Супстанција на универзумот: Материја или свесност.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Што е свесност? Што е свест?

Дали хемикалии како CH3OH, C2H5OH, C17H21NO4 влијаат врз свесноста?
Па тие се именувани од свесноста, ако ја нема свесноста ќе ги нема и нив кој да ги перцепира такви какви што се.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
А свесноста е...?
Свесноста е свесност не е предмет составен од материја нема бранова должина не зафаќа место во просторот, таа едноставно е.
За да ја опише човек и дава имиња како што е свесност, свест, душа, чи, ки, аура итн.
 
L

Liberation

Гостин
Свесноста е свесност. Од кога тоа за да се објасни еден поим, се употребува истиот за да го објасни тоа што сакаме да го објасниме?

“Психологијата и религијата“ - Карл Густав Јунг
Јунг разликува 4 основни функции на свеста: 2 рационални и 2 ирационални.
Секоја се однесува спротивно на својата двојка. За рационални функции Јунг ги смета мислењето и чувството. И двете се рационални бидејќи и со двете донесуваме судови: со мислењето логични, со чувството квалитативни. Помеѓу мислите и чувствата владее исклучителност, судот може да биде истовремено само логичен или само квалитативен. Мислата е толку појасна колку што чувството е успешно исклучено, и обратно.

Другите 2 функции се ирационални. И двете претставуваат функции на запазување. Тоа се сензибилитет (осет во смисла на перцепција) и интуицијата. Со осетот се перцепираат објетите, конкретни или апстрактни во нивната реалност, какви што се тука и сега. Наспроти тоа, интуицијата претставува сублимирана перцепција со чија помош се откриваат можностите кои се латентно присутни во објектите. Ниту една од овие функции не носи судови. И двете обезбедуваат Материјал врз основа на кој, и со помош на рационалните функции, се донесува суд. Тие, исто така, меѓусебно се исклучуваат, бидејќи истовремено не е можно да се опфати објектот или состојбата во нивната сегашна реалност и во нивната можна промена.
Дали Јунг нешто кажал во смисла како што ти тврдиш дека е свеста, или и он нема врска?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Свесноста е свесност. Од кога тоа за да се објасни еден поим, се употребува истиот за да го објасни тоа што сакаме да го објасниме?

“Психологијата и религијата“ - Карл Густав Јунг


Дали Јунг нешто кажал во смисла како што ти тврдиш дека е свеста, или и он нема врска?
И Фројд и Јунг во Вардар би ги удавил затоа што поим немале од животот. Кај нив само бла бла бла бла бла бла и така е тоа направено конфузно да биде со апстрактни поими ова она вака така нема врска. Намерно да не збунат и да не знаеме кој сме што сме што бараме тука.

Свесен сум дека сум свесен затоа што сум свест, и сум затоа што сум кратко јасно и едноставно.
 
L

Liberation

Гостин
Мх, ок.

А дали има било каква врска меѓу свеста и телесното (физичко) здравје?
Каква свест (свесност) имаат луѓето со ментални болести?

(Очекувам да речеш “менталните болести не постојат“)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Мх, ок.

А дали има било каква врска меѓу свеста и телесното (физичко) здравје?
Каква свест (свесност) имаат луѓето со ментални болести?

(Очекувам да речеш “менталните болести не постојат“)

Се поставува прашањето што е ментална болест и дали таа како болест или поим за болест постоела пред да ја дефинираат лекувачите на таа болест?
Тифусот, лепрата и колерата како болести ги имало со илјадници години наназад има пишани докази за нив, зошто за менталните болести нема пишани докази пример во античкото време? Зошто во последниве 200 години заедно со индустриската револуција се појавуваат тие болести? Зошто луѓето кои што живеат во град се подложни на стрес и болести поврзани со него а на село скоро и да ги нема? Зошто кај индијанците и абориџините ги немало тие ментални болести? Зошто хомосексуалмноста ја нема на село или во помали градови и скоро сите хомосексуалци се градски фаци од големи градови?
Тие што живеат во симбиоза со природата јадат здрава природна храна пијат бистра чиста природна вода од извор не заболуваат од болести кои се предизвикани поради несинхронизираност со природата, затоа што живеат здрав природен живот.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
А свесноста е...?
Кога Понтиј Пилат го прашал Исус која е вистината он ќутел.
Сократ рекол дека појма нема од ништо.
Буда исто така си ќутел за одредени прашања.
Лао Це рекол
THE TAO THAT CAN BE TOLD OF
IS NOT THE ABSOLUTE TAO.
Хахах едноставно неможе да се објасни.
Кога би ме прашал мене јас би рекол огледало.
LIKE THE EMPTY SKY IT HAS NO BOUNDARIES, YET IT IS RIGHT IN THIS PLACE, EVER PROFOUND
AND CLEAR. WHEN YOU SEEK TO KNOW IT, YOU CANNOT SEE IT, YOU CANNOT TAKE HOLD OF IT,
BUT YOU CANNOT LOSE IT. IN NOT BEING ABLE TO GET IT YOU GET IT. WHEN YOU ARE SILENT IT
SPEAKS; WHEN YOU SPEAK, IT IS SILENT. THE GREAT GATE IS WIDE OPEN TO BESTOW ALMS, AND
NO CROWD IS BLOCKING THE WAY.
 
L

Liberation

Гостин
Се поставува прашањето што е ментална болест и дали таа како болест или поим за болест постоела пред да ја дефинираат лекувачите на таа болест?
Тифусот, лепрата и колерата како болести ги имало со илјадници години наназад има пишани докази за нив, зошто за менталните болести нема пишани докази пример во античкото време? Зошто во последниве 200 години заедно со индустриската револуција се појавуваат тие болести? Зошто луѓето кои што живеат во град се подложни на стрес и болести поврзани со него а на село скоро и да ги нема? Зошто кај индијанците и абориџините ги немало тие ментални болести? Зошто хомосексуалмноста ја нема на село или во помали градови и скоро сите хомосексуалци се градски фаци од големи градови?
Тие што живеат во симбиоза со природата јадат здрава природна храна пијат бистра чиста природна вода од извор не заболуваат од болести кои се предизвикани поради несинхронизираност со природата, затоа што живеат здрав природен живот.
1. Јас сум од село.
2. Хипократ зборува за манија и акутен френитис, Аристотел тврдел дека менталните болести се резултат на телесни проблеми, Сократ зборува за маниите и халуцинациите, Питагора самиот велел дека слуша гласови... Сите други ментални заболувања биле нарекувани опседнатост од демони, т.е. од ѓаволот.

Мисли мало пред да тресеш глупости, аман.

--- надополнето ---

И да, ако свеста не зависи од материјата, што има врска каква вода пие некој, каква храна јаде и појма немам што...
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
[/COLOR]И да, ако свеста не зависи од материјата, што има врска каква вода пие некој, каква храна јаде и појма немам што...
Хахаххах абе што има врска свест со личност.
Ти можеш да имаш и повеке лица уствари тоа ти се нарекува мултипл персоналити.
Али имаш (уствари Си ) една свест , без боја мирис пол форма и тн.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Што е свесност? Што е свест?

Дали хемикалии како CH3OH, C2H5OH, C17H21NO4 влијаат врз свесноста?
Свеста е друго име за постоењето!
Хемикалиите имаат влијание на начинот на кој свеста се проектира во индивидуална перспектива или его!

--- надополнето ---

Мх, ок.

А дали има било каква врска меѓу свеста и телесното (физичко) здравје?
Најпозната поврзаност помеѓу свеста и физичкото здравје е пласибо ефектот.

--- надополнето ---

[/COLOR]И да, ако свеста не зависи од материјата, што има врска каква вода пие некој, каква храна јаде и појма немам што...
Мешаш поими! Човекот, како и сите останати свесни суштества се ентитети преку кој универзалната свест се манифестира.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Најпозната поврзаност помеѓу свеста и физичкото здравје е пласибо ефектот.

-
Тоа се одвива индиректно преку умот , или пак срцето.
Свеста е секогаш само едноставна присутност (простор да речеме).
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тоа се одвива индиректно преку умот , или пак срцето.
Свеста е секогаш само едноставна присутност (простор да речеме).
Па...не би рекол дека е простор! Просторот е опсег на влијание кое го има свеста. Без свеста непостои ни просторот ни времето!
Мислам дека подобро одговара терминот "присутност".
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Па...не би рекол дека е простор! Просторот е опсег на влијание кое го има свеста. Без свеста непостои ни просторот ни времето!
Мислам дека подобро одговара терминот "присутност".
Не е битно како ке го наречеме.
Ако некој има такво искуство знае :)
Ако не за џабе е било каква терминологија.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не е битно како ке го наречеме.
Ако некој има такво искуство знае :)
Ако не за џабе е било каква терминологија.
Апсолутно! И цел живот на слепиот да му објаснуваш што значи црвено, е залудно во споредба со една секунда искуство да се види црвеното!:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom