НАСА доаѓа во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
НАСА во Македонија. Научници од американскиот Центар за вселенски истражувања в година ќе работат на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“. Причината е кристалот „лорандит“, како составен дел на рудата талиум.

Проектот на гео експертите од штипскиот универзитет за детално истражување и можна експлоатација на лорандитот, поточно честичката „неутрино“, за која, нашите и умовите на НАСА веруваат дека е производ на Сонцето, а е заробена во овој кристал, чии карактеристики даваат големи можности за користење во енергетиката, со децении на големо го окупира вниманието на познатата американска Агенција за вселенски истражувања.

-Проект кој подолго време се провлекува во нашите научни кругови, веруваме дека наскоро, в година ќе има своја конечна завршница, со доаѓање на нашите колеги геолози и геофизичари од лабораториите на НАСА, изјави проректорот професор доктор Блажо Боев, раководителот на проектот и гео- експертот од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“.

Интересот е поголем кога се знае дека „лорандитот“ е редок кристал. Го има на две, три места во светот, а со најмногу количини и во Македонија. Затоа, рудникот Алшар на падините на Кожуф, каде пред речиси еден век се откриени првите примероци е предмет на опсервација на научниците, но и на оние кои со дива продажба на доста реткиот и скап кристал сакаат преку ноќ да се збогатат.

Сепак, за старт на заедничката работа на умовите од НАСА со нашите, се чека мислењето од Институтот за тешки материјали во Дарфилд – Англија.

-Убедени сме дека резултатите од посочениот Институт ќе бидат добри, бидејќи досегашните резултати од истражувањата се позитивни за успешен исход на проектот, подвлече Боев.

За потсетување. Научниците со децении се обидуваат да одговорат дали сончевата енергија може да се користи како извор на енергија која ќе ги замени нуклеарните реактори. Одговорот е во сончевата честичка „неутрино“. Проблем е како таа да се истражи. Рудникот Алшар е една од ретките природни лаборатории во светот, каде во изобилие ја има талиумовата руда „лорандит“.

Дејан Ефремов- дописник од Штип

Извор: Канал 5 ТВ
 
За ова се зборуваше уште во 1990 или 91 ва.
Се работи за минерал кој ги спречува повеќето од зрачењата од вселената освен некои специфични зрачења од сонцето така да можат да се филтрираат останатите и да се мерат само конкретни сончеви зрачења. Поентата е да се постави мерна апаратура во старите и напуштени рудници мислам негде во кавадаречко и да си извршат одредени мерења.
Али интересно беше кога таа вест се појави во 90сетите (не собра во еден ќош еден “стручњак“ кој слушнал али не разбрал на вестите за шо се работи и вели “Нашите нашле во кавадаречко нешо повредно од дијаманти, али не смеат да кажат оти грците одма ќе не нападнат“
 
Али интересно беше кога таа вест се појави во 90сетите (не собра во еден ќош еден “стручњак“ кој слушнал али не разбрал на вестите за шо се работи и вели “Нашите нашле во кавадаречко нешо повредно од дијаманти, али не смеат да кажат оти грците одма ќе не нападнат“
Не ја искористиле шансата... толку :)

А да бидиш сигурен дека лорандитот ќе биде поскап од дијамант. Само да му ја најдат соодветната примена.


Сега друг муабет има тука... шо ќе прај НАСА со лорандитот? Уствари шо сака нека прај, кој ќар ние како држава ќе го имаме? Ако се малку од малку паметни властите, ќе изиграат да се отвори некаква лабараторија кај нас... ем инвестиција, ем работни места, ем експерти дома. Ако го продадат само рудникот, НАСА (или која и да е компанија) ќе ја извезува рудата и толку.
 
Сега друг муабет има тука... шо ќе прај НАСА со лорандитот? Уствари шо сака нека прај, кој ќар ние како држава ќе го имаме? Ако се малку од малку паметни властите, ќе изиграат да се отвори некаква лабараторија кај нас... ем инвестиција, ем работни места, ем експерти дома. Ако го продадат само рудникот, НАСА (или која и да е компанија) ќе ја извезува рудата и толку.

Зависи колкав процент ќе им понудат, ако земат пари за до трето колено, нема ништо да добиеме, ама ако успеат да извлечат повеќе пари мислам дека ќе се смилуваат и на народот.
Инаку за вакво истражување никогаш не е доцна, според мене.
 
Е верувајте дека амерот ако намисли да ни го земе рудникот,дека нема шанси ни на 5 мин да се појави маж кој ќе се спротивстави!

п.с и сами знаете дека америте се познати по методите за преземање на природни богатства!
 
Имале обиди за кражба, организирано Германците, ама ги фатиле
http://www.time.mk/story_9731610139.html

После требаше да стане национален парк
http://preminportal.com.mk/content/view/3980/82/


Малку физика
Космичкото зрачење има многу широк енергетски спектар со две главни компоненти и тоа: електромагнетско зраење, кое го сочинуваат гама, рентген и микробрановото зрачење. Другата компонента на космичкото зрачење ја чини корпускуларното зрачење кое е составено 90% од протони, 9% од зрачење и околу 1% го сочинуваат тешките јадра. При меѓусебното дејство на примарното космичко зраење со атмосферата настануваат каскади и секундарно зрачење. Во првата фаза настанува делење и нуклеарни реакции на протони, неутрони и пиони и помали честики како што се каоните. После тоа следува распаѓање на наелектризираните пиони и каони во миони, како примарна компонента на космичкото зрачење. Покрај двете споменати групи на миони во лиотсферата на Земјата настануваат две нови групи на миони: првата како последица на меѓусебното дејство на брзите атмосферски миони со карпите и втората т.н неутрино индуцирани миони во меѓусебното дејство на карпите со атмосферските мион-неутрини.
http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=EF6A13494DCD3641A8BB8E542162D347

И тетка Вики:
Лорандит е талиумов арсеничен сулфат со хемиска формула TlAsS2. Тој е откриен за прв пат во рудникот Алшар кај Кавадарци во 1894 и е именуван по Е. Лоранд, физичар од универзитетот во Будимпешта.
За Лорандитот се вели дека има натприородни-неземјени својства. Во Македонија го испитувале и научници од НАСА. Во 1978 година на тајна седница на Владата на СФРЈ е разгледувана можноста за давање на рудникот Алшар на користење на една голема светска сила која лорандитот би го користела за вселенски истражувања. Што е решено на таа седница, не е познато. Многумина научници велат дека со проучување на Лорандитот може да се дојде до толку посакуваната бесплатна енергија која би го сменила распоредот на силите во светов. Некои од истражувачите на оваа чудесна руда тврдат дека токму поради можноста за бесплатна енергија целата оваа работа останува не докрај разјаснета.
Најсигурен, и барем за сега единствен начин да се детектираат сончевите неутрина, а со тоа и да се дознае до која фаза се стигнати процесите во внатрешноста на Сонцето е со помош на ретката руда на талиумот – лорандит, која се наоѓа во рудникот „Алшар“ кај Кавадарци.
Станува збор за многу редок минерал за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија или можеби уште на Шри Ланка. Неговата моќ експертите ја гледаат во тоа што единствено тој природен елемент во светот ги препознава реакциите кои доаѓаат директно од јадрото на сонцето.
Истражувањата треба да докажат дека од тие реакции може да се добие таканаречено "вештачко сонце" кое би ослободувало енергија за потребите на огромни територии.
До црвенкастиот кристален елемент може да се дојде со дупчење на големите камени стени во чија длабочина е скриен. Со процесите на фусија и фисија и цепење на јадрата на елементот се претпоставува дека е можно да се ослободи енергија, која во ерата на се поголема употреба на алтернативни извори на обновлива енергија е добредојдена.
За лорандитот има и мистични приказни кои се преплетуваат со историјата на Македонија и доаѓаат се до Античка Македонија и славниот Александар Македонски
Во битките кои тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Затоа и не зачудува успехот на фалангата на Александар. Не е случајно ниту тоа што на штитовите на фалангата се наоѓало изгравирано познатото сонце од Кутлеш. Од таму можно е да потекнува и култот на Македонците кон Сонцето.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Лорандит



alsar.jpg



alshar1_01.jpg



Lorandite3.jpg
 
А да бидиш сигурен дека лорандитот ќе биде поскап од дијамант. Само да му ја најдат соодветната примена.
Цената не е толку важна. Важно е во колкави количини ние го имаме во зависност од другите земји.
 
Цената не е толку важна. Важно е во колкави количини ние го имаме во зависност од другите земји.
Споредено дека другите го немаат... билокојброј е бесконечно многу пати поголем од 0
 
Ajde moze ke ni se pozlati !!!

Може и ќе ти се позлати ко ќе ти дојдат дома и ќе ти го земат тоа единственото што го нема никаде, а ти ќе останеш подзинат. Ќе нема кој устата да ти ја затвори. Затоа, не ја отворај нагло.

--- надополнето ---

Цената не е толку важна. Важно е во колкави количини ние го имаме во зависност од другите земји.

Читај: Го има само кај нас, никаде на друго место.
 
Може и ќе ти се позлати ко ќе ти дојдат дома и ќе ти го земат тоа единственото што го нема никаде, а ти ќе останеш подзинат. Ќе нема кој устата да ти ја затвори. Затоа, не ја отворај нагло.

--- надополнето ---



Читај: Го има само кај нас, никаде на друго место.

Go ima i vo Meksiko mislam .
 
Паметна држава би го искористила ова на најдобар можен начин... Ама, овде има едно огромно АМА...
 
Go ima i vo Meksiko mislam .


Се верува дека освен кај нас го има и во Шри Ланка ама се "верува".Нема рудник,нема откопано\извадено ништо.Можеби го има уште на 10 места во светот ама дали некој ќе му се исплати да го извади.Колку што сум прочитал јас единствено "достапен" лорандитот го има во Алшар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom