Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.544
- Поени од реакции
- 5.222
Роберт Едвардс добитник на Нобеловата награда за медицина
Стокхолм, 4. октомври 2010 (ИНПРЕС)
Британскиот лекар и ембриолог Роберт Едвардс, чија работа доведе до раѓање на првото „бебе од епрувета", е добитник на овогодинешната Нобелова награда за медицина, соопшти шведскиот институт „Каролинска“.
- Неговата работа овозможи лечење на неплодноста, што е проблем на голем број луѓе, се наведува во официјалното соопштение.
Традиционално, Нобеловата награда за медицина е прва од шесте награди (за физика, хемија, литература, мир и економија) кои се доделуваат секоја година и кои носат и парична награда од 1,4 милиони долари.
Роберт Едвардс (85) заедно со хирургот Патрик Степт го изврши првото ин витро оплодување, кое на 25. јули 1978. година резултираше со раѓањето на Луиз Браун, која е прво „бебе од епрувета" во светот
Извор
Пред неколку декади, кога овогодинешниот добитник на Нобеловата награда за медицина, сакаше да го направи она што денес е секојдневие, беше жестоко оспоруван и запиран од страна на "етиката", разни групи и главно од религијата.
Денес, кога се извршени милиони такви оплодувања и милиони двојки го добиле она што го сакаат - дете и тоа преставува секојдневие, треба да се запрашаме што ќе се случеше ако успееа оние од другата страна?
И уште поважно, ова треба да служи за пример за во иднина.
Добитници на Нобелова награда за физика се Холанѓанецот Андре Геим и Русинот Константин Новоселов.