Секој си ја креира својата вистина.
Секој може слободно да одбере во што ќе верува. Едни ја прифаќаат тешката задача да променат нешто на подобро, почнувајќи од себе, други неспособни за тоа, се водат од колективното.
Пред малку гледав документарка насловена како Esoteric Agenda. На почетокот, се презентираат манипулациите на тесен круг на хуманоиди врз општата маса, начинот на кој истата ја претвораат во аморфно тело кое им служи за потребите. Масони, Илуминати, војни, глад, страдања.
Човек да помисли дека на крај дури и ќе понуди реални решенија за проблемите.
Наместо тоа, препораката беше: Тие не можат да ви наштетат ако вие се свртите кон себе, ја истражувате вашата внатрешност и таму најдете мир.
Креаторот на документарката очигледно не сфатил дека е само во функција на манипулаторите. За проблеми како тие погоре, тој решение дава во вибрациите на човечкото тело, планетата, космосот, холограми...
Повелете, свртете се кон себе, истражувајте ја холограмската свест, медитирајте.
На манипулаторите не им требаат слуги кои ќе ја кренат тупаницата.