Радио-дифузната такса ќе ја собира УЈП

  • Креатор на темата Креатор на темата The_LiGhT'
  • Време на започнување Време на започнување
Да им плаќам да ме трујат со ,,проектите на владата,, Оф мори мајко, шо имам згрешено
Грешиш, тука мораш да плаќаш, а не мора да гледаш... ем не си должен на државата, ем не си лоботомиран од државата. Се друго ти е непотребно замарање за веќе измислено нешто. Биди мудар и зафркни ги другите, плати нив да ги лоботомираат. Која и да биде влада ќе си лае, како што сега овие што не се влада ржат, така утре кога ќе бидат влада исто така ќе лаат, а овие пак што сега се влада ќе ржат и се така. А такса секогаш ќе има, вака или онака сведоци сме дека никој нема да се откаже од неа, а не гледам ни причина зошто би се откажал.
 
Државна телевизија едноставно МОРА да има.
Едноставен пример. Олимпијада (било каква летна или зимска) може да се пренесува исклучиво на ДРЖАВНА национална телевизија.
Членка на Eurovision и слични групации може да биде само државна ТВ итн. итн.

Начинот на финансирање на тие ТВ е различно решен во секоја држава.
Нашиве парламентарци изгласаа таа да се финансира преку радиодифузна такса, која ја собира советот за радиодифузија па потоа соодветно ја дели нели на: државната национална ТВ (најголем процент) но и одреден процент на приватните национални телевизии и радија.
Од овие пари (ако се соберат :) нели) треба да се финансираат и се финансираа проекти (документарци и сл.) од државен интерес.

Со парите од радиодифузната такса се овозможуваше бесплатното гледање (преку аналогна антена) на националните ТВ во цела држава (приближно) и на локалните ТВ по градовите одделно.
Кабелските оператори НЕ наплаќаат (и несмеат) за реемитување на овие ТВ и радија. Кабелска плаќаш за да гледаш странски програми кои мора да се реемитуваат со договор и по можност со превод, синхронизиран или титл.

Сето ова е во ред и да речеме е прифатлива таа сума од 130 ден. месечно, се додека се емитува аналоген сигнал и може да се гледаат бесплатно државната но и приватните национални ТВ (А1, Канал 5, Сител, Телма, Алсат-М...) како и поединечно по градовите локалните ТВ.
Јас ја платив (на двапати) радиодифузната такса за цела година најнормално во пошта на уплатници и немаше никакви провизии. :toe:
Тие што не сакаат да платат треба да си најдат друг изговор од „Јас не гледам МТВ и не плаќам“. Ни јас не ја гледам ама мора да постои и некако да се финансира.

Мене ми се јави проблем кога слушнав дека ќе се исклучува аналогниот сигнал и ќе функционира само дигиталниот моментално емитуван единствено од БУМ-Тв.
Преку БУМ-Тв е достапен бесплатно само сигналот за државната ТВ: МТВ 1; МТВ 2; МТВ 3 - собранискиот и МТВ-САТ.
Според мене со плаќањето на радиодифузната такса мене ми следуваат “бесплатно“ од БУМ-Тв и другите национални ТВ како и некои локални ТВ кои емитуваат програма финансирана од советот за радиодифузија означени како програми од национален (државен) интерес.
Со ваквата одлука се фаворизира како прво БУМ-Тв а како второ се ускратуваат правата на гледачите за следење на фри ТВ.

Многу елегантно решение според мене ќе беше ако МТВ се направеше кабелска (од типот на БУМ-Тв) со дигитално емитување. За парите од радиодифузната такса ќе имаш пакет “бесплатни“ ТВ, а за се друго што сакаш да гледаш ќе си доплатиш. :toe:

ПС. Уште еднаш. Неморате да гледате МТВ ама треба да се плати таксава. :smir:
 
Мој модел за решавање на проблемот со МРТВ.

1.МРТВ се продава на најдобриот понудувач т.е. за најмногу пари што може. Купувачот нема некави обврски кон никого освен кон побарувачите кон кој има МТВ долг. Т.е. може да прави што сака со имотот дејноста и вработените.
2. Радио-Дифузната такса се укинува.
3. Програми од јавен интерес е финансираат директно од Буџетото т.е. од даноци.
4. Програми од јавен интерес се доделуваат на приватни телевизии со најдобра понуда од страна на советот за радиодифузија т.е.
-Квалитет на Продукција
-Покриеност на Пазарот-Гледаност
-Покриеност на Територијата
-Цена на Услугата

Проблем решен...
Ова е варијација на Американскиот Неолиберален Модел. Мининална Интервенции во слободниот Пазар на Медиумски Услуги т.е. Саморегулација.
 
Такса за телевизија како што гледам во некои европски држави не се плаќа -Естонија, Кипар, Унгарија, Лихтенштајн, Луксембург, Холандија, Литванија, Монако, Португалија, Шпанија. Парите се земаат од другите даноци во буџетот.
Можеме некогаш да се угледаме на тие држави па и кај нас да црпат од буџет, а не директно од граѓаните...еве вака
RTVE, the public broadcaster, is funded by government grants and commercial advertising, there is no fee.
башка со ова го доиме и советот за радиодифузија т.е. нивните домашни приходи. Не знам дали се тие орган одговорен за квалитетот на емитувањето и договорите на кабелските. Ако се...тогаш немаат нешто многу сработено. Ако не се, за кое онакво ги плаќаме?
1500 денари годишно, не се воопшто малку.
 
Такса за телевизија како што гледам во некои европски држави не се плаќа -Естонија, Кипар, Унгарија, Лихтенштајн, Луксембург, Холандија, Литванија, Монако, Португалија, Шпанија. Парите се земаат од другите даноци во буџетот.
Можеме некогаш да се угледаме на тие држави па и кај нас да црпат од буџет, а не директно од граѓаните...еве вака
башка со ова го доиме и советот за радиодифузија т.е. нивните домашни приходи. Не знам дали се тие орган одговорен за квалитетот на емитувањето и договорите на кабелските. Ако се...тогаш немаат нешто многу сработено. Ако не се, за кое онакво ги плаќаме?
1500 денари годишно, не се воопшто малку.

Јас реков дека државна телевизија мора да постои а како ќе се финасира тоа друго прашање.
Пратенициве што сме ги изгласале одлучиле да ни наплаќаат такса јебига. Да се финасира од буџет и тоа се “наши“ пари и пак некој ќе се буни. :toe:
А за советот за радиодифузија може треба да се отвори посебна тема. Колу само работи ги имаат погрешно направено или пак ги немаат направено.

Прво одлучија да делат концесии по територии на кабелските оператори.
Секоја кабелска си имаше реон каде треба во рок од шест месеци до година да ги покрие сите што сакаат да се приклучат.
Јас чекав 4 години да ми пуштат кабел и на крај не дочекав и си ставив Макс ТВ.
Ако сакаш да се претплатиш кај некој одреден оператор треба и да ти се погоди местото на живеење. Сакаш некој пакет од кабел-тел да земеш (добри се) ама таму кај што живееш концесија има телекабел и го јадеш. Или обрато не е битно.
Зошто некој од кабелските оператори би се замарал нешто посебно околу подобрување на квалитет или услуга кога тие корисници отприлика му се загарантирани.

Сега со дигиталното емитување го фаворизираат БУМ-Тв. Доделија концесија со многу поволности и со многу мали шанси да се јави некој друг што би аплицирал за втора концесија кога од старт се фаворизира конкуренцијата. Казнија некои оператори демек за нелегално реемитување ама пак си реемитува кој што сака. Дозволуваат “монопол“ на реемитување. Само БУМ-Тв реемитува една ТВ а никој друг оператор нема право да ја реемитува.
Висината на таксата дали е висока или не незнам, ама дека треба тие од совет за радиодифузија повеќе да работат е факт.

@ Stefus-Refus

Да речеме дека решението за МТВ ти е ОК. Ја укинуваме и не постои.
Објасни ми како ќе натераш приватна комерцијална ТВ, да сними (да троши пари за: луѓе, камери, касети...) некој некомерцијален настан а да речеме битен за државата.
Дали знаеш на пример дека нема снимка од прогласувањето на независноста на Македонија.
Сочувана е само онаа снимка од една минута ли колку е кога Киро ги крева рацете, и толку.
Во државниот архив собираа приватни ВХС снимки, од луѓе по дома што си снимале на видео, да присоберат некој материјал од некои 30-40 мин. до саат време за еден толку битен настан.
Приватните ТВ може да отидат на снимаат прилог од неколку минути за во вести и толку. Немаат обврска нит да го снимат цел настан нит да ги чуваат после снимените материјали.
Државната ТВ ја има обврската да ги изработува некомерцијалните програми и емисии а кои се од државен јавен интерес. Тоа што е целосно паднат квалитетот на продукцијата во МТВ пред се поради недостаток на квалитетен кадар (сите добри си отидоа приватно) е друго прашање. Мислам дека со добра реорганизација (намалување на џаболебарите) и со редовен сигурен прилив на средста во МТВ би можеле да се подобрат работите.
 
Нека ги купат РТЛ, и после ќе гледаме :Р
Или нека им ја подарат на РТЛ и така во загуби е. Боље ќе ја средат, иначе никој не би ја купил со техника од 80ти, таму треба инвестирање од почеток, незнам кај одат овие миљони од годиниве наназад од владата шо ги помагаше со буџетски пари, дали на плати се тоа...
 
@ Stefus-Refus

Да речеме дека решението за МТВ ти е ОК. Ја укинуваме и не постои.
Објасни ми како ќе натераш приватна комерцијална ТВ, да сними (да троши пари за: луѓе, камери, касети...) некој некомерцијален настан а да речеме битен за државата.
Дали знаеш на пример дека нема снимка од прогласувањето на независноста на Македонија.
Сочувана е само онаа снимка од една минута ли колку е кога Киро ги крева рацете, и толку.
Во државниот архив собираа приватни ВХС снимки, од луѓе по дома што си снимале на видео, да присоберат некој материјал од некои 30-40 мин. до саат време за еден толку битен настан.
Приватните ТВ може да отидат на снимаат прилог од неколку минути за во вести и толку. Немаат обврска нит да го снимат цел настан нит да ги чуваат после снимените материјали.
Државната ТВ ја има обврската да ги изработува некомерцијалните програми и емисии а кои се од државен јавен интерес. Тоа што е целосно паднат квалитетот на продукцијата во МТВ пред се поради недостаток на квалитетен кадар (сите добри си отидоа приватно) е друго прашање. Мислам дека со добра реорганизација (намалување на џаболебарите) и со редовен сигурен прилив на средста во МТВ би можеле да се подобрат работите.
Те молам дочитај Концеси од Совет за Радиодифузија за Програми од јавен интерес финансирани директно од буџетот т.е. Даноци.

МРТВ неможе да се реорганизира дури и да може државата несмее и нетреба да се занимава со медумска продукција треба тоа да им го остави на професионалците од приватниот сектор.
Мизерната МРТВ го намалува квалитето на медиумите во целина во државата бидејќи имаат еден неконкурентен субјект повеќе. Ако се отпуштат луѓето од МРТВ ќе се намали цената на трудот на медиумите што ќе го поефтини произодствот на програма а со тоа ќе го и подобри квалитет и отвори можност и за инвестирање од странство во ефтиниот Медиумски пазар во МК.
Во МК не ни треба уште една патетична државна креатура од организација преполна со партиски имбицили кој работат на принциот НИШАЈ ВРАТА ЗЕМАЈ ПЛАТА.

Во МК ниедна влада неуспеа да ја `спаси` МРТВ а, имаа време 20 години да го сторат тоа. Кога пациенот неможе да се спаси се прави тогаш еутаназија.
 
Програми проекти од јавен интерес секако дека се финансираат и ќе се финасираат и во иднина се надевам. Работата ито така се надевам ќе си добива продуцентот (куќата) со најдобра понуда.
Државната телевизија треба да си има секојдневна програма која има слаб или никаков комерцијален каратер а е општо потребана. Емисии за образование, култура, историја...
Еве бушава азбука на пример би ја спомнал исто и старите македонски приказни. (новиве ми се ужас)
Не реков јас дека е супер МТВ. Има таму многу работи за средување само според мене е неопходно да постои. :smir:

А за ова последново. Еутаназија не е дозволена во Македонија. Дали и како некој ќе го излекува “пациентот“ МТВ ќе видиме.
До тогаш ќе плаќаме такса, ќе пцуеме по советот а ќе гледаме ХРТ 1, РТ-Словенија, РТ-Србија или па што е уште пострашно ќе “плачеме“ зошто ни ги укинаа ОБН, Нова или Пинк. :uvo:
 
Да не се лажеме пред 20 години кога немаше никаква конкуренција МРТВ беше катастрофа а имаше подобра пограма и персонал од сега. Во време на Кабловска ТВ, Огромен број на успешни приватни МК ТВ, Интернет итн постоењето на МРТВ е апсурд.
Ние дома немаме Телевизор веќе 4-5 години и се информитме исклучиво од Интернет и гледаме само Торренти и многу ретко само за спорт одам во кафичи/кладилници и супер ми е. Од мој аспект МРТВ е смешна инстируција од некои одамна минати времиња. Немам ТВ и не ми треба се разбира целсно сум против ТВ такса и постоењето на МРТВ. Зошто да плаќам за нешто од што нема никаква корист :tapp:
 
Државна телевизија едноставно МОРА да има.
Едноставен пример. Олимпијада (било каква летна или зимска) може да се пренесува исклучиво на ДРЖАВНА национална телевизија.
Членка на Eurovision и слични групации може да биде само државна ТВ итн. итн.

Сигурен си дека олимпијада мора да има на национална ТВ, или пак Евровизија?

Мој модел за решавање на проблемот со МРТВ.

1.МРТВ се продава на најдобриот понудувач т.е. за најмногу пари што може. Купувачот нема некави обврски кон никого освен кон побарувачите кон кој има МТВ долг. Т.е. може да прави што сака со имотот дејноста и вработените.
2. Радио-Дифузната такса се укинува.
3. Програми од јавен интерес е финансираат директно од Буџетото т.е. од даноци.
4. Програми од јавен интерес се доделуваат на приватни телевизии со најдобра понуда од страна на советот за радиодифузија т.е.
-Квалитет на Продукција
-Покриеност на Пазарот-Гледаност
-Покриеност на Територијата
-Цена на Услугата

.

Се укинува такса па после се плаќа од даноци за програми од јавен интерес, што е разликата? Мислам дека ова тешко би функионирало. Еве да предпоставиме ја продадат МРТВ, и се плаќа на А1 на пример за програми од јавен интерес. НЕ гледам разлика, освен што повеќе ни А! нема никој да гледа.
 
Сигурен си дека олимпијада мора да има на национална ТВ, или пак Евровизија?

Тоа не е никаква причина за да постоии МТВ.

Национална телевизија во нашава држава не ни треба и тоа треба да го укинеме, затоа што е страмота да постои ваква каква што е.

И ако имаат и 10 пати повеќе пари пак ќе бидат исти, ако не и помизерни.

Се виде овие години на независност колку може да биде независна, затоа да не се брукаме повеќе и дома и пред светот, да се продаде што може да се продаде и да бараме чаре за работие кои мора да постојат, како архива, предаватели и др.
 
Па нормално дека Национална Тв не е потреба само за олимпијада или Евровизија, само горе некој напиша дека морало да одат на национална телевизија, па прашав дали е тоа сигурно, зошто некако без врска ми е тоа.
Друга работа е дали треба да има национална Тв, со тоа дали може да биде независна и како ќе биде менаџирана. Додека ги гледам истите пензионери во МТВ, кои не се во тек со времето, додека се уште има емисии во кои ќе се јави некој од Австралија и поздравува се што знае , МТВ нема да оди напред. Треба да се постават цели, ако не се реализираат, сите одговорни ајде во завод, па да видиме дали нема да има квалитетна програма. Ама на сите к.. им чуе како за се друго.
 
Програми проекти од јавен интерес секако дека се финансираат и ќе се финасираат и во иднина се надевам. Работата ито така се надевам ќе си добива продуцентот (куќата) со најдобра понуда.
Државната телевизија треба да си има секојдневна програма која има слаб или никаков комерцијален каратер а е општо потребана. Емисии за образование, култура, историја...
Еве бушава азбука на пример би ја спомнал исто и старите македонски приказни. (новиве ми се ужас)
Не реков јас дека е супер МТВ. Има таму многу работи за средување само според мене е неопходно да постои. :smir:
Вони, самиот болда кажува нешто -новите се ужас -или не се вложува или проектите се даваат на неквалитетни луѓе.
Сега ме интересира друго -дали ние треба да плаќаме токму за оваа тв програма?
Вака точно стои на нивнот сајт за првиот канал
http://www.mrt.com.mk//index.php?option=com_content&task=section&id=21&Itemid=95
ТВ Програма
Тв програма

Прв канал
Оваа категорија моментално е празна
Денеска сме четврток, да ѕирнеме во вториот канал, да побараме образование, култура, историја...би додал и биологија, географија и физика...како многу битни емисии кои децата треба да ги видат (како на пример опстанок, Лајф, астрономија, физички експерименти)

ЧЕТВРТОК 07.00 ВО СЕДУМ-УТРИНСКА ПРОГРАМА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
09.00 ВЕСТИ НА СЛОБОДНА ЕВРОПА
09.15 ЕМИСИЈА ЗА ДЕЦА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
09.45 ЧЕЛИЧНИОТ НОС-ЦРТАН ФИЛМ
10.05 ЗЛАТНИ ГОДИНИ-СЕРИСКИ ФИЛМ
10.50 ЕЛБАСАН-ДОКУМЕНТАРНА ЕМИСИЈА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
12.00 ВЕСТИ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
12.20 ТВИН ПИКС-СЕРИСКИ ФИЛМ
13.05 ПАНОПТИКУМ-ЕМИСИЈА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
13.50 ВО СЕДУМ-УТРИНСКА ПРОГРАМА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК-Р
14.30 ПРОГРАМА НА ВЛАШКИ, СРПСКИ И ТУРСКИ ЈАЗИК
14.30 БИЈАНДИПЕ- ЕМИСИЈА НА РОМСКИ ЈАЗИК
15.00 СЕХАРА-МУЗИКА НА БОСАНСКИ ЈАЗИК(
15.30 ВЕСТИ НА ТУРСКИ ЈАЗИК
15.35 НОБ-ДОКУМЕНТАРНА ЕМИСИЈА НА ТУРСКИ ЈАЗИК
16.05 НЕОБИЧНИ ЛУЃЕ-ДОКУМ.НА ТУРСКИ ЈАЗИК
16.30 ЕТИКА И МОРАЛ-ЕМИСИЈА НА ТУРСКИ ЈАЗИК (Р)
17.20 ЗАБАВНА МУЗИКА НА ТУРСКИ ЈАЗИК

17.30 ДНЕВНИК НА ТУРСКИ ЈАЗИК
17.55 ЗАБАВНА МУЗИКА НА ТУРСКИ ЈАЗИК
18.00 ДЕТСКА ЕМИСИЈА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
18.30 ВЕСТИ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
19.15 ЗЛАТНИ ГОДНИ-СЕРИСКИ ФИЛМ
20.00 ТЕЛЕВИЗИСКА ДЕБАТА-ПРОГРАМА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
20.45 ДУХОВНИ ПЕСНИ -ПРОГРАМА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
21.20 ЕУРЕКА-СТРАНСКА ДОКУМЕНТАРНА ПРОГРАМА

21.40 ТВИН ПИКС-СЕРИСКИ ФИЛМ
22.30 ВЕСТИ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
23.00 ДОКУМЕНТАРНА ЕМИСИЈА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК

23.45 ЗАБАВНА МУЗИКА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Ова е вториот канал, образование или интерес за моето семејство во оваа програма не постои.
Во овој случај за што да плаќаме...за емисија за иселениците, гласот на народот и слични емисии? Можеби и ќе дадат една емисија чат пат на ден-два (но кога немам програма ниту знам кога што се прикажува).

Btw, нема ниту телетекст (кој во одредени случаи е доста добар сервис).

Инаку, парите кои би се прибирале (претпоставувам дека заради УЈП и каматите од 0.05% дневно, наплатата ќе достигне максимум) се доста големи пари. Од 500 илјади домаќинства месечно се инкасираат 1 милион евра
72% за трошоци за МРТ, тоа се 720 илјади евра
16% со 3.5% (ова беше нејасно) за мрежа 160 и 35 илјади
4% за Советот за радиодифузија 40 илјади евра месечно, убави пари :)

3% за УЈП 30 илјади месечно + провизиите од банки, пошти-места на уплата :)

Извор
УЈП ќе собира радиодифузна такса

Пак врти сучи излегува средства за полнење на буџетот
 
шо не стаат броило? Колку глеаш мтв, толку да плаќаш

:pos2: сполајти, ме изнасмеа на макава..
факат е дека националната телевизија се користи само во НАЦИоналистички цели- фалење на владата што направиле, колку се лоши другите, колку треба да се сака државата ( потсеќа на Гебелс по малце нели). И плус, затоа ке мора ние да плаќаме..ехх, ептен врие ситацијава.. А ние, си седиме и го вртиме гзот..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom