Мрзам да копирам од википедија али...
http://en.wikipedia.org/wiki/Wishful_thinking
Иако денес науката има многу одговори,таа ги нема сите,засега.
Одговорите кои не можеме да си ги дадеме,ги заменуваме со формата на утеха наречена вера.
Ја имаш интелегенцијата и отворен ум, а сепак одбиваш да одиш подалеку од конвенционалната мудрост исполнета со сарказам кога станува збор за човечката психологија и спиритуалност . Интересно
Еве нешто за размислување
Бог постои, само што бог не е тоа што го преставуваат религиите, бог не може да се опише, ниту пак дефинира . Како можеш да дефинираш нешто што не можеме да го разбереме само го чуствуваме. Тоа предизвикува чуство на несигурност и неизвесност кое не му се допаѓа ниту на обичниот човек, ниту на императорите, ниту на оние кои ја контролираат планетава или барем кои мислат дека ја контролираат. Затоа секогаш настапуваат првин оние кои велат дека бог треба да го најдеш во себе, оние кои го опишале својот пат и својат поглед кон бог ( универзалната свесност) и потоа настапуваат манипулаторите, опуртунистите, политичарите и жедните за моќ кои успеале ова да го извитоперат и злоупотребат тоа наследство оставено на нас во нивна корист. Од тука доаѓа и гадењето и оштрата реакција на дел од луѓето кои се нарекуваат атеисти . Тие не се атести туку едноставно против организирана религија, луѓе кои се плашат дека инквизацијата и мрачното доба ќе се врати пак. Се разбира има и тие кои го злоупотребуваат атеизмот за да се покажат и докажат на форум колку се интелегентни и оние кои полесно спијат навечер со фактот дека постои големо ништавило пред и после овој живот и со тоа си даваат за право да прават неправди и зло или барем да молчат кога се прават пред нивните очи
.
Секое живо битие на планетава има конекција со бог, вклучително и човекот. Секое живо човечко битие знае што е зло што е добро не треба некој свештеник или бирократ да ни каже ( ако не верувате ѕирнете за племињата или цивилизациите ќе забележите дека сите имааат слични закони и кодекси на однесување со вариации). Проблемот е што некој одамна сватил дека ако ја прекинеш таа природна спиритуална врска со бога добиваш човек кој лесно можеш да го контролираш и манипулираш . Најизразена оваа практика била во Британската империја каде ги христијанизирале робовите и со тоа им ја одземале духовната врска за разлика од французите кои ги оставале да практицираат својата религија затоа французите го изгубија брзо хаити како резултат на побуна на робовите но и затоа постои вуду религијата која некој хибрид од христијанство и афрички религии .Тешко дека ќе забележиш некоја робска побуна кај Британците поради нивните практики .
Така да се вратиме на темата затоа постоело горење на вештерки и репресија на луѓето посебно во нивните верувања и спиритуалност од страна на црквата во јамство со властите. За да можат да ги контролираат луѓето за да полесно можат да им го исперат мозокот дека власта е дадена од бога и секој кој е покорен ќе иде во рајот. За да им даде некаков лажен комфор и лажно оправдување и рационализирање за злото кое дозволиле да се направи .
Зошто некои луѓе стануваат религиозни фанатици? Бидејќи се исплашени, бидејќи не знаат и не сакаат да знаат за бог, не сакаат да го осознаат. Одбиваат бидејќи тој пат е навистина тежок. Тоа значи да се судриш со се ! Буквално со се ! Со системот! Со фамилијата! Со околината ! Со нивните корумпирани практики, да ги соочиш со реалноста, да ја кажуваш вистината . Тоа значи да отфрлиш се што си верувал и да почнеш од ново . Од нула. Верувај ми тоа е најболното нешто . Најболно е да се смениш , најболно е кога сваќаш дека не знаеш ништо и дека се што те учеле е еден куп лаги. Најболно е бидејќи тогаш твоето его е уништено, тогаш сваќаш дека си обичен пион, бројка, статистика и дека сета таа конвенционална мудрост се само митови и приказни за да те држат во место -окован.
Луѓето знаат дека нешто фали но не знаат што. Затоа имаш еден куп култови и превари како скиентологија каде буквално луѓето ги ограбуваат со ветување дека ќе го спознаат бога кои пак ја експлатираат изгубената врска меѓу бог и луѓето празнината која стои во нив а не знаат како да ја пополнат.
Затоа на некои им е полесно едноставно да станат дел од некоја веќе прифатена религија полесно им е да веруваат и да изведуваат цел куп бесмислени ритуали само за да се осеќаат подобро во врска со себе. Едноставно полесно е така .
Бог нема да го најдеш во библијата, ниту во молитва, ниту во боцкање на вуду кукли и пеење кумбаја. Бог можеш да го најдеш само ако искрено со целото свое битие го побараш .
Се додека луѓето не сватат дека има работи кои не можат да ги контролираат и дефинираат, се додека не сватат дека напикување во грло некакви стихови, практики и потценување на другите начини на обожавање и верување не е начин да се обожава бог туку со делата наши и оставање останатите луѓе да практицираат на свој начин вербата во бог до тогаш ќе имаме бесмислени дебати,конверзации и еден куп омраза,омаложување и навреди . Се до оној момент не сватиме дека сите патишта водат кон бог и дека секој има различно гледиште кон бог бидејќи е поинаков од тебе и од другите и се околу нас и ние самите сме манифестација на бог овие глупости нема да завршат .