 
Jas sum bil na ravna reka i toa nekolku pati i mozam so sigurnost da kazam deka e edno od poubavite mesta vo istocna Makedonija !
 
Back
На врв Bottom