Шота Буби
нотар
- Член од
- 4 март 2009
- Мислења
- 3.087
- Поени од реакции
- 1.780
Советот на Министри на ЕУ одлучи денеска да ги укине визите за државјаните на БиХ и Албанија, но, во исто време, воведе двоен механизам за надзор и “рано предупредување“ за сите земји од западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија која претходно беше симната од визната листа заедно со Србија и Црна Гора.
Одлуката за изземање на босанските и албанските државјани од обврската да поседуваат виза при патување во земјите од “шенген зоната“ во Европската унија (ЕУ), која евроминистрите за правда и за внатрешни работи ја усвоија едногласно на состанокот во Брисел, треба да стане правосилна од втората половина на декември.
Од друга страна, Европската комисија со посебна изјава укажа дека во случаите на нарушување на режимот на визната либерализација “може да превземе и мерка на привремено укинување“ на режимот на патување без виза во земјите од ЕУ.
До ова дојде бидејќи некои земји членки на ЕУ побараа многу да се заостри контролата на спроведување на визната либерализација за БиХ и Албанија, како и поради случаите на “лажни азиланти“ кои влегуваа во Унијата по укинувањето на визите за Македонија, Србија и Црна Гора.
Затоа, Европската комисија објави Изјава во која се нагласува дека нејзините експерти внимателно ќе ги “следат реформите што на тоа поле мораат да ги спроведваат земјите во регионот“.
ЕК редовно, на секои шест месеци, ќе им поднесува на министрите за правда и за внатрешни работи на ЕУ, извештаи за визната либерализација на целиот западен Балкан.
Исто така, се воведува и механизам за “рано предупредување“ на евентуални случаи на нарушување на визниот режим од страна на земјите од западен Балкан.