http://www.imdb.com/title/tt0304857/
И самиов наслов кажува се за филмот. Двајца луѓе отидоа во војна.
Се работи за исклучително добар хумор. Британциве знаат да прикажат одличен хумор. И самиот постер кажува - Вистинита приказна во која никој не верува
.
Точно е дека е тешка за верување од кога ќе го изгледате филмот, ама има неколку податоци дека некои работи навистина се случиле.
Замислете приказна во која двајца луѓе за време на втората светска војна, одлучуваат сами да се борат против фашистите.
Прилично смешно сценарио, а воедно и многу сериозно.
Оригинална замисла. Дури и глумата е на врвно ниво.
Све на све, филмов во ниеден момент не е досаден. И дури расплетот е многу непредвидлив.
И целиот тој донкихотски поход, ретко кој го видел или слушнал за него.
Така да... филмов вреди да се гледа, одамна сакав да го рецензирам малку, ама тешко наоѓам време.
А има да се пише многу.