Кинез заспал додека се самоубивал

  • Креатор на темата Креатор на темата Human
  • Време на започнување Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.738
Поени од реакции
5.458
Еден триесетгодишен Кинез, кој се спремал да си го одзеде животот скокајќи од мост, не успеал во својата намера бидејќи заспал, јави АФП, пренесува Нетпрес.

Јанг Џун сакал да се самоубие по долга депресија во која бил поради развод. Одлучил тоа да го стори скокајќи од највисокиот мост во својот град Гуанџу. Мостот бил висок 50 метри.

За да ја осигура својата смрт, пред да скокне тој испил десетина таблети за спиење, кои сепак на крајот му го спасиле животот, бидејќи паднал во длабок сон додека преговарал со полицајците, кои се обидувале да го разубедат да не скока од мостот.

Извор

:pos2:
 
бидејќи паднал во длабок сон додека преговарал со полицајците, кои се обидувале да го разубедат да не скока од мостот.

Што ќе се случи, ако после сонот не успеат да го разубедат?
 
Глуп е, не е паметен, денеска постојат толку современи и инвентивни начини на самоубиство, тој нашол да пие таблети за спиење..:pos2:
 
и да се самоубиел, шо за еден кинез :toe:
 
Ај ова и така и така, човекот сакал да си се обезбеди (ова е нешто како двојна негација еднакво на потврдување :) ), ама банкарката што успеала да го убеди ограбувачот да побара кредит?! (клик) :pos:
 
Ај ова и така и така, човекот сакал да си се обезбеди (ова е нешто како двојна негација еднакво на потврдување :) ), ама банкарката што успеала да го убеди ограбувачот да побара кредит?! (клик) :pos:

И? Што биде, дадеа ли му кредит на чоекот? :pos:
 
Тоа со кредитот можда банкарката била јака па паднал под влијание, ама Кинезов ЗМАЈ!!!
Колку само човек треба да се прецени за да рипне од 50 метри и да остане жив?
Изгледа му било прв пат:pos2:
 
И? Што биде, дадеа ли му кредит на чоекот? :pos:

„Таа дури му дала и формулари што тој ги пополнувал до моментот кога полицијата дошла (по повикот од банката) и го уапсила. Марк Смит е обвинет за обид за грабеж, криминални закани и лажно пријавување бомба. Во негов посед не била пронајдена бомба, ниту какво било друго оружје и никој не бил повреден.“

Кутриот човек, ем без пари, ем без кредит, ем во затвор :tv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom