- Член од
- 1 февруари 2007
- Мислења
- 13.039
- Поени од реакции
- 2.270
Европа парализирана од ниски температури и снег
Велика Британија, како и поголем дел од Европа се завеани во снег. Стотина училишта низ земјата се затворени, а сообраќајот е отежната. Во Шкотска на патиштата се “заробени“ 700-тина возила. Дополнителен проблем создаваат поларните температури кои до крајот на неделата би можеле да се спуштат и до 20 степени под нулата. На некои места студот го зголемуваат и силни ветришта.
“Луѓето останаа заробени во снег поради празните акумулатори и неподготвеноста за временските услови. Непрекинато повторуваме дека мора да се информираат, да слушаат вести и да ги подготват своите возила за зимски услови“, вели Дарон Бурнс од Помош на патот, за локалните медиуми во Велика Британиај.
Во Германија, поточно во Минхен и Фрнакфурт, поради ниските температури се откажани повеќе од 125 летови, а во Австрија поради обилните снежни врнежи блокирани се регионалните патишта кон Алпите. Слични состојби владеат и во Полска.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 30.11.2010
Аман бе кај сме ние? -У Јужна Африка?
Кај е снегов!
Винаги ми е било интересно-западните држави како видат 10 см снег и реват за парализиране. Нема да заборавам 2001 година тука имаше снег 1,3-1,5 метра и пак немаше прогласена бедствена состоjба. Дедо ми разправа за 40-те години са одели во тунели от снег...