Ел Класико: Барселона - Реал Мадрид 29.11.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Iceboy
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи на дербито?


  • Вкупно гласачи
    307
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако имате некоја вест за темава бујрум,или некој јак пост како што кажа Нероазуро,а не да ја пумпате темава со прогнози.Ак сте мжи ојте в кладилница и играјте ја.
 
Ќе биде масакр на темава до понеделник:):)
Арно ми викаше мама: Синко не ја отварај темава ќе одговараш за геноцид :):)
 
Можам само да кажам дека натпреваров ќе биде ... ЛОМ :D (во позитивна смисла) ... Мое мислење за почетните состави :
Валдес- Пујол-Фонтас-Максвел-Алвес- Бускетс-Чави-Иниеста-Меси-Виља-Педро
Касиљас-Пепе-Албиол-Рамос-Марсело-Алонсо-Кедира-Ди Мариа-Озил-Роналдо-Хигуаин

Па нека победи подобриот ... мој тип : 1
 
Можам само да кажам дека натпреваров ќе биде ... ЛОМ :D (во позитивна смисла) ... Мое мислење за почетните состави :
Валдес- Пујол-Фонтас-Максвел-Алвес- Бускетс-Чави-Иниеста-Меси-Виља-Педро
Касиљас-Пепе-Албиол-Рамос-Марсело-Алонсо-Кедира-Ди Мариа-Озил-Роналдо-Хигуаин

Па нека победи подобриот ... мој тип : 1

Другарче Фонтас играше оти Пике ако добиеше жолт на натпреварот со Алмерија немаше да игра против Реал. А сега фино лепо Фонтас ќе се пресели на клупата, а Пике ќе се убаци во прв состав:)
 
Познавајќи го Мурињо не очекувам некој спектакуларен натпревар со многу голови. Веројатно негова примарна цел ќе биде да ги отсече Чави и Меси и да не им дозволи да се размавнат како што знаат. Од играчите на Реал очекувам многу трчање, особено од крилата кои секогаш во вакви дерби дуели под водство на Мурињо добиваат улога на втори бекови.

Мислам дека ќе има 2 - 3 гола максимум и секако навивачки типувам на победа на Барса. Сепак може да одлучи некој индивидуален потег, а и ако Реал постигне прв погодок ќе биде потоа тешко да се пробие нивната одбрана.

Останува да се види што смислил Пеп, со оглед на тоа дека кога игра против силни тимови кои играат дефанзивно (не значи дека ќе биде така овој пат) Барса има проблеми да го пробие противникот и тешко наоѓа контра игра.
 
Гласав дека ќе тепа Барса али никад неможеш да знаеш на вакви утакмици што ќе се деси,така да можно е и добриот Реал да победи ништо чудно..
 
Очекувам победа на Барселона,минимална.

Ќе биде мега-дуел во секој случај,се надевам барем да има повеке голови,и убава игра.
 
Овој натпревар секогаш е тежок за типување посебно сега во моментов кога двете екипи се најдобри во светот(се надевам сите ќе се сложите)..едноставно играчкиот кадар кај двете екипи е скоро совршен и како да нема слаби точки кај двата состави....но тука на овој натпревар му давам мала предност на Барселона поради домашниот терен и пред се поради играта која ја практикува..а па мадриѓаните го имаат Мур и што неможам да претпоставам кој ќе победи сеуште бидејќи стварно двете екипи се страшно силни...предноста На Барселона му ја давам кај најклучниот дел во екипата т.е. средниот ред(Чави и Бускетс) каде многу полесно ја развиваат играта и се многу поофанзивни за разлика од Кедира и Алонсо каде во концепцијата на Мур се подефанзивни играчи кои повеќе помагаат во одбрана и не се толку креативни за разлика од Чави и Бускетс.....кога би ја предвидел играта во мои очи уште отсега ќе ми излези слика дека Роналдо и Озил ќе бидат многу остечени од играта поради страшниот пресинг што го правата каталонците на тој дел од теренот и Игуаин ќе треба да се враќа на 50 метри за да прима топка..но ајде да видиме што ќе измисли Мурињо во поглед на поставеноста на теренот....

Колку за постеќање минатогодишниот натпревар на Ноу Камп каде Барселона победи со 1-0, Реал изигра одличен натпревар и во ниту еден момент Барселона не беше надомќна во поседот на топката и во шансите..напротив Мадриѓаните имаа посериозни шанси на 0-0 но не беа реализирани од нивна страна..а алонсо и диара изиграа одлично во средниот ред и добро му се спротиставија на Чави/Бускетс..но еден момент го реши дербито и веќе беше доцна реал да се врати во игра...муабетот ми беше дека Пелегрини тогаш одлично ја постави играта и го надмудри Пеп во тој поглед.....!

Конечен тип : 1-0 или 1-1!
Ваљда мислиш на Чави и на Иниеста пошо стварно не ја гледам креативноста на Бускетс :pos2:
 
хахах јака слика тончи за натпреваров со нетрпение чекам да дојди баш да видиме како ке делуваат и барса и реал кој ке го повлече првиот потек искрено ке биди тешко но се надевам на победа на барса... но сепак останува да видиме на 29 ти за 6 дена :toe:
 
доста и беше на барса дојде време реал да наплати со камата:zlo:
HALA MADRID
 
Конечно едно вистинско Ел Класико, во кое едната екипа не е фаворит, како што обично беше последниве години. Згора на тоа, се согласувам со тие кои велат дека во моментов овие се најсилните два тима во светот. Барселона има одлична генерација која долго време игра заедно, го имаат Меси кој е најдобар играч во моментов, и без разлика на статистиките, како играч е многу поважен за играта на Барселона отколку што е Роналдо за играта на Реал. И подобар фудбалер е, да не се лажеме. Во секој случај, Мурињо и тоаа како го среди Реал, доби одлични фудбалери, пред се Озил, и сега Реал заликува на Реал од старите добри времиња. Кралевите се мотивирани да ја прекинат доминацијата на Барселона, имаат тим, имаат тренер, имаат атмосфера, и ако ништо друго, ќе биде вистинска војна на Кампот.

Некои пишуваа за натпреварот Барселона - Интер, но ова нема да биде ништо налик на тоа, едноставно тогаш составот, резултатот од првата средба и исклучувањето на Тиаго Мота го принудија Мурињо да одигра како што одигра. Овој пат очекувам Мурињо да им даде посед на топка на Каталонците и да се фокусира на контрите и на градење позиции во зоната на удар каде што Роналдо може да биде опасен. И се разбира да направи кафез за Меси, што ќе биде пресудно за добар резултат.

Со нетрпение го очекувам натпреварот и навивам за Реал, како и секогаш!
 
abe site tipuvate deka messi ke dade eden ili dva gola
jas sum povike za villa da zdrme dva gola
povike keif ke mi naprave villa zs ke mu bide prv gol da mu dade na real,a messi vike ne e interesen sekoja godina mu siba po nekoe golce :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom