Фан Клуб: Јувентус

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013
Топ, загубивме! Конечно и мене некоја желба да ми се исполни за Јуве... а не се ко сакам да победат не бива -.-
 
С

сашенко

Гостин
На 23 рекоа ке се знае кој е новиот тренер така?
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.104
Поени од реакции
359
edno pitanje :) ako tepa inter vs palermo vo kupot dali toa znaci deka i da zavrsime 7-mo pak ke igrave vo evropa ???
 
JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
edno pitanje :) ako tepa inter vs palermo vo kupot dali toa znaci deka i da zavrsime 7-mo pak ke igrave vo evropa ???
И да тепа Интер,пак нема да играме во ЛЕ.Интер има обезбедено пласман во ЛШ и автоматски местото во ЛЕ што се добива од Купот иде кај другиот финалист,во случајов Палермо.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
И да тепа Интер,пак нема да играме во ЛЕ.Интер има обезбедено пласман во ЛШ и автоматски местото во ЛЕ што се добива од Купот иде кај другиот финалист,во случајов Палермо.
Мечот во купот прави мислам само 1 разлика за Палермо. Мислам дека зависи од исходот во која фаза Палермо ќе се вклучат во ЛЕ.
Теоретски и Јувентус можи да излези во ЛЕ, ама исклучиво преку лигата. То е победа на Јувентус против Наполи и се освен победа на Рома со Сампдорија. Исто така и Палермо е на -1 на табелата шо значи можи и 8ми да завршиме.
Искрено НЕ САКАМ да се пласираме во ЛЕ, поради истите причини кои ги наведов и лани: НЕВРЕДЕН КУП, ЏАБЕ ТРОШЕЊЕ ВРЕМЕ И НЕРВИ.
 
commandante

diablo blue
Член од
16 мај 2008
Мислења
393
Поени од реакции
72
Траги-комична ситуација! Сеуште имаме шанси за Лига Европа. Незнам како да ја толкувам таа Лига Европа. Во финале играат Порто, кој моментално го имаат најдобриот млад тренер и кој успева со просечна екипа да направи чудо, а од друга страна во финале игра Брага, четвртиот тим во португалската лига. И Лига Европа ми личи на нашава сегашна ситуација, траги-комична :)

За денешниот натпревар нема потреба да се коментира.
 
С

сашенко

Гостин
Не играме во европа не се нервирајте џабе.Подобро е вака, за памет ке ни биде ова.Овие неколку години по ред мислам дека сите од клубот научија како НЕ ТРЕБА и сега останува само на подобро да појдат работите.Ако се спремни да ги фрлат тие пари за кои се зборува и тоа оддеднаш а не отплати на рати тогаш работите тогаш добро ке биде.Ама тоа е проблемот дали ке ги дадат тие пари...

--- надополнето ---

А тој тренерот на Порто не би било лошо да им го киднапираме
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238

Многу тешко ќе игра во ЛШ до година си го знае тимот овде додека среди ситуација ќе се откаже плус едно 10 м сигурно кошта у старт!
 
Член од
29 август 2009
Мислења
291
Поени од реакции
405
На што дроги е овој Дел Нери.И да не е вљубен во оној Мота.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Ајде доста плукаме само по ДелНери малку офтопик:

Да, не се покажа кај нас како шо треба така да нема да го бранам ама еве што тренер како ДелНери значи за тим од реално горна половина на Серија А
Лани 4ти (ахх колку високо звучи) годинава 18ти. (Доменико Ди Карло не го сметав за толку крш тренер, нема ниту Пазини и Касано да ги гледам како најважна причина за испаѓањето оти во Сампдорија претседателот успеа во 1 сезона да го уништи она шо му го изгради Марота)
Немањето на тренер кој знај да воспостави ред прај вакви слики:
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Траги-комична ситуација! Сеуште имаме шанси за Лига Европа. Незнам како да ја толкувам таа Лига Европа. Во финале играат Порто, кој моментално го имаат најдобриот млад тренер и кој успева со просечна екипа да направи чудо, а од друга страна во финале игра Брага, четвртиот тим во португалската лига. И Лига Европа ми личи на нашава сегашна ситуација, траги-комична :)

За денешниот натпревар нема потреба да се коментира.
значи не било СЕ до квалитетот - требало и ЛАВОВИ да имаш во тимот
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610
сезонава сигурно му е разочарување од однесувањето на неговиот бивши клуб кон него и набркувањето од него,инаку да потсетам дека токму Диего беше еден од фудбалерите кој заслужуваше преодна оцена лани барем според желбата да стори нешто во тим со инвалиди

не сум фан на играчот,но трагично е кога некој проба да креира нов тим и исфрла од него квалитет
Се сложувам дека Диего беше еден од подобрите играчи минатата сезона во Јуве, и сигурно заслужуваше да остане повеќе од Амаури,Гросо и Григера.Но, Диего е професионален фудбалер,и не смееше да си дозволи преминувањето од Јуве во Волфсбург да му се одрази негативно врз кариерата, туку напротив, ако беше шампион, за него тоа требаше да биде дополнителна мотивација и со својата игра да им докаже на челниците на Јуве дека неговото продавање беше грешен потег.

Џио лани беше во немилост на Ферара,ниту новата управа немаше слух за малиот па го пушти на калење во друг клуб,една од неколкуте грешки ма колку и да е добар чичко Марота........има уште долго за да се среди ситуацијата во клубот
И Амаури има дадено 8 гола за Парма во 11 настапи, а во Јуве беше најнеспособниот играч првата полусезона. Ако Џовинко беше толку голем талент, за него ќе се бореа екипи од рангот на Јунајтед и Реал, а не екипи како Парма, Бари и Бреша. Двата одлични настапи на Џовинко против Јуве оваа сезона не значи дека се работи за огромен и незаменлив играч. Во Парма цела сезона има постигнато само 6 гола а е стандарден првотимец.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Се сложувам дека Диего беше еден од подобрите играчи минатата сезона во Јуве, и сигурно заслужуваше да остане повеќе од Амаури,Гросо и Григера.Но, Диего е професионален фудбалер,и не смееше да си дозволи преминувањето од Јуве во Волфсбург да му се одрази негативно врз кариерата, туку напротив, ако беше шампион, за него тоа требаше да биде дополнителна мотивација и со својата игра да им докаже на челниците на Јуве дека неговото продавање беше грешен потег.

И Амаури има дадено 8 гола за Парма, а во Јуве беше најнеспособниот играч првата полусезона. Ако Џовинко беше толку голем талент, за него ќе се бореа екипи од рангот на Јунајтед и Реал, а не екипи како Парма, Бари и Бреша. Двата одлични настапи на Џовинко против Јуве оваа сезона не значи дека се работи за огромен и незаменлив играч. Во Парма цела сезона има постигнато само 6 гола а е стандарден првотимец.
Диего е завршена приказна за Јувентус,иако бев и сеуште сум сигурен дека ќе беше подобро да останеше и како што напоменав на почетокот на сезоната можеби само Диего ќе ја направи разликата дали тимот ќе игра во ЛШ или ЛЕ

истото важи и за Џио кој сигурно ќе беше помотивиран да игра за својот омилен клуб за кој сонувал да игра од мал отколку твоите наброени + Мартинез

овие два играчи со правилно искористување сигурно ќе ја направеа разликата во пласманот на Јувентус годинава,се разбира ако Дел Нери ги искористеше во право време

сезоната за Јувентус заврши сега останува да ги видиме најавите за милионите дали ќе бидат вложени (ако навистина ги има) и во Марота кој иако имаше грешки сепак добива преодна оцена за наредниот трансфер маркет

интересно голче на Џио - школски би рекол http://http://www.youtube.com/watch?v=64scEnYKn24&feature=player_embedded
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Диего е завршена приказна за Јувентус,иако бев и сеуште сум сигурен дека ќе беше подобро да останеше и како што напоменав на почетокот на сезоната можеби само Диего ќе ја направи разликата дали тимот ќе игра во ЛШ или ЛЕ

истото важи и за Џио кој сигурно ќе беше помотивиран да игра за својот омилен клуб за кој сонувал да игра од мал отколку твоите наброени + Мартинез

овие два играчи со правилно искористување сигурно ќе ја направеа разликата во пласманот на Јувентус годинава,се разбира ако Дел Нери ги искористеше во право време

сезоната за Јувентус заврши сега останува да ги видиме најавите за милионите дали ќе бидат вложени (ако навистина ги има) и во Марота кој иако имаше грешки сепак добива преодна оцена за наредниот трансфер маркет

КОГА СМЕ КАЈ ПРЕОДНИОТ РОК ИМА ЕДНА ЕПТЕН ВАЖНА РАБОТА

ДЕНЕС ИСТЕКВА ОПЦИЈАТА ЗА ОТКУП НА АКВИЛАНИ , НЕШТО ИНФО??
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
КОГА СМЕ КАЈ ПРЕОДНИОТ РОК ИМА ЕДНА ЕПТЕН ВАЖНА РАБОТА

ДЕНЕС ИСТЕКВА ОПЦИЈАТА ЗА ОТКУП НА АКВИЛАНИ , НЕШТО ИНФО??
го немам тефтерот на Марота да знам како ќе заврши случајов :toe: има опција да се донеси Пирло кој ќе бара солидна плата,економски поисплатливо е ангажирањето на Пирло - нема обештетување туку нешто повисока плата,за Акви треба околу 16 милиони евра обештетување. мислам дека подобро за тимот ако се бира меѓу двата е Пирло кој е далеку подобар организатор од Акви.....ако е во можност да заиграат двата заедно немам ништо против
 
Kajgana Shop

На врв Bottom