Вториот и третиот клип се посебно добри.
За „раздели-па-владеј“ стратегијата пишував и пред некое време, дека ќе пробаат да упаднат внатре и да ја преземат контролата. Многу поопасно од затворањето на Викиликс е да воспостават контрола врз Викиликс и од медиум во кој веруваме да ни пласираат „вистинити“ информации и документи. Така да очекував да се тргне по главата (Асанж) и додека тој е во притвор да се исконтролираат останатите, затоа што тоа е единствен начин да го запрат сајтот.
Во случајов, добро е што тие се одвоиле и направиле друг сајт. Многу полошо ќе беше ако останеа внатре, затоа што очигледно се работи за луѓе подложни на притисок. Во еден момент Шмит вика: „
помудро ќе беше да ги објавуваме документите полека полека...“. Тука меѓу редови прочитав страв од целава ситуација и човек подготвен на компромиси. А нема компромис кога се работи за вистината. Нема помудро. Во суштина, мислам дека ако одеа полека полека, ќе беа ликвидирани пред некој да се засекира за нивното постоење. Со оваа бомба Асанж наеднаш излезе од сенка и јасно стави до знаење дека „ако нешто ни се случи, не е несреќа“. Ова им дава каква - таква заштита. Можеби и не им било сеедно за неговиот однос кон нив но гледано од негова гледна точка, тој е мозокот, тој го смислил целиот план, целата организација, тој е најзаслужен за успехот, тој ја презема одговорноста, и ЈБГ, според мене и треба да биде на моменти арогантен и да го каже завршниот збор.
Во секој случај, од тоа Опен Ликс нема ништо да биде.
--- надополнето ---
Тука имате лајв апдејт на се што е ново:
http://freeassange.org/flash-news/latest-news-from-wikileaks-and-julian-assange
12.16pm: This might excite conspiracy theorists.
All the Guardian staff have just been ordered out of the building in a fire drill. But we’re back now. Apologies for the lack of blogging activity. While I was standing in the cold, Downing Street revealed that Whitehall has been briefed on steps to take against hacktivists.