Зависи која категорија авиони.
Онаа најпопуларната во која спаѓаат Б-737,ДЦ-9 (МД-80),А-319,320,321,ЦЈ-900 за кратки и средни линии или оние за долги линии Б-747,ДЦ-10,А-300,310,340...380 и други патната брзина е од 700-960 км на час,зависно од рутата и условите.
Но возовите имаат една предност.Колку и да е авионската линија кратка на пример еден час лет,тоа е само дел од процедурата.На чек ин мора да си 2 часа унапред,аеродромите се релативно далеку од градовите...така да освен самиот лет има и неколку часа заебанции кои ги нема кај возовите со што брзината и не мора да е слична со онаа кај авионите,се компензира.
Тоа што кинескиот воз наводно не бил модифициран е едно, но возел по пруга специјално градена за настанот за разлика од те-же-ве кој возел по стандардна пруга. Што е поскапо од самата локомотива и вагони секако...Тоа дека со патници под целосно оптеретување на стандардни кинески пруги ќе возат со 600 км на час се прикаски за кинеска нова година.
Маглев од друга страна има неверојатен потенцијал,теоретски неограничени брзини,удобност...но проблемот е во инфраструктурата...мора да се градат нови пруги (не се баш пруги буквално земено) сосема различни од постоечките а сега засега тешко некој се решава на тоа...