Се стега слободниот визен режим за патување во ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
Се стега слободниот визен режим
05.11.2010 15:46
evropska-komisija.jpg

Слободниот визен режим нема повеќе да биде толку слободен. ЕУ во понеделник на сите земји од регионот ќе им воведе контролни механизми поради тоа нивната неспособност да го спречат бранот на емигранти кои откако се укинаа визите ја преплавија ЕУ со барања за азил врз економска основа.
Земјите од ЕУ не обезбедуваат економски азил, единствено добредојдени се оние кои бегаат од своите земји поради политички прогон, закани по живот или евентуално од медицински причини.
Проблемот со азилантите од Србија, Македонија и Косово како што се стравуваше ќе влијае врз визниот режим. И покрај контролните механизми, Албанија и Босна и Херцеговина ќе бидат поштедени в понеделник од негативна одлука и ќе добијат зелено светло за безвизен режим, но и за нив ќе важат новите механизми на набљудување.
Земјите од ЕУ се надеваа дека предупредувањата и посетите на белгискиот премиер ќе бидат доволни, но тие не вродија со плод, така што земјите членки бараат поголеми гаранции.
Па така отсега, ќе се контролираат граничното управување и борбата против корупцијата на многу построг начин, а заклучоците ќе бидат дел редовен извештај кој ЕК ќе треба секои шест месеци да им го доставува на земјите членки на Унијата.
Земјите од регионот ќе треба позасилено да соработуваат во областа на разузнавањето со земјите од ЕУ а Брисел ќе ја контролира од поблиску и безбедноста на биометриските пасоши.
Штом ќе се јави проблем, ЕК ќе формира “ургентен центар“ кој ќе треба да ја разгледува состојбата.
Оваа одлука ќе биде донесена на состанокот на министрите за правда и внатрешни работи во понеделник. Најтврда е Холандија иако во ова земја немаше азилантски бран.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129793

изгледа ќе си го јадеме,сега кузнајт што ќе ни бараат кога ќе патуваме од следната недела во европските земји. Заради некои неписмени ќе страдаме сите, ајде со здравје нека ни е...:tapp:
 
еден од благодетите на имањето огромна количина цигојнери во државата....
 
Пред да ги укинат визите нашиве мислеа дека конечно ќе влезат во "задниот рај" и ќе прават пари таму. Ама не излезе како што сакаа. И која будала треба да си бе за да се соберат неколку илјади и да бараат азил? Со ова само се глупираат и затоа сега ЕУ ќе воведува по ригорозни мерки на границите, а може со тек на времето и пак да го скинат безвизниот режим.
 
Глупости од А1. Нема да има никакви контролни механизми, не може да спречат никој да оди ако сака, плус не можат да не му плаќаат за депортација.
„Стегање“ може да биде во вид на посилна проверка на документи и барање на работна виза кај оние кои се подолго од три месеци во период од 6 месеци во ЕУ, но тоа беше и досега.
 
:nenene: Не би рекол, ево ти извори и од новамакедонија

Брисел построго ќе го контролира безвизниот режим за Западен Балкан

ЕУ ќе ги укине визите за граѓаните на Босна и на Албанија, но ќе биде воведен двостепен механизам за контрола на безвизниот режим за сите земји од Западен Балкан. На такви мерки најмногу инсистирале Холандија и уште неколку членки на ЕУ, пренесува Б92

Се очекува в понеделник министрите за надворешни работи и правда на ЕУ да го одобрат укинувањето на шенгенските визи за Босна и за Албанија. Истовремено, Европската комисија ќе го најави воведувањето на механизмот за следење на спроведувањето на визната либерализација во практиката во сите земји од регионот, односно за Србија, Црна Гора и за Македонија, чии граѓани од минатиот декември можат слободно да патуваат во Унијата.

Главна цел на механизмот е да се спречи бројот на лицата надвор од Европа, кои преку Западен Балкан би дошле во ЕУ со барање за добивање азил, како и да се осуетат организираниот криминал и тероризам. ЕК на секои шест месеци ќе поднесува извештај за спроведувањето на безвизниот режим.

