Колку сте високи колку сте тешки? Проблеми, ситуации?

Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325
Незнам сеа темава дали има врска со „ЗДРАВЈЕ“, но мене ме интересира дали можам сеуште да растам во висина иако имам 16,5 години, затоа што мислам дека сум низок со моите 170cm. Дали можеби има некои посебни вежби кои можат да ми помогнат и дали исхраната има улога во ова?? Помагајтее! :toe:
Друже не се замарај со тоа бе. Има време ќе пораснеш, се е до гените верувај. Еве јас сум 1.85 а сум 18 години, на 16,5 години имав 1.75 а израснав за 2 години, можда е и од кошарката нешто незнам, ама ти препорачувам да не се замараш околу тоа, соочи се со тоа што си.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Играј кошарка, скоро на сите шо биле упорни им успеало. Скоро :)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Незнам сеа темава дали има врска со „ЗДРАВЈЕ“, но мене ме интересира дали можам сеуште да растам во висина иако имам 16,5 години, затоа што мислам дека сум низок со моите 170cm. Дали можеби има некои посебни вежби кои можат да ми помогнат и дали исхраната има улога во ова?? Помагајтее! :toe:
Јбг против гени не се може ништо, али ти имаш 16 така да имаш време уште, мажите колку што знам до кај 23 - 24 растат. Ја последен пат се мерев на 18 и имав 177, лани баш гледав една ваква слична тема и од љубопитство да видам се измерив и на мое изненадување сум се качил на 179, а ништо посебно не сум спортувал освен трчање на кеј. А замисли ијам внук на 15 - 16 години висок е 195 - 196 и му е криво што е толку висок :). Така да колку помалку се оптеретуваш толку подобро ќе биде односно нема да имаш проблем со висина.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Лани во ноември на систематски бев 1.76, во јануари си нправив вратило, вежбав и се истегнував секојдневно , летото посетував теретана... сеа сум 1.87. МИслам дека вратилото ми помогна околу издожувањето...
пробај :)
 
Член од
29 јули 2010
Мислења
68
Поени од реакции
4
Лани во ноември на систематски бев 1.76, во јануари си нправив вратило, вежбав и се истегнував секојдневно , летото посетував теретана... сеа сум 1.87. МИслам дека вратилото ми помогна околу издожувањето...
пробај :)
На какво вратило мислиш??

--- надополнето ---

Да за во здравје е, и да можеш да растеш сеуште. :)


Има вежби за истегнување:


Клик за секое поединечно.

Исхраната исто така има голема улога во растењето. На твоето тело повеќе му требаат протеини, витамини и минерали отколку јаглехидрати и масти. Протеините се основните компоненти на сите живи клетки и содржат многу супстанции, како што се ензимите, хормони за растење, и антитела кои се неопходни за правилно функционирање на организмот.
Најправилен режим на исхрана за внесување на протеини ќе го добиеш преку храна која содржи најсоодветна дистрибуција на амино киселини како што се: риба, јајца, млеко и мешунки( пример грав )..
Оваа храна ги содржи повеќе од 20 амино киселини, вклучувајќи ги осумте есенцијални амино киселини кои не се синтетизираат во твоето тело. Затоа замени ги оризот, лебот, хамбургерот со: риба, јајца, обезмастено млеко..
Најважниот минерал е калциумот. Немој да консумираш кафе, безалкохолни пијалоци со рафиниран шеќер, концентриран засладувач, премногу сол, масти, алкохол и цигари.
Замени ги со гореспоменатите: јајца, мешунки, животински црн дроб, многу овошје, зеленчук, обезмастено млеко, млечни производи и морски плодови.

Спиењето исто така е еден од факторите за раст. Тоа ја регулира способноста на твоето тело да се развива природно. Затоа и сме повисоки во утринските часови отколку во текот на ноќта.
За време на спиењето 'рбетниот столб е во релаксирана состојба и се шири.
Се надевам дека колку - толку, ти помогнав. Со среќа.
Фала многу, ќе ги пробам вежбиве :)
p.s: Не пијам и не пушам! ;)
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Вратило.. обично, у двор.. 2 дрва 1 шипка...
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
ti dete dobivash prst ja barash cela raka , ps ... i jas sum 16,5 god pa sum negde 175cm.. a imam drugarche i edna drugarka veruval ili ne mashkoto e 152 cm a devojcheto 145cm... pa tie sho da rechat?
 
S

smart ass

Гостин
Ја би ве замолил да не си создавате вештачки ПРОБЛЕМ и причина за губење на самодоверба-ВИСИНАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ.

Е кај жениве за слабеењето и исхраната(здрава) имаме проблем.

 
A

Auditore

Гостин
И јас имам проблем со висина , во јануари пунам 17 години а висок сум 168..За машки е тоа малку, и си имам набиено комплекс дека сум низок и во последно време сум оптеретен со тоа.
Не знам, сега планирам да почнам да тренирам нешто(футсал или кошарка) да се активирам физички, да почнам здраво да се исхранувам па ќе видиме како ќе биде.
И тоа сум у дилема дали да почнам футсал или кошарка, футсалот ме повеќе влече, али со него не се расне а знам многу луѓе шо тренирале кошарка пораснале колку-толку.
Можеби и е до гените, и моите родители се доста ниски, татко ми е 170 висок, а на мајка ми одамна и јадам бурек на глава..:pos2:
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
За тие години што ги имаш па и не ти е баш лоша висината, имаш време до 18 да пораснеш уште некoлку сантими :)
 
П

Пепси_

Гостин
И јас имам 16 години и сум 1.75 и ваљда че пораснам уште има време.А ти момаку да не се преоптоваруваш со тоа...прави си вежби не мора некои посебни прави некои рандом за истегање наутро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom