Скулгрл
Queen of the superficial::..
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 5.059
- Поени од реакции
- 69
Sims: The Movie
Култната компјутерска игра, Симс ќе биде запишана на листата игрици кои добиле своја филмска адаптација, откако холивудското студио Фокс ги откупи правата за екранизација од Електроник Артс.
Одговорен за проектот ќе биде филмскиот могул, Џон Дејвис чие име се појавува како продуцент на долга листа добро познати филмови, вклучувајќи ги и Eragon, Alien vs Predator, I, Robot и The day after tomorrow. Од Фокс откриваат дека автор на сценариото ќе биде Брајан Линч (Scary movie 3).
Во рок од седум години, колку што постои, оваа стратешка игра е продадена во повеќе од 85 милиони примероци ширум светот, носејќи му на издавачот приход од речиси 1,4 милијарди евра.
”Со оглед на тоа што Симс е игра која симулира настани од реалниот живот, се чини дека нејзината филмска адаптација ќе биде снимена на сличен начин како и хит филмот ‘Шоуто на Труман’”, најавува портпаролот на компанијата за компјутерски и видео игри.