Приватни или Државни факултети?

Член од
22 август 2010
Мислења
110
Поени од реакции
14
Приватните факултети наспроти државните

Какво е вашето мислење за приватните факултети а какво за државните дали е подобро за вас да студирате на приватен или државен. Зошто луѓето најчесто зборат приватен факултет пфф гола вода а додека пак за државните професорите искомплексирани немат време за студентите итн.

П.С Ако има ваква тема делете :)
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Јас студирам на приватен факултет и сум задоволна од начинот на предавање и од се. Не се каам воопшто што се запишав на приватен факултет. Мои колешки што се префрлија од државен факултет, викаа дека уште на почетокот требало да се запишат на приватниот, а во државниот било само губење време - и добивање на неквалитетно образование и тортури од професорите. Можеби ќе платиш малку повече пари на приватен, ама и затоа ќе добиеш поквалитетно образование и ќе избегнеш "тортури" од професорите.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261

Колку конкретно би било тоа малку повеќе.
Некоја споредба на една година на приватен со една година на државен - рецимо со најскапиот (така мислам) за партиципација-економскиот. Колку даваш на економски (испит, предавања, уплати...) државен према приватен?

И второ би прашал-која е разликата у квалитет приватен државен...дали односот професор студент или самиот материјал (пошто колку што знам книгите и науката се воглавно тие, професорите се отприлика тие).
 
Јас мислев само на партиципацијата, тука е голема разликата, меѓутоа кога ќе споредиш потоа за (испит, предавања, уплати...) на државниот што ги уплатуваат- нема ни некоја голема разлика.

И второ би прашал-која е разликата у квалитет приватен државен...дали односот професор студент или самиот материјал (пошто колку што знам книгите и науката се воглавно тие, професорите се отприлика тие).
Квалитет на предавање, не на однос на професор-студент или материјалот. Да професорите се отприлика тие, Но, кога еден ист професор предава и на државен и на приватен не е ист. На приватниот ќе вложи малку повеќе во начинот на предавање (бидејќи е е повеќен платен) а на државниот не.
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
и сакаш да кажеш дека некој што ќе заврши информатика на фон
ќе знае повеќе од некој што завршил информатика на електро/пмф

:icon_eek:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
Јас студирам на приватен факултет и сум задоволна од начинот на предавање и од се. Не се каам воопшто што се запишав на приватен факултет. Мои колешки што се префрлија од државен факултет, викаа дека уште на почетокот требало да се запишат на приватниот, а во државниот било само губење време - и добивање на неквалитетно образование и тортури од професорите. Можеби ќе платиш малку повече пари на приватен, ама и затоа ќе добиеш поквалитетно образование и ќе избегнеш "тортури" од професорите.
3 грешки у старт:
1. Малку повеќе пари?
- Јас викам многу повеќе пари. Јас за 4 години плаќам колку што ти плаќаш за 1 година... сооднос од 4:1 не е малку ни кога купуваш шајки.
2. Неквалитетно образование?
- Смешно, стварно... Остај што е смешно па и неаргументирано...
3. Тортури?
- Да, има професори такви, некои 5% на секој факултет, али докажано е дека ако учиш ќе поминеш, сеа ако некој не сака да учи а да помине ќе вади муабети за професорите... И јас коа ќе добиев слаба оценка на родителите им викав ме мрази професорката... клише...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Ок е за квалитетот...но кој оди на факултет. Гледам маалска студентарија од приватните еднаш немаат стапнато на факултет, ниту седнато нешто да научат...а ќе поминат и ќе завршат што е малку повеќе нефер према оние што се трудат на приватен или државен (на прив. можеш и не мораш, на државниот мораш да се мачиш и трудиш). Значи проблемот го гледам во тоа што некои од приватните школи даваат можност (значи не велам за сите-не генерализирам) да завршиш и без скоро воопшто труд.
Инаку колкава е разликата во средства меѓу приватен и државен? Мислам сосе пријави за испити, за други средства и издатоци...

--- надополнето ---

3 грешки у старт:
1. Малку повеќе пари?
- Јас викам многу повеќе пари. Јас за 4 години плаќам колку што ти плаќаш за 1 година... сооднос од 4:1 не е малку ни кога купуваш шајки.
2. Неквалитетно образование?
- Смешно, стварно... Остај што е смешно па и неаргументирано...
3. Тортури?
- Да, има професори такви, некои 5% на секој факултет, али докажано е дека ако учиш ќе поминеш, сеа ако некој не сака да учи а да помине ќе вади муабети за професорите... И јас коа ќе добиев слаба оценка на родителите им викав ме мрази професорката... клише...
Државен економски мислам дека дадов годинава (2009/2010) негде 600-700 евра...отприлика сосе дел за пријавување
ако си со 200 или 400, точно...колку тие за една година (и помалку). Но како што збореа, имаат и други издатоци -обавезни екскурзии, лаптопи...затоа ги прашувам за конкретна бројка
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Квалитет на предавање, не на однос на професор-студент или материјалот. Да професорите се отприлика тие, Но, кога еден ист професор предава и на државен и на приватен не е ист. На приватниот ќе вложи малку повеќе во начинот на предавање (бидејќи е е повеќен платен) а на државниот не.
За малку повеќе музика, многу повеќе кеш. Четири години на државен ти се како една на приватен (барем за мене беше така со 500 евра кофинансирање). И да многу пати за време на студирањето сум велел „што не се запишав на приватен, ќе си дипломирав до сега, ќе си имав диплома, немаше да се мачам толку“, ама за тие што вистински студираат не постои тежок факултет и верувај тие „тортури“ ги преживуваат само студенти кои сакаат туку така да го поминат испитот (да и јас бев понекогаш таков). Приватниот пак ти е „пари на рака, диплома во рака“. Секое тутуле-бале што ќе се запише дипломира и третманот е поинаков од страна на професорите зошто така им налага деканот, бидејќи знае дека кога плаќаат родителите толкави суми на пари очекуваат нивното „злато“ од дете да си има и дипломче.
Ајде сеа студирајте на „добрите“ приватни факултети, па после во оглас: „Работното место не важи за студенти кои имаат дипломи од ФОН“. ;)
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Не знам што сте толку против приватните факултети. Викате дека секој кој што ќе се запише на приватен завршува, па нормално ќе заврши и на државен да е, кој учи ќе заврши без разлика кај студира.
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
Работното место не важи за студенти кои имаат дипломи од ФОН“. ;)
конкретно за ова сакав да искоментирам нешто

колку што знам вакви огласи пишувале вработени од други приватни факултети - чисто за да ја уништат конкуренцијата
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
конкретно за ова сакав да искоментирам нешто

колку што знам вакви огласи пишувале вработени од други приватни факултети - чисто за да ја уништат конкуренцијата
Уат !? И се пријават илјада луѓе на конкурсот и што ќе им речат: „Еј се шалевме, сакавме да ја заебеме конкуренцијата“!? Дај не зезај.
 
Член од
28 јуни 2010
Мислења
17
Поени од реакции
0
3 грешки у старт:
1. Малку повеќе пари?
- Јас викам многу повеќе пари. Јас за 4 години плаќам колку што ти плаќаш за 1 година... сооднос од 4:1 не е малку ни кога купуваш шајки.
2. Неквалитетно образование?
- Смешно, стварно... Остај што е смешно па и неаргументирано...
3. Тортури?
- Да, има професори такви, некои 5% на секој факултет, али докажано е дека ако учиш ќе поминеш, сеа ако некој не сака да учи а да помине ќе вади муабети за професорите... И јас коа ќе добиев слаба оценка на родителите им викав ме мрази професорката... клише...

Jas licno studira na privaten univerzitet.........
1.Parite sto gi davam na private mi se 90% opravdani........
2.A obrzovanieto e kvalitetno...i privatniot kako i drzavniot nemaat koj znae kolku kvalitetno obrzovanie so ogled na uslovite vo drzavata....megutoa ne znam kolku ste zapoznaeni ekonomskiot fakultet na nasiot univerzitet dobi priznanie deka na prksa ima prateno najdobri studenti+ako samiot ti sakas tebe se ti e ovozmozeno od strana na profesorite poveke od sto treba za da se educiras............taka da.....a ja najmalku so sakam e da se kurcam deka studiram na privaten.....univerzitet si e univerzitet samo e prasanje koj kolku saka da uci.........
 
М

Мартин`

Гостин
Не знам што сте толку против приватните факултети. Викате дека секој кој што ќе се запише на приватен завршува, па нормално ќе заврши и на државен да е, кој учи ќе заврши без разлика кај студира.
А демек оние на ФОН учат како што треба, дај не зафркавај материјалот што ви го даваат за полагање е многу по малку во споредба со она на државните факултети и незнам како можете да бидете по квалитетни од нив кога во годината учите дупло помалку материјал од нив. И важно е да се напомене дека дури на некои колоквиуми ги добиваат можните прашања им даваат 200 прашања и од тие 20-30 ќе им се паднат и тоа ти го рачунаш за факултет ? Ете моја братучетка заврши факултет а средно минеше со просек околу 2.5/3 максимум а сега го помина година за година, затоа сега виси дома и неможе да си најде работа, иста е случајот и со комшиката веќе 3 години откако заврши факултет неможе да си најде работа.. а како што знам со нов закон со 3 години ќе неможе во државна администрација а на ФОН ако сакаш да продолжиш треба да одиш 5 тогаш од кои последните 2 ти се по 5000 евра ако добро знам значи по 2000 евра за првите 3 години 6000 плус посдипломски уште 2 по 5000 евра тоа е и дипломата ти испаѓа 16.000 евра кога ќе ги извадиш тие пари во Македонија јас незнам ..

Не дека на приватните нема квалитетни студенти секако дека има ако се бројат на прсти што се вика и не се повеќе од 15% сигурно, сега па почнавте да зборувате за кадарот на државниот дека не бил лош оф леле на државните факултети се луѓето кои завршиле факултет во најтешките времиња и се едни од најквалитетните луѓе во државата во нивната струка а не само на факултетот.. ве разбирам имате пари и можете да ја купите дипломата ама барем не мачкајте очи знаеме каква е вистината, и да успат земете весник со понуди за работа ѕирнете на колку ќе пишува „Да не е од ФОН“ и сл ..
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
Уат !? И се пријават илјада луѓе на конкурсот и што ќе им речат: „Еј се шалевме, сакавме да ја заебеме конкуренцијата“!? Дај не зезај.
зашто мислиш така ><
како прво може огласот да е поднесен од фирма блиска на приватниот универзитет
второ можам ако сакам бројот што ќе го оставам да не постои или да биде изгасен цело време - битно луѓето ќе прочитаат НЕ ВАЖИ ЗА ФОН и ете
целта е остварена

него ова беше пред некој година - две кога вакви работи можеа да поминат неказнето
а сега вакво нешто да направиш го јадеш
 
Kajgana Shop

На врв Bottom