Принцезичка
courage is contagious
- Член од
- 12 декември 2008
- Мислења
- 1.556
- Поени од реакции
- 348
Изгласан е буџетот во 22 октомври еве дел од известувањата од повеќе медиуми
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=29238
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=66240
Само не знам од каде ќе успеат да најдат 2.6 милијадрди евра
Ваше мислење развоен или деструктивен кои ќе го доуништи стопанството
Платите на администрацијата и догодина ќе бидат замрзнати, нови вработувања ќе има само за тие со рамковен и Еу. Власта го усвои буџетот за догодина, ја промени ставката за развој, за 29% повеќе пари ќе имало за капитални проекти. Министерот Ставрески тврди дека е скроен развоен буџет.
,,Имаме пораст на капиталните инвестиции, кои што е предвидено во 2011 година да се зголемат за 5.147.000.000 денари,, вели министерот.
Државната каса во 2011- та ќе тежи 2,6 милијарди евра, со 6,8% поголеми расходи од годинава.
Буџетскиот дефицит ќе изнесува 2,5% од бруто домашниот производ или 11,5 милијарди денари, а ќе се финансира во најголем дел од странски извори, ММФ и евентуално издавање еврообврзница.
На домашен терен, Ставрески најави дека ќе запре издавањето на државни записи, освен тие што доспеваат за исплата.
Планирани се пари за инфаструктурни проекти, над милијарда денари повеќе од лани добиваат министерствата за здравство, образование, земјоделство и транспорт.
Власта е оптимист за раст на вкупната економија од 3,5%, инфлацијата е проектирана на 3 отсто.
Ако Буџетот за 2010 година беше буџет на стабилизација на економијата, скроениот за 2011 година е инвестициски и развоен- уверува власта.
Буџетот за догодина се очекува да стигне пред пратениците, на почетокот од ноември.
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=29238
Инвестициски и развоен, ваков ќе биде буџетот за 2011, вели министерот за финансии, Зоран Ставрески. Наместо штедење, најмногу пари ќе се потрошат за капитални инвестиции, дури за 29% повеќе отколку годинава или плус 88 милиони евра.
Се очекува раст на БДП на 3,5% и инфлација од 3%. Буџетот за 2011 е проектиран на речиси 2,6 милијарди евра или 6,8% повеќе отколку оваа. Приходите се 2,4 милијарди евра или 6,6 % повеќе отколку за 2010. Дефицитот според Ставрески е во рамките на дозволеното 188 милиони евра или 2,5% од БДП.
-Вака проектиран буџет се темели на порастот на европските економии, стабилизирање на домашната потрошувачка и прогнозите за зголемување на кредитната активност, вели министерот за финансии Зоран Ставерски.
Од капиталните инвестиции најмногу пари ќе се потрошат за здравство плус 29 милиони евра отколку за оваа, за образование плус 29 милиони евра, земјоделие плус 20 милиони, само за субвенции нови 115 милиони евра и 14 милиони евра за транспорт.
Тековните расходите ќе се зголемат за 3,9%. Финансирањето на дефицитот ќе се покрива од надворешни финансиски институции, од издавање на евро обврзницата или од парите што ги нуди ММФ, но за ова ќе се донесе владина одлука. Се планира извозот да порасне за 10,5 % а увозот за 9,5%.
Според Ставрески, во наредната година ќе се замрзне зголемувањето на платите и пензиите на сметка на капиталните инвестиции. Ќе се водело и стога дисциплина за новите вработувања.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=66240
Само не знам од каде ќе успеат да најдат 2.6 милијадрди евра
Ваше мислење развоен или деструктивен кои ќе го доуништи стопанството
