Знаеш сум го правел муабетот со другари и другарки несомнено дека е актуелна тема па ќе се потрудам поопширно и позатупувачки да одговорам од заклучокот што сум го донел.
Главниот проблем е неприродноста на таа иницијална почетна комуникација што не е основана на медијаторство. Во други држави спонтани запознавања се најприродна и нормална работа, луѓето се навикнати на тоа и се иде полесно. Кај нас не е така од неколку причини воглавном малограѓанштина, секој сеир фаќа, затвореност и крутост на луѓето кога се такви нови во клуб запознавања. Кога ќе видиш како некој од еден ќош во некој локал и пристапува за муабет на некоја си икс во друг ќош во преку 90% од ситуации дефинитивно ја знае од негде претходно. Тешкото мнозинство нормално вклучувајќи се и себе и повеќето другари и другарки што ги знам своите сегашни и бивши партнери ги имаат запознаено преку медијторство-кај братучедка и на роденден, од на мајка и вујната кај исти фризер што иделе и слично. Има и дел што се запознале да речеме на некој курс по странски јазик, на факултет, на екскурзии и слично ама па таму условите се други, таму што се вика сакал-нејќел ќе се запознаеш, таму имаш некое време на адаптација што го немаш во клубот затоа што тие луѓе сепак ги гледаш често па после одредено време некој ќе каже нешто во стил извини таа скриптата да не ја имаш да ја ископирам, па срамежливо ќе падне прво кафе од група, амфитеатар што сте па понатаму после ќе продолжи комуникацијата да си тече а со тоа и запознавњето, па размена на телефони, па ако начекаш некоја што ти е посимпатична можеш индивидуално да ја викнеш на дејт. Со други зборови релативно бавна процедура. Во локали односно клубови и дискотеки ако се одлучиш на таков пристап таа цела процедура што нормално трае од неколку дена до неколку недели буквално ја кратиш на времетраење од еден разговор, а на повеќето девојки па и на машки тој начин им е туѓ, многу исфорсиран и избрзан, неприроден и автоматски од старт реакциите особено кај женските се негативни. Стандрарден исклучок е Новогодишната ноќ. Таа комбинација од алкохол и празнична еуфорија како и сумирање на целиот очај од претходната година руши многу бариери се е поопуштено и работите течат онака смуут. Илузорно е затоа што сепак се тоа ти е во глава и секој вечер или викенд може да бидат такви ама не се. Глупа перцепција и потсвесно турање на халуцинација во мозок дека за Нова Година се е дозволено а за други викенди не.
Кога ќе се навикнете на тоа дека додека седите на шанк и на кафе со другарките во некој кафич дека некој може да земе столче и да седне до вас, кога нема да превртувате очи, смрштувате фаци, и давате реакции од типот ај бриши, јас сум дојдена да се журкам а ти ми ја расипуваш вечерта тогаш ќе се сменат работите. Не може ем сакам да ми пристапи во дискотека, ем ако не ми е погодена вечерта да го гледам како таа покварената професорка од средно, со крут став и однос. Тоа не значи дека ако пристапот му е идиотски дека не треба да го отерате во три лепе, или дека ако не ви се свиѓа дека мора да му давате броеви или да продолжите со понатамошни договарања. Ама став, понашање и реакции ко да ви рекол за колку се даваш, само заради тоа што дошол рекол здраво и пробал да врзе два реда муабет стално ќе ги одвраќаат машките, да се разбереме. Си имаат и они некое си достоинство и не можат да читаат на гравче дали вие сте излегле вечерта само заради тоа што другарка ви дошла од Австралија, или заради тоа што сте расположени за флерт. Или треба да тече таа комуникација нормално и природно (без разлика каков ќе биде исходот на крај) и ќе прифатите дека кога и да излезете негде ќе бидете ловени без разлика дали сте расположени или не или нема да тече воопшто, како што е работата сега.
Јас мислам дека машките немаат толку страв од одбивање колку што не го сакаат моментот да доколку дојде до одбивање тоа да биде на начин на којшто тие после би се чувствувале како глупи и волови што воопшто помислиле на тоа.