Јунг разликува 4 основни функции на свеста: 2 рационални и 2 ирационални.
Секоја се однесува спротивно на својата двојка. За рационални функции Јунг ги смета мислењето и чувството. И двете се рационални бидејќи и со двете донесуваме судови: со мислењето логични, со чувството квалитативни. Помеѓу мислите и чувствата владее исклучителност, судот може да биде истовремено само логичен или само квалитативен. Мислата е толку појасна колку што чувството е успешно исклучено, и обратно.
Другите 2 функции се ирационални. И двете претставуваат функции на запазување. Тоа се сензибилитет (осет во смисла на перцепција) и интуицијата. Со осетот се перцепираат објетите, конкретни или апстрактни во нивната реалност, какви што се тука и сега. Наспроти тоа, интуицијата претставува сублимирана перцепција со чија помош се откриваат можностите кои се латентно присутни во објектите. Ниту една од овие функции не носи судови. И двете обезбедуваат Материјал врз основа на кој, и со помош на рационалните функции, се донесува суд. Тие, исто така, меѓусебно се исклучуваат, бидејќи истовремено не е можно да се опфати објектот или состојбата во нивната сегашна реалност и во нивната можна промена.