Во меѓувреме, албанскиот премиер Сали Бериша порача дека ЕУ не треба да стравува од зголемен прилив на Албанци доколку наредната недела бидат укинати визите за граѓаните на Албанија.

- И покрај тоа што Албанија и понатаму е сиромашна, ЕУ може да ги отвори границите за Албанците без страв. Нема да има егзодус сличен на оној од почетокот на 1990-те години - нагласил Бериша.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11610953593&id=11&prilog=0&setIzdanie=22126
 
Нема што -не би рекол-.
Не може да има никаква контрола поголема од онаа која е денес.
Визи нема да има, за туристичко патување не можат никого да спречат.
Евентуално, некои цигани или други сомнителни може да ги враќаат на граница наместо да ги депортираат, ко што правеа србите.
Очигледни случаи, на пример цел автобус од Липково или Шутка кога оди за Белгија.
 
Да ама до сега не ни бараа гарантно писмо,банкарска гаранција и документ дека не си осуден, според некои експерти од следната недела овие услови за секое патување нај веројатно ќе се бараат..
Дај боже да биде ти како што велиш, ама не верувам...
 
Нема ништо од тоа да се бара, се ќе е ко и досега.
А убаво би било кога македонските извори пишуваат за вакви вести, да го прикажат и изворот од каде ги дознале.
 
Нема ништо од тоа да се бара, се ќе е ко и досега.
А убаво би било кога македонските извори пишуваат за вакви вести, да го прикажат и изворот од каде ги дознале.
Анонимни дипломати од Брисел. :)
 
Нема ништо од тоа да се бара, се ќе е ко и досега.
А убаво би било кога македонските извори пишуваат за вакви вести, да го прикажат и изворот од каде ги дознале.

Пред ова изворите беа од ЕУ Обсервер

ЕУ Обсервер“: На Србите и Македонците им се заканува повторно воведување на визи

prazno.gif
prazno.gif
22.10.2010 10:34
На Србите и Македонците за патување во Европската унија можеби повторно ќе им бидат потребни визи, поради големиот број азиланти кои од овие две држави патуваат во 27-те земји-членки, тврди интернет сајтот „ЕУ Обсервер“.
Европската унија ги укина визите за граѓаните на Србија и Македонија, пред 10 месеци. Од тогаш, само во германската провинција Баварија, барање за политички азил поднеле неколку стотици граѓани од двете земји.
Европската комисија до Србија и Македонија испрати писмо во кое од тамошните министри за внатрешни работи побара интервенција по ова прашање.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129124
 
Не сакам да завлегувам и да се фаќаме за формалности.
Никаде нема што значи тоа -контролни механизми-. По ниедна логика, кога даваш слободен безвизен режим нема начин да ги спречиш луѓето да патуваат.
Не може да има постулат -им даваме безвизен режим и на БиХ и на Албанија- кој ќе следи со -и за нив ќе важат засилените контроли-.
Единствено можно е она кое го напишав претходно, а за извор, повеќе мислев на опис на инструментите кои би се примениле.
 
Па да де, нема да има визи како што е и сега,но работата е што до сега доволно беше само со биометриски пасош да се патува, но од понеделник ќе се донесе по строги мерки, значи до сега за да патуваш доволно ти беше само биометрискиот пасош,,,но со овие одлуки ќе се бара гарантно писмо или хотелска гаранција по границите, а во едно можно би било да се побара и уверение дека не си осуден...
Нема проблем кој што ќе сака ќе патува пак,,,но зошто бе мајката на граница да се понашат ко да сме ајвани......
 
Нема бе да се бара, што го повторуваш истото.
Никакви гарантни писма, никакви резервации во хотел.
Доста со дезинформации.
 
Ок ,имаат право да ја засилат контролата и никој не може да им оспори.Не знам зашто Македонија не си го користи истото право па да ја засили контролата за сите кои влегуваат и излегуваат од државата како и своите граници.Поред големото количество на дрога ,трговија со оружје и сл, ние им дадовме на граѓаните на ЕУ да влегуваат со покажан дневен весник на граница од земјата од која доаѓаат.Божем тие разни “швицарци ,белгијци,норвежани и сл.“се олицетворение на поштени и добронамерни европјани.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom