Во која земја е најдобро да се живее?

baksterski

Националист тип 500
Член од
22 февруари 2010
Мислења
431
Поени од реакции
277
Svajcarija definitivno najubavo se zivee
miren zivot, redovna plata i nema seljastvo :icon_bigg
 
A

Antigona

Гостин
Најубаво место за живеење е Скандинавија(Шведска,Норвешка и Данска).Со една плата можеш да живееш сам под кирија,па дури и со кредит да си уплатиш стан(да купиш таму стан цените се нешто слични како тука).Работни места има,и работниците имаат огромни поволности,им се плаќа прекувремено,бонуси,викенди се слободни и слично.Шведска е преубава,се е средено,се е убаво,преубави девојки...

Кога би имал можност нормално дека би отишол таму да живеам.Со оглед на тоа дека огромен дел од македонските фамилии живеат месец за месец,не гледам перспектива тука.

Нормално дека никогаш не би си отишол од Македонија кога би земал солидна плата,со која можеш да си дозволиш нормални работи како среќлиите од Скандинавија!

Не е се такак како што мислиш ти. Не планирам да објаснувам многу само ке ти кажам дека пред 6 месеци 5 фамилии македонски заминаа во Шведска со бугарски пасош надевајки се на подобра иднина од Мк. Таму беа сместени кај наши македонци за да не плаќаат кирија, но ниту еден член од сите кои заминаа НЕ УСПЕА да најде работа бидејки не знаеше да зборува шведски .
Затоа после 6 неуспешни месеци, се вратија повторно во Македонија.

Значи не е баш толку лесно како пред неколку години и не се занесувајте дека така ке ти прдни и ке идиш таму и ке се усреќиш.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Холандија . (АМСТЕРДАМ ) !!!! :drk::drk::drk::drk::mist::mist::mist::mist::mist::party3::party3:
 
A

Antigona

Гостин
За Швајцарија не сум размислувала никогаш, во Шведска и Норвешка не сум била, но Норвешка неколку години по ред важи за земја каде најубаво се живее. Германија...Сум била, и лично би живеела таму, иако е страшно голема разлика од тука, би требало доста време за некој Македонец да се привикне таму да живее. И за крај, Холандија, земја каде што сум била неколку пати, и едвај чекам повторно да одам...Прекрасни луѓе, прекрасна атмосфера, едноставно се во суперлативи...Се функционира беспрекорно...Здравството е на многу високо ниво (смешно е да се споредува со нашето), имав можност од блиску да се запознаам со нивниот систем...Образованието исто е страшно добро...За друго не би можела многу да коментирам...Во секој случај, се надевам дека за некоја година ќе можам таму да се преселам...

А за тие што викаат дека Македонија е најдобра за живеење, очигледно е дека не прошетале низ светов и не виделе подобро...(ова важи за повеќето)

Е од вакви паметњаковци кои зборуват во име на сите ми е скурчено.

Еве ке ти речам дека јас на времето кога заминав во Германија се навикнав на животот таму уште првиот месец, сакаш ти верувај, сакаш не. И немој да ми збориш дека тешко било за македонец да се навикне таму.

Зборувај си за тебе лично , тебе колку ти било тешко. Не можеш да зборуваш за цела македонска нација. Она болдираново ме исфрустрира , као демек македонциве не можат да се снајдат во некојаси Германија, а од каде ти на тебе толкаво знаење, дали си експерт па да знаеш дали би се снашле ???

Кога би посочила некој конкретен пример од искуства на некои би било праведно, но вака со твојов коментар звучи бедно.

А според комплетниот твој пост , освен пусти желби да се излезе надвор од Мк, други и не забележувам вака од страна гледано.
 
P

Peaceful Anger

Гостин
Alberta and British Columbia, Canada, рај за душа и за очи, свежа клима у лето, снег у зима... економски гледано Канада е добра... само како да се отииде бе мајку му
 
Член од
22 октомври 2010
Мислења
182
Поени од реакции
51
Според мене најубаво да се живее е во Германија,знам германски јазик, сум бил таму една година и преубаво си поминав,германците се супер,културен народ,друштвени се луѓево,чисто е премногу,многу се обрнува внимание на спорт... очекувам многу скоро пак да одам за Германија, овој пат на подолго време ;)
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.089
Alberta and British Columbia, Canada, рај за душа и за очи, свежа клима у лето, снег у зима... економски гледано Канада е добра... само како да се отииде бе мајку му
И Квебек не е лошо,а и не праат мн. проблеми за емиграција.Ако исполнуеш некои критериуми те примаат без проблем.
 
P

Peaceful Anger

Гостин
И Квебек не е лошо,а и не праат мн. проблеми за емиграција.Ако исполнуеш некои критериуми те примаат без проблем.
Да скоро цела Канада е таква знам...брат дај кажи негде од кај да видам шо критериуми се? Ја сакам да идам ама сегде кај шо глеав по итнернетов бајаги кешлак бараа однапред а и шо ги знам не ми се сигурни
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.089
Да скоро цела Канада е таква знам...брат дај кажи негде од кај да видам шо критериуми се? Ја сакам да идам ама сегде кај шо глеав по итнернетов бајаги кешлак бараа однапред а и шо ги знам не ми се сигурни
Aко имаш 19 год. тешко.Основните критериуми се да си женет,барем едно дете,факултет,најмалку шест месеци работен стаж,основни познавања француски(за у Квебек),потоа жена ти ако има факултет,знае јазик,доколку имаш повеќе деца се’ е тоа плус.Мислам дека имаше на сајтот на канадската влада има како тест и си глеаш дали си ги исполнуваш критериумите.Имаше и список од каква професија луѓе им се најпотребни,мада од секаква имаат недостиг.
 
Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
749
Јас бев на еден месец во Германија... и преубо си поминав. Си планирам таму да се преселам, во Heidelberg или Stuttgart. :)
Според мене најубаво да се живее е во Германија,знам германски јазик, сум бил таму една година и преубаво си поминав,германците се супер,културен народ,друштвени се луѓево,чисто е премногу,многу се обрнува внимание на спорт... очекувам многу скоро пак да одам за Германија, овој пат на подолго време ;)
 
Член од
17 март 2009
Мислења
194
Поени од реакции
22
што убава тема баш уште да почнеме да работиме.Македонија си е Македонија,сакам тука да работам а за прошетка низ светов само Шпанија и цела Јужна Америка.Не сакам да работам како црнец,си го сакам овој менталитет во Мк, и целата слобода што може тука да се најде....
 
P

Peaceful Anger

Гостин
Aко имаш 19 год. тешко.Основните критериуми се да си женет,барем едно дете,факултет,најмалку шест месеци работен стаж,основни познавања француски(за у Квебек),потоа жена ти ако има факултет,знае јазик,доколку имаш повеќе деца се’ е тоа плус.Мислам дека имаше на сајтот на канадската влада има како тест и си глеаш дали си ги исполнуваш критериумите.Имаше и список од каква професија луѓе им се најпотребни,мада од секаква имаат недостиг.
:pos::pos: знааам дека имаше вака нешто xD... ќе почека тогаш, а ако сум баксуз више нема да примаат коа ќе стигнам ја :zid: а од кај знаеш може и Македонијава ќе ни се опраи до тогаш:pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom