Проценка на ризик на работните места

  • Креатор на темата Креатор на темата TITTANIK
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.390
Поени од реакции
1.996
ФИРМИТЕ СО НОВА ДАВАЧКА
Од 100 до 150 евра за процена на секое работно место
Секоја фирма во Македонија мора да направи процена на ризиците на работните места, а документот ќе треба да содржи мерења на физичките, хемиските и на биолошки штетности во работните простории
47F31288AFA5A04E8AC86363B33A6605.jpg
Секоја фирма во Македонија мора да направи процена на ризиците на работните места. Документот ќе треба да содржи мерења на физичката, хемиската и на биолошката штетнос во работните простории, да се определи заштитна облека и да се предвидат сите можни опасности од машините на кои работат работниците. Истовремено, фирмите треба да им организираат обука на вработените како да работат безбедно и да се заштитат од можните ризици и потенцијални болести кои ги носи работното место.
Ваквите елаборати ќе може да ги подготвуваат 12 фирми кои вчера добија лиценца за работа од Министерството за труд и социјална политика.
"Согласно Законот за безбедност и здравје при работа, субјектите кои денеска добија дозволи за работа, ќе го проценуваат ризикот при вршење на работа во компаниите. Процената ќе се прави по работно место, а не по работник", изјави министерот Бајрами.
Министерот не кажа колку пари ќе треба да дадат фирмите за оваа нова обврска. Но неофицијалните пресметки кажуваат дека цената се движи од 100 до 150 евра за секое работно место.
"Чекавме да се пријават повеќе правни субјекти за да не дојде до тоа, ако се во помал број, да формираат повисоки цени за процена, кои не би можеле да ги издржат компаниите", додаде министерот за труд и социјална политика.
Директорот на Трудовата инспекција Горан Јовановски вели дека казната за неизвршена процена е од 5.000 до 8.000 евра за фирмата и 500 до 1.000 евра за одговорното лице.
Инспекторите ќе прават контрола, но нема веднаш да казнуваат.
"Нема краен рок до кога фирмите ќе треба да го спроведат ова. Ние ќе ги потсетуваме дека тоа е обврска која треба да се исполни. Доколку и по дадените задолженија обврските не се исполнат, ќе бидеме принудени да изрекуваме казни", вели Јовановски. (Р.Ф.)

:tapp::tapp::tapp:
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0CD8B2D411A2344E8662B692DFD13470

Управата за јавни приходи ќе ги остави, со месеци, без денар на трансакциската сметка граѓаните што должат за неплатени казни за прекршоци или судски извршни решенија за спорови во кои победник е државата. Целата плата, пензија или заштеда ќе се префрлаат на сметката на даночниците се' додека не се плати целиот износ што го должите, заедно со камати. Олеснителна околност е што нема да чепка во приходот на сопружникот и на поблиските, туку само на тој што згрешил пред законот.

Ако должникот нема приход и трансакциска сметка, на наплата оди целиот движен и недвижен имот. Преку присилна наплата од имотот УЈП ги остава облеката, обувките, долната облека, постелнината, апарати за домаќинство, кујнски апарати, мебел, кои им се потребни на должникот и на неговото семејство за скромен и пристоен живот. Покрај ова, остануваат уште и прехранбените производи, средствата за огрев и осветлување, но само за четири недели. Покрај други ситници, изземени од присилна наплата се и венчалните прстени, ордени и медали, како и предметите тргнати настрана за погреб.

При присилната наплата, даночните извршители го попишуваат и продаваат целиот имот, но на должникот ќе му остават две третини од платата, максимум до 150 евра.

Незабележан останува уште еден закон...
Во сенка на лоботомијата...

http://forum.kajgana.com/showthread.php?53789-Бугарија-си-најде-втора-Спаска

http://forum.kajgana.com/showthread.php?29999-Цена-за-членстово-во-НАТО-и-ЕУ

http://forum.kajgana.com/showthread.php?53643-Семејство-уби-девојка-зашто-одбила-договорен-брак

:tapp: :tapp: :tapp:
 
Во сенка на лоботомијата кога сме веќе кај неа мислам дека на повеќето од граѓаните им е јасно зошто владата форсираше високо образование(ТВ рекламиии до бесвест) па имаме 96% на факултет???

Одговорот е што на тој начин се КРИЕ НЕВРАБОТЕНОСТА(реална) бидејќи студентите не се рачунаат како невработени:)

Машала преродбенициве иновативни.

--- надополнето ---



А секоја фирма да има лице задолжено за безбедност при работа и да не се удара на економијата баш вака.
 
Во сенка на лоботомијата кога сме веќе кај неа мислам дека на повеќето од граѓаните им е јасно зошто владата форсираше високо образование(ТВ рекламиии до бесвест) па имаме 96% на факултет???

Одговорот е што на тој начин се КРИЕ НЕВРАБОТЕНОСТА(реална) бидејќи студентите не се рачунаат како невработени:)

Машала преродбенициве иновативни.

--- надополнето ---




А секоја фирма да има лице задолжено за безбедност при работа и да не се удара на економијата баш вака.

Истото го искоментирав и јас во темата за невработеноста
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